Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Чешката трупа „Farm in the Cave“ ексклузивен гостин на МОТ

Едно од најголемите имиња во современиот чешки и европски театар, „Farm in the Cave“, ќе гостува на МОТ со сценскиот спектакл „Sclavi: Песната на емигрантите“.

„Farm in the Cave“ е театар со специфичен лабораториски начин на работа на претставите и особена естетика која навлегува на полето на физичкиот театар. Движењето е во фокусот и на претставата „Sclavi: Песната на емигрантите“, која критиката ја опишува како претстава со специфично халуциногено квалитативно својство во која Бекетовата естетика е сведена на движење и песна.

Претставата „Sclavi: Песната на емигрантите“ ги отвора прашањата врзани за емиграцијата, сиромаштијата, ропскиот труд... Во контекст на ова се третира и терминот Sclavi кој на латински значи Словен, но и роб. Приказната говори за еден емигрант кој после долги години се враќа во родното место само за да сознае дека неговото место е веќе земено. Ова е проект полн со самоиронија и суровост, но и една точна слика на сегашноста низ призмата на минатото.

Претставата е базирана врз истражувањата на трупата спроведени во едно мало село во источна Словачка, врз изворните песни од Рутенија и Украина, писмата на словачките емигранти и новелата на Јозеф Чапек „Хордубал“. Инаку, треба да се напомене дека трупата „Farm in the Cave“, токму за оваа претстава е добитник на бројни европски театарски награди, меѓу кои: наградата „Total Theatre Award“ доделена од „British Theatre Magazine“, „A Herald Angel Award“ на британскиот весник „The Herald“ , „The Alfred Radok’s Prize“ и други.

Овогодишното 33 издание на МОТ, кое започнува на 18, а трае до 27 септември, тематски ќе го следи мотото „Мојот мал свет“. „Програмски самата тема донесува театарски продукции кои во својата идеја работат на преоткривањето на фундаментите на човечките емоции, фобиите, ние-светот, интимата на поимот човек. Новите и смели гледања на сите овие теми успеваат да дадат еден различен поглед на овие поими по сосем нов и неочекуван начин, правејќи ги неповторливи“, велат организаторите на МОТ. (Л.М.)


Статијата е прочитана 109 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Фотографии на Јан Саудек, најпознатиот чешки фотограф, во МСУ
Чарлиз Терон ги засени Џорџ Клуни и Бред Пит
„Јас сум од Титов Велес“ во трка за номинација за европски „Оскар“
Димковска, Маџиров и Смилевски на книжевни престои во светот
„Музеј на невиноста“ - нов роман на Орхан Памук

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.