Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Фотографии на Јан Саудек, најпознатиот чешки фотограф, во МСУ

Изложбата што ќе биде отворена вечерва доаѓа од приватната галерија која го носи името на авторот

Катерина Богоева


Избор од богатотото творештво на најпознатиот чешки фотограф со светско реноме, Јан Саудек, вечерва пред македонската публика ќе биде презентирано на изложба што во Музејот на современата уметност ќе биде отворена во 20 часот. Фотографиите се дел од приватната галерија „Јан Саудек“ во Прага, чиј што сопственик Зденек Кочик ќе биде присутен на отворањето, кое со свое обраќање ќе го озваничи Министерката за култура, Елизабета Канчевска - Милевска.

Јан Саудек (1935 ) кој е роден во Прага каде што и денес живее, го привлекува вниманието на јавноста уште при појавувањето на своите први дела, кои како и подоцнежните, се презентирани во светот и вбројани во значајните музејски колекции. Познат како поранешен чешки работник кој во слободно време фотографирал, но и како уметник со екстравагантен начин на живот, досега реализирал 400 самостојни, а учествувал и на повеќе групни изложби и на меѓународни фестивали на фотографија во Минхен, Париз, Келн, Прага, Глазгов, Москва и други места. Бил учесник и на 50 -тото Биенале во Венеција.

Презентирањето на неговите 51 фотографија во МСУ ќе трае два месеца, време во кое се очекува добра посета од публиката, на која и во оваа прилика нема да и биде наплатена влезница.



Авторовите презентации во светот предизвикуваат значајни реакции од страна на критиката која ја потенцира неговата моќ страсно да владее со своите креативни вештини, смелиот фотографски универзум исполнет со доза на хумор, очај и физички копнеж, како и креативната и политичка изолација во дотраеното прашко студио каде и работел.

Саудек започнал да фотографира на петнаесетгодишна возраст, со добиениот фотоапарат Kodak Baby Brownie, за по четири години да го продолжи патот со вистински фотоапарат Fleqaret 6x6. Тоа е време во кое започнал да слика и црта, но и да работи како помошник - фотограф во печатница се до 1983 година, кога целосно и се посветил на сопствената работа. Тој е и првиот Чех, носител на француската титула „Витез на уметноста и литературата“ која му била доделена во 1990 година. При презентирањето на неговото место во уметноста, се споменува и 2005 година, време на појавување на неговата четиринаесетта, најголема монографија „Саудек“ (публикувана од Словарт, Прага), прослед��на со голема ретроспективна изложба во родниот град.



Историчарките на уметност, Марија Бочварова - Плавевска и Викторија Васев - Димеска, говорејќи вчера на одржаната прес -конференција за фотографската презентација, посочија на неколку значајни моменти.

„Ваквите изложби се можност странските земји да се запознаат со условите во кои функционираме како национален музеј, со можностите за презентација кои им ги нудиме. И во овој случај, сопственикот на приватната галерија беше позитивно изненаден“ - истакна Васев -Димеска Бочварова го сврте вниманието и на делумно хронолошкиот, а делумно тематскиот аспект на изложбата, на визуелната приказна за животот на авторот кој му пркосел на забранетиот свет, на рускиот притисок врз неговата земја.

Директорката на Музејот на современата уметност, Елиза Шулевска очекува во иднина да продолжи соработката со приватната галерија, но и да се воспостави соработка и со националните галерии и музеи.


Статијата е прочитана 221 пати.

Испрати коментар

Од: Ana
Датум: 02.09.2008 14:55:56
BRAVO!!! konecno edno BRAVO na ogromno zadovolstvo

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Чарлиз Терон ги засени Џорџ Клуни и Бред Пит
Чешката трупа „Farm in the Cave“ ексклузивен гостин на МОТ
„Јас сум од Титов Велес“ во трка за номинација за европски „Оскар“
Димковска, Маџиров и Смилевски на книжевни престои во светот
„Музеј на невиноста“ - нов роман на Орхан Памук

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.