Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Фељтон Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска
Култура
04.03.2009, 19:48
Концерт на Македонската филхармонија со Љубиша Кировски на виолина

Македонската филхармонија, вечерва во Домот на АРМ во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под диригентство на младиот Иван Репушиќ од Хрватска, кој досега соработувал со сите оркестри во својата земја и со видни музички имиња од Европа. Добитник е на голем број значајни награди.

Солист на виолина на вечерашниот концерт е македонскиот уметник Љубиша Кировски кој ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Дмитриј Шостакович. Кировски е еден од најпознатите виолинисти од помладата генерација кај нас, кој досега, освен во својата земја, концертирал на голем број реномирани европски фестивали. Заедно со пијанистката Маја Шутевска-Кировска, концертира и во формација на дуо, изведувајќи претежно ретко изведени или премиерни сонати за виолина и пијано.

На програмата вечерва е и симфониската поема „Слики од изложбата“ од Модест Петрович Мусоргски. Оваа композиција, една од најпознатите на рускиот автор, ќе биде изведена и в сабота во Домот на АРМ во 12 часот, на Детскиот симфониски концерт кој исто така ќе се одржи под диригентство на Иван Репушиќ. Модератор на програмата ќе биде актерката Билјана Драгичевиќ-Пројковска. „Слики од изложбата“, создадена во 1874 година, е посветена на пријателот на Мусоргски, сликарот Виктор Хартман, кој починал во 39-та година. Својата инспирација авторот ја црпел на една негова изложба на цртежи и скици, па композицијата претставува своевидна прошетка низ изложбата. Мусоргски најпрвин ја создал за соло пијано, а подоцна композиторот Морис Равел ја преработил за оркестар. Симфонискиот концерт за деца Филхармонијата го реализира во соработка со Музичката младина на Македонија. Билетите се по цена од 100 денари и можат да се набават на билетарницата во Домот на АРМ. (Т.И.)


Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар



Три наслови влегоа во најтесен круг за „Роман на годината“
Список на романи кои влегоа во најтесен круг за „Роман на годината“ на „Утрински весник“
Ели Аиновска изложува во Кавадарци
Современата класична музика не е масовна култура
04.03.2009, 18:36

Претходен број

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Среда
Сончево
Макс: 25°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Триумф на човековиот дух
Зоран Иванов, познат новинар, а порано падобрански ас, вели дека технологијата го овозможила скокот на Баумгартнер, но н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Фељтон | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска |