Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Музеј на невиноста“ - нов роман на Орхан Памук

Турскиот нобеловец, писателот Орхан Памук, викендов во својата родна земја го промовираше најновиот роман под наслов „Музеј на невиноста“. Станува збор за љубовна приказна меѓу богаташ и сиромашна девојка кои живеат во Истанбул. Во романот, всушност, се говори за страста меѓу двајца луѓе која траела 30 години, но авторот ги допира и чувствителните прашања кои сеуште се табу тема во Турција, како што се сексуалноста и невиноста.

Добитникот на Нобеловата награда за литература за 2006 година, чии дела се преведени во повеќе од 40 земји во светот, за весникот „Сабах“ изјави дека романот „Музеј на невиноста“ е негова најнежна новела, во која покажува најмногу трпение и почит кон луѓето. Според издавачот, во првите два дена продадени се 100.000 примероци од книгата.

Орхан Памук, меѓу другите, е автор и на делата: „Се викам Црвено“, „Снег“ и „Истанбул“ и е најценетиот турски автор на Запад. Во својата татковина тој се смета за контроверзна фигура. Беше обвинет поради изјавите за турскиот геноцид над Ерменците, но случајот беше отфрлен заради технички прашања. Во моментов се наоѓа под полициска заштита поради страв дека турските екстремни националисти би можеле да се обидат да му се одмаздат за дадените изјави. (Н.П.)


Статијата е прочитана 154 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Фотографии на Јан Саудек, најпознатиот чешки фотограф, во МСУ
Чарлиз Терон ги засени Џорџ Клуни и Бред Пит
Чешката трупа „Farm in the Cave“ ексклузивен гостин на МОТ
„Јас сум од Титов Велес“ во трка за номинација за европски „Оскар“
Димковска, Маџиров и Смилевски на книжевни престои во светот

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.