Моторцикл-бомба уби пет лица
ПАК ПАТАН - Бомба поставена на моторцикл експлодира пред портата на познато суфиско светилиште во централниот дел на Пакистан за време на вчерашните утрински молитви при што загинаа најмалку пет лица, изјавија официјални претставници. Експлозијата во светилиштето Фарид Шакар Ганџ во провинцијата Пунџаб е најнова во серијата напади кои за своја цел ги имаат светилиштата на суфите во Пакистан. (АП) |