Не е прашање дали Обама ќе изгуби, туку колку
Демократите се обидуваат да преживеат во токсична политичка средина за партијата на власт
ВАШИНГТОН - Прашањето во Вашингтон денес не е дали 2 ноември ќе биде тежок за демократите што го контролираат Конгресот, туку колку тој ќе биде тежок. Се' повеќе изгледа дека одговорот зависи од тоа кој дом во Конгресот го следите. Непартиски аналитичари сега проценуваат дека во Претставничкиот дом се загрозени повеќе од 90 места на демократите, додека од републиканска страна се проценува оти само девет места се загрозени. Како резултат на тоа повеќето водечки прогнозери велат дека е голема веројатноста оти републиканците ќе ги освојат 39-те места во Претставничкиот дом што им се потребни за да ја имаат контролата. Меѓутоа, во Сенатот битката се стесни на неколкумина во Невада, Пенсилванија, Илиноис и во Колорадо, а многу е веројатно дека сите ќе останат до самиот крај. Ќе биде потребно речиси сите од нив да бидат поразени, неверојатно, но, сепак, можно републиканците да ги обезбедат десетте места што им се потребни за да ја добијат контролата во домот. Во овој момент можно е демократите да загубат само три или четири места и тоа ќе го сметаат како добровечер, ако се одржи овој тренд, ако републиканците го освојат Претставничкиот дом без притоа да ја преземат контролата врз Сенатот. Но, тоа би претставувало историска аномалија: од 1930 година контролата врз Претставничкиот дом не се губела без притоа тоа да се случи и со Сенатот.
Двајца официјални претставници на националните партии, претседателот на Републиканскиот национален комитет, Мајкл Стил, и претседателот на Демократскиот национален комитет, Тимоти Кејн, дадоа многу различни прогнози во неделата за тоа што би се случило на денот на изборите. Стил за Ен-Би-Си изјави дека новиот републикански бран ќе ја преземе контролата врз двата дома, како и врз државните законодавни тела во широката осуда на политиките на претседателот Обама и на демократите.
Гласачите се уморни од фактот дека федералните власти не ги слушаа во изминативе две години, се движеа во сопствена насока и по сопствен ритам и тие сакаат да се повлечат од тоа, изјави Стил. Кејн, пак, говорејќи за Ен-Би-Си ги посочи подобрувањата на анкетните бројки за кандидатите на неговата партија како знак дека базата на демократите е стимулирана. „Пред четири или пет месеци републиканците сметаат дека имаат големи шанси да ги освојат двата дома“, вели Кејн. Од разни причини освојувањето на Сенатот беше потешко за нив. „И повторно неделава сме сведоци на силни потези и гласање за нашите кандидати за Сенатот во неколку држави“.
Во тек е предвремено гласање во 29 држави и првичните индикации сугерираат дека одѕивот на демократите би можел да биде поголем од очекуваното во повеќето од нив. Демократите се обидуваат да преживеат во токсична политичка средина за партијата на власт: слаба економија, намалување на рејтингот на претседателот, политичко расположение против Вашингтон и сегашната власт, десетици милиони долари во трошоци за надворешни интересни групи, опозиција што изгледа поенергична од нивната сопствена база. Овие избори би можеле да имаат реперкусии за конгресното регрупирање за следната година и за претседателските избори во 2012 година. (Вашингтон пост) |