Број 3415  вторник, 26 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Свет

Европската десница бара референдум за прием на Турција

АНКАРА - Турција од 2005 година преговара за кандидатура за членство во ЕУ, но со мал успех. Ултрадесничарските партии тврдат дека таа земја претставува „закана за идентитетот на Европа“ и планираат референдум што би го блокирал нејзиниот влез во Унијата.

Неколку ултрадесничарски европски партии побараа во сите земји на ЕУ да се организира референдум за барањето на Турција за членство во ЕУ. Тоа е заклучокот од дводневниот собир во Виена на тема „Ситуацијата во ЕУ по Лисабонскиот договор“. На собирот учествуваа австриската Партија на слободата, белгиската партија Фламански интерес, Шведските демократи, данската Народна партија и други. Во центарот на вниманието беше кандидатурата на Турција за членство во ЕУ.

Преговорите околу кандидатурата за членство во ЕУ Анкара ги почна во 2005 година, но тие не отидоа далеку поради спорот со Кипар, но и отпорот на други членки на ЕУ, како што се Франција и Германија.

Лидерот на австриската Партија на слободата, Хајнц Кристијан Штраке, се заложи против пристапување на Турција кон европскиот блок и најави дека неговата партија ќе поттикне граѓанска иницијатива низ Европа, со цел блокада на приемот на Турција.


#
Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Карзаи призна дека зел пари од Иран
Обама и во Словенија
Марихуаната легална во Германија?
Свеската на Тони Блер премина во ислам
Не е прашање дали Обама ќе изгуби, туку колку
ЕУ отвора фронт против имигрантите
Моторцикл-бомба уби пет лица
Страв од ерупција на Моунт Мерапи
Колерата уби 250 лица






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax