|
|
|
|
|
|
Кина постави споменик, па го урна
ПЕКИНГ - Официјални претставници од североисточна Кина уништиле споменик на јапонските имигранти за да ги смират негодувањата на јавноста поради неговата изградба во јули, јавија вчера државните медиуми, што е знак за преостанатото антијапонско расположение во регионот, што некогаш беше окупиран од Јапонија. На ѕидот-споменик со висина од 3,8 метри беа испишани имињата на 229 јапонски имигранти, кои беа дел од илјадниците населени во провинцијата Хеилонгџијанг од јапонската влада за време на окупацијата од Втората светска војна.
Претставникот изјави дека споменикот за имигрантите, кои починаа од глад по предавањето на Јапонија, беше обележје за хуманоста на кинескиот народ.
Но, жителите од округот Фангженг каде што беше поставен споменикот ги критикуваа офиц��јалните лица дека залудно потрошиле јавни средства за комеморација на освојувачите, пишува официјалниот весник на англиски јазик „Чајна дејли“. Минатата недела петмина мажи од цела Кина отпатуваа во провинцијата за да го урнат ѕидот со чекани и го испрскаа со црвена боја, што е јавен израз на незадоволство поради кое властите беа принудени да го урнат споменикот во петокот ноќта.
Милиони кинески војници и цивили загинаа во војната и под бруталната јапонска окупација во делови од Кина од 1931 до 1945 година, што остави огорченост која понекогаш се' уште ги попречува официјалните односи. (Ројтерс) |
#
|
Статијата е прочитана 944 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: dedo dimo |
Датум: 09.08.2011 03:45:02 |
|
Hm .Samo Grcite posle tolku godini si go sakaat ALEKSANDAR misleki deka se borel za niv a toj nikade ne gi ni spomenval .A Grcite pa ushte poveke ne go sakaat tatkomu Filip koj gi pokori site grci i gi napravi da mu se poklonuvaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ozi |
Датум: 09.08.2011 14:01:26 |
|
New e daleku vremeto koga i kaj nas ke se urivaat takanareceni 'spomenici'. Koga togas pointeligentniot del od makedoncite ke dojdat na vlast. |
|
|
|
|
|
|
Од: Esen |
Датум: 09.08.2011 14:54:02 |
|
A bre dedo Dimo,kutar dedo Dimo!Aleksandar ne gi spomenuva grcite,ama mnogu gi spomenuva makedoncite,pogotovo onie od prespa i porecieto.2300 godini pominalo bre dedo.Tatkomu Filip gi pokoril i gi nateral da mu se poklonuvaat kako sto velis,ama sto ima toa so tebe i tvoeto poteklo.So pojavuvanjeto na Aleksandar grckata kultura dozivuva svoevidna renesansa i se prosiruva na celiot togas poznat svet.Tokmu toj tvoj Aleksandar ja sirel taa kultura.Togasnite makedonci bile elini bre crn dedo.Elini kako sto bile elini spartancite atinjanite,trojancite.Cukni se malku vo "pipernicata" pred da nasednes na nekoi gluposti, i sto e uste poloso,da gi siris.Si se zamislil nekogas kolku dolg period e toa?Ako se vrakas 23 veka nanazad,togas geni od toj tvoj Aleksandar gi imaat bugarite,albancite,srbite,italjanite,irancite,tunizanite,egipkanite i koj se uste nenarodi.Ti bre dedence imas poveke geni od Gingis kan,otkolku od Aleksandar.Ama najverojatno tolku dedo Gospod ti dal,pa ajde neka ti e prosteno |
|
|
|
|
|
|
|
|