Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Уште еден хеликоптер на НАТО падна во Авганистан

КАБУЛ - Хеликоптер на НАТО вчера се урна во источниот дел на Авганистан, но, наводно, нема жртви, јавуваат официјални лица, што е уште едно грубо потсетување за опасностите од војната, откако 38 лица загинаа во воздушен инцидент, односно најголемата поединечна загуба на странските сили за 10 години. Загрижувачкиот пораст на воените смртни случаи се совпаѓа со рекордниот број жртви меѓу цивилите, кои и натаму го издржуваат најголемиот удар од војната, што се чини дека заглави и покрај тврдењата дека е постигнат успех од двете страни.

Околу триста гневни Авганистанци вчера излегоа на улиците во централната провинција Газни, носејќи ги телата на двајца луѓе за кои тврдеа дека биле убиени во напад на единиците на ИСАФ. Цивилните жртви од странски војници, кои се во потрага по бунтовници, одамна се голем извор на недоразбирање меѓу Кабул и неговите поддржувачи од Запад. Податоците на ОН покажуваат дека бројот на жртвите достигна рекордно ниво во првите шест месеци од 2011 година, иако за 80 отсто од нив се обвинуваат бунтовниците.

Официјални претставници на НАТО се' уште ја истражуваат причината за хеликоптерската несреќа пред два дена, во која загинаа 38 луѓе, меѓу кои 30 американски војници - некои од специјалните сили на морнарицата, тимот „фоки 6“ од кои беше убиен Осама бин Ладен - седуммина Авганистанци и еден преведувач.

Талибанците тврдат дека собориле хеликоптер „чинук“ ЦХ-47 во централната провинција Мајдан Вердак, а американски претставник во Вашингтон, кој побара да остане анонимен, јави дека хеликоптерот, најверојатно, бил соборен. Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, тврдеше во текстот испратен до Ројтерс дека исламската група го соборила хеликоптерот, друг „чинук“ во местото Зурмат во Пактија, при што загинале 33 американски војници.

Порастот на бројот на жртвите - најмалку 38 странски војници се убиени оваа година досега, од кои речиси 50 во првата недела од август - доаѓа во време на се' поголема вознемиреност поради се' понепопуларната и скапа војна. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 814 пати.

Испрати коментар

Од: Biljana
Датум: 09.08.2011 07:55:27
Ubava vest.
Од: девичанецот
Датум: 09.08.2011 10:16:32
На страницата на Јахуу пишуваше дека загинале 30 војници..на сите други сајтови дека загинале 31 војник во хеликоптерската несреќа..ете овде пишува 33. Изгледа и самите Амери, не знаат колку луѓе им загинале.. Но најважно сепак е дека сите биле од составот што го убија посд наводници Бин Ладен....така да нема повеќе никој да каже автентично за најголемиот успех...и тоа под наводници на ЦИА!

Најди! во Утрински
Свет
Нови насилства во Лондон
Саудиска Арабија се сврти против Сирија
Жаклина Оназис го обвинувала Линдон Џонсон за атентатот врз Џон Кенеди
Кина постави споменик, па го урна
Брејвик бил дрогиран кога пукал
...И уште нешто

"""