Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Фељтон Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Култура
04.03.2009, 19:50
Три наслови влегоа во најтесен круг за „Роман на годината“

Жири-комисијата ќе го избира лауреатот од романите: „Помеѓу“, „Жените Гаврилови“ и „Индиго Бомбај“

Невена Поповска



Жири-комисијата во состав: Блаже Миневски, Методија Фотев, Ангелина Бановиќ-Марковска, Ким Мехмети и Ѕвездан Георгиевски одлучија годинешниот лауреат на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ да се избира од следниве романи: „Помеѓу“ од Ирена Јорданова, издание на „Или-Или“, „Жените Гаврилови“ од Кица Б. Колбе, издание на „Табернакул“ и „Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска-Георгиева, издание на „Три“. Не е првпат, но сигурно не е последен: три писателки да бидат во најтесен круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Во неколку наврати имало иста ситуација и тоа не тера да се навратиме на една изјава на Роман Гари, француски писател и дипломат, кој вели: „Сите вредности на цивилизацијата се женски вредности“.

Во 2006 година во најтесен круг на избор за „Роман на годината“ беа три писателки и тогаш Пајо Авировиќ, лауреат на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и член на жири-комисијата за доделување на наградата во 2006 година, рече: „За мене, еден, во суштина, безначаен чиновник - сите чиновници, уште од Кафка, по дефиниција се безначајни - е мошне охрабрувачко сознанието дека не само фиксацијата, ами и фикцијата ни е европска. Пријатно ме изненади откритието дека во годинешнава македонска романескна продукција доминираше токму потрагата по женските вредности или поради женското писмо. Срцевината на речиси сите романи со неоспорен квалитет беа токму женските вредности, сфатени дури и во гариевска интерпретација како единствени вредности на цивилизацијата. Од Дина во „Снегот во Казабланка“ преку Јована на Венко Андоновски во „Вештица“, мајка Перса и двете Пелагии во „Црната билка“ на Ташко Георгиевски, до сеприсутната мајка во „Синот“ на Србо Ивановски - секаде во преден план се вистинските вредности - женските. Со еден збор, во нашата литературна берба во плодната 2006 година постои, значи, општ консензуз, постигнат без посредници и олеснувачи, дека Арагон е во право: жената е иднината на човекот! Ете зошто фикцијата ни е европска. Бидејќи и Европа, пред се, е жена!“

Како и досега културната рубрика на „Утрински весник“, која од самите почетоци на весникот стартуваше со заложбата да биде активен чинител во културниот живот на земјата, еден од креаторите на културната политика, а не само вообичаен проследувач на настаните ќе продолжи со афирмација на македонскиот роман како жанр, кој во времето кога се востанови наградата беше во криза. Со воведувањето на оваа награда, романот стана најквалитетниот жанр во македонската литературна продукција. Затоа оваа награда треба да се гледа не само низ квантитетот на пристигнатите наслови, туку и преку општиот впечаток за прогресивно зголемување на квалитетот на романсиерската продукција. Со својата транспарентност, објавувањето на извадоците, јавноста на работата на жири-комисијата, оваа награда направи да се воспостават вистински контакти меѓу читателот и авторот.

 


Статијата е прочитана 1411 пати.

Испрати коментар



Список на романи кои влегоа во најтесен круг за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Ели Аиновска изложува во Кавадарци
Современата класична музика не е масовна култура
Концерт на Македонската филхармонија со Љубиша Кировски на виолина



04.03.2009, 18:36

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 18°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Фељтон | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |