Број 3651  вторник, 09 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Саудиска Арабија се сврти против Сирија

Башар ел Асад не попушта, го нападна со тенкови седиштето на сунитските муслимани

АМАН - Сирискиот претседател Башар Ал-Асад вчера го продолжи тенковскиот напад врз племенското седиште на суниските муслимани во Сирија, јавуваат локалните жители, како ескалација на заострените мерки кон демонстрантите, што предизвика невообичаен прекор од саудискиот крал кој го предупреди сирискиот лидер да донесе реформи или ризикува пораз. Кралот Абдула, кој е апсолутен владетел, го прекина арапскиот молк по најкрвавата недела на речиси петмесечниот бунт за поголеми политички слободи во Сирија, барајќи да се стави крај на крвопролевањето и отповикувајќи го саудискиот амбасадор од ��амаск.

Тоа е најостра критика што нафтениот гигант ја упати кон друга арапска земја откако започна бранот про-демократски безредија на Блискиот Исток во јануари, кога беа соборени автократите во Тунис и во Египет, беше поттикната граѓанска војна во Либија и беа разнишани вкоренетите елити во регионот.

Веднаш по одлуката на Ријад, и Кувајт го повлече амбасадорот од Сирија, „Она што се случува во Сирија не е прифатливо за Саудиска Арабија“, изјави Абдула во писмената изјава што беше прочитана на сателитската телевизија „Ал Арабија“. „Сирија треба мудро да размисли пред да биде премногу доцна и да донесе и спроведе реформи кои не се само ветувања туку вистински реформи“, рече тој. „Или сама ќе избере мудрост или ќе биде повлечена во длабочините на метежот и загубите“.

Неговата изјава следеше по сличните пораки што пристигнуваат од саботата од Арапската лига и Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ). Пораката е упатена откако сириските тенкови и војници го нападнаа источниот сунитски град Деир Ал-Зор, во најновата фаза од кампањата за задушување на центрите на протестот против 41-годишото владеење на семејството Асад и доминацијата на неговата малцинска заедница Алавит.

„Оклопни возила жестоко го гранатираат квартот ал-Хавика. Приватните болници се затворени, а луѓето се плашат да ги испратат ранетите во државните објекти бидејќи се полни со припадници на тајната полиција“, изјави жителот Мохамед во телефонски разговор за Ројтерс.

Населбата Ал-Џура од Деир Ал-Зор, каде што поминува реката Еуфрат, исто така, беше жестоко погодена од силите на Асад, а илјадници жители од двата кварта побегнаа, јави тој додека во заднина се слушаа удари од тешко оружје. Тој рече дека најмалку 65 луѓе загинале откако во неделата тенкови и оклопните возила го нападнаа провинцискиот главен град, 400 километри североисточно од Дамаск, уништувајќи ги импровизираните барикади и отворајќи оган. Нападот врз градот, во провинцијата каде што се произведува нафта и граничи со Ирак, се случи една недела откако тенкови го нападнаа местото Хама, каде што жителите јавија дека биле убиени голем број луѓе.

Односите меѓу сунитска Саудиска Арабија и сириската елита Алавит се напнати од убиството во 2005 година на Рафик Ал-Харири, либански суниски државник кој имаше поддршка од Запад и беше со саудиска националност.

Сирискиот Сојуз за координирање на револуцијата јави дека 50 луѓе загинале во неделата во Деир Ал-Зор, а најмалку 13 загинале во одделен напад предводен од тенкови врз селата од централната рамнина Хула, во близина на градот Хомс. „Бројот на жртвите ескалира секој час“, јави активистот Сухаир Ал-Атаси, член на Сојузот за координирање, во телефонски разговор од Дамаск.

Друг активист јави дека: „Нападот врз Деир Ал-Зор би можел да биде пресвртна точка, при што репресијата ќе возврати, а луѓето ќе застанат со оружје в рака против режимот. Асад не може да врши репресија на целата нација на овој начин, и да очекува луѓето да гледаат како илјадници луѓе гинат или исчезнуваат“. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 562 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Нови насилства во Лондон
Жаклина Оназис го обвинувала Линдон Џонсон за атентатот врз Џон Кенеди
Уште еден хеликоптер на НАТО падна во Авганистан
Кина постави споменик, па го урна
Брејвик бил дрогиран кога пукал
...И уште нешто

"""