Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Флеш

Брејвик бил дрогиран кога пукал

Анализа на крвта на Андерс Беринг Брејвик покажува дека тој бил под дејство на наркотици кога го извршил масовниот масакр на норвешкиот остров Утаја, но обвинителот не сака да открие за кој вид дрога станува збор. Инаку, Брејвик, кој се наоѓа во притвор близу Осло, во својата ќелија ќе има и пристап до компјутер.

Трагедија

Масакр на свадба во Охајо

Осум лица беа убиени, меѓу кои 11-годишно девојче, за време на свадба во американскиот град Копли, во државата Охајо, соопштија локалните власти. Две лица се повредени. Шефот на локалната полиција Мајкл Мајер изјави дека маж застрелал пет лица во еден реон на градот, потоа други двајца во близина, пред да б��де застрелан од полицијата.

Според очевидци, сите загинати и напаѓачот биле членови на едно пошироко семејство, меѓу кои имало кавга.

Копли е гратче со 14.000 жители во североисточниот дел на Охајо. ( МИА)

Страв

Полските политиЧари не летаат со владините авиони

По авионската несреќа во близина на Смоленск, во која загина претседателот Лех Качињски, полските политичари и генерали стравуваат да летаат со владините авиони, објави денеска дневниот весник „Впрост“.

Весникот наведува дека стравот кај политичарите и генералите е откако на 4 август бил објавен извештајот на специјалната полска комисија за несреќата кај Смоленск и откако премиерот Доналд Туск одлучи да се расформира авиополк 36, задолжен за владините авиони.

Таквата одлука беше проследена и со оставка на тројца генерали на полските воено-воздухопловни сили и десетина постари офицери. Оставка поднесе и заменик-министерот за одбрана Чеслав Понтас.

„Впрост“ наведува дека Туск уште од минатата година не лета со авиони од руско производство и го користи владиниот авион „Ембраер“, произведен во Бразил. (МИА)

Турски пример

Заменици-министри преку оглас

Турскиот весник „Сабах“ вчера објави некои од молбите на кандидатите за заменици-министри. Мотивациските писма испратени до премиерот, на дел од кандидатите се екцентрични и предизвикале смеа кај претставниците на владата.

Во едно писмо кандидатот му предлага на премиерот Реџеп Таип Ердоган преку „Гугл“ да се запознае со неговата работа - стругар. Тој тврди дека на нафтената компанија БП и' спасил 24 милијарди долари. Неговите проекти биле за запирање на истекувањето на нафта во Мексиканскиот Залив.

Друг кандидат во својата молба тврди дека ќе го реши повеќедеценискиот проблем со Курдската работничка партија за четири месеци.


#
Статијата е прочитана 621 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Нови насилства во Лондон
Саудиска Арабија се сврти против Сирија
Жаклина Оназис го обвинувала Линдон Џонсон за атентатот врз Џон Кенеди
Уште еден хеликоптер на НАТО падна во Авганистан
Кина постави споменик, па го урна
...И уште нешто

"""