Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

ЕУ отвора фронт против имигрантите

Брисел - Во Грција ќе бидат испратени европски екипи за брза гранична интервенција, со цел да и' помогнат на земјата во јакнење на контролата на копнената граница со Турција, соопшти Европската комисија. Таквата акција е по барање на Грција кон европската агенција Фронтекс, која ги координира активностите во Европската унија во областа на граничната контрола на надворешните граници на Унијата.

Првото испраќање европски екипи за брза гранична интервенција по нивното формирање во 2007 година се наметнува поради бранот илегални имигранти во Грција, особено во 12,5 километарската гранична линија во близина на грчкиот град Орестиада, нагласува ЕК.

Овие екипи се активираат кога земја-членка на ЕУ се соочува со итна и вонредна состојба во делови од надворешните граници, предизвикани од обидите на голем број граѓани од трети држави да влезат илегално на нејзината територија. Според ЕК, екипите што ќе бидат испратени во Грција ќе се потчинуваат на грчките власти и ќе останат во земјата за определено време.

Ситуацијата по копнената граница на Грција со Турција предизвикува се' поголема загриженост. Бројот на лицата што ја преминуваат границата илегално достигна алармантни димензии и, очигледно, Грција не е во состојба да се справи сама со проблемот.

„Го следев развојот на настаните многу внимателно и бев во близок контакт со грчките власти и со Фронтекс. Вчера бев известена за барањето на грчката Влада да биде укажана помош од екипите за брза гранична интервенција. Веднаш е активиран механизмот за соработка со Фронтекс и сега Грција ќе ја искористи европската солидарност во управувањето со надворешните граници на унијата“, изјави еврокомесарот Сесилија Малмстром, која е одговорна за внатрешни работи.


#
Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Карзаи призна дека зел пари од Иран
Обама и во Словенија
Марихуаната легална во Германија?
Свеската на Тони Блер премина во ислам
Не е п��ашање дали Обама ќе изгуби, туку колку
Моторцикл-бомба уби пет лица
Страв од ерупција на Моунт Мерапи
Колерата уби 250 лица
Европската десница бара референдум за прием на Турција






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU