Број 3034  сабота, 11 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Поништен тендерот за автобусите

Ќе пристигнат ли воопшто во Скопје двокатните автобуси?

Снежана Калабакова

Државата го поништи тендерот за купување двокатни автобуси за јавниот градски превоз во Скопје. Ова вчера го соопштија од Министерството за транспорт и врски, потенцирајќи дека понудениот рок од страна на избраниот кинески понудувач за испорака на првите 100 автобуси во рок од 12 до 18 месеци по склучувањето на договорот не одговарал на бараните услови во тендерската документација. Набавката на даблдекерите требаше да се одвива етапно во период од три години, по 100 автобуси годишно. За нив требаше да бидат издвоени средства од буџетот.

Според Комисијата, тоа е единствена причина за која се одлучиле за поништување на јавната набавка. На распишаниот тендер кинеската понуда беше избрана за најповолна. За 302 автобуса Кинезите понудија основна цена од 51 милион евра, додека бугарската компанија „Кинг лонг“ понуди 45.300.000 евра. На ова требаше да се додадат царината и ДДВ. На тендерот, кој по трет пат се одржа, учествуваа и македонската компанија „Санос“ и турската компанија „Ѓиларус кобра“, која понуди највисока цена, односно 70 милиони евра. Од „Санос“, пак, за изработка на 302 даблдекера побараа 49,99 милиони евра.

Поништувањето на тендерот сега ќе значи дека Кинезите од „Џенгџоу јутонг групацијата“ излегоа од игра. Министерството за транспорт и врски ќе мора одново да распише тендер и целата постапка да се повтори. Тоа, пак, ќе значи дека ќе конкурираат нови фирми, а можеби ќе има и нови правила?!. Но се поставува и сериозно прашање, какви и кои фирми ќе се јават на ваквиот несериозен однос на државата ?!

Засега од Министерството не соопштуваат кога ќе биде распишан следниот тендер, но многу е веројатно дека тоа ќе се случи наесен по завршувањето на летните одмори.

Од Министерството за транспорт и врски потсетуваат дека според тендерската документација беше предвидена испорака на најмалку 100 автобуси во првата година од денот на склучување на договорот, со тоа што беа предвидени и пенали кои се пресметуваат најмногу 30 дена по истекот на овој рок. Веднаш потоа се активира предвидената банкарската гаранција за извршување на договорот. Во нивното соопштение се вели дека Комисијата за спроведување на јавната набавка при Министерството за транспорт и врски, како договорен орган, при изборот на најповолниот понудувач ја евалуирала и оценила единствената понуда која има валидна банкарска гаранција дека ги исполнува и сите останати барани услови во тендерската документација како во делот на техничките спецификации, така и во делот на финансиската понуда.

Во сопштението на Министерството за транспорт и врски, што го достави вчера до јавноста, се вели дека Комисијата за спроведување на јавната набавка ја прифаќа одлуката на Државната комисија за жалби по јавни набавки со цел отстранување на каква било можност во иднина да се остави простор за сомневање во однос на направениот избор. Кога ќе биде распишан следниот тендер за набавка на автобуси за јавниот градски превоз во Скопје ќе се знае дополнително. (С.К.)

 


#
Статијата е прочитана 1722 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 12.07.2009 22:47:17
Значи проблем било што наместо за 12 месеци, првите 100 автобуси ќе биле испорачани за 12 до 18 месеци. За да се направи нов тендер и да се одлучи за нов понудувач ќе се изгубат 6 месеци што значи дека најрано автобусите може да стигнат за 18 месеци (како што е крајниот рок на кинезите). Вистинските причини за поништувањето се или затоа што излегоа докази дека некој сака да стави милиони евра во џеб со овој тендер или пак со оглед на економската ситуација Владата пресметала дека тие пари се попотребни на друго место,
Од: Bond
Датум: 13.07.2009 00:12:23
Ova ne e nikakva novina. Eksplozivna vest bi bila da uspee nekoj tender vo Makedonija. Se e pos staro. Izgleda deka ne platile dovolno reket.
Од: Itar Pejo
Датум: 13.07.2009 00:18:07
Znaci ponudile 12 do 18 meseci a vladata sakala 12 pa nemalo da stasaat navreme. Normalno, tenderot e ponisten. Po nekoe vreme ce se raspise nov, za nekolku meseci ce se dobijat ponudi, po nekoe vreme ce se procenat i onoj sto ce ponudi 12 meseci ce go dobie. Taka avtobusite ce stasaat navreme!
Од: Millky Way
Датум: 13.07.2009 09:10:51
Abe klosari so mislite, narodov pesok jadi ili muvi lapa?!?Im go rasipa g-dinot Den Doncev dilot na Kamcev i Mijalkov!Ocekuvajte deka ke go apsat denovive.Od avion se gledase deka edna od trite firmi na Kamcev i Mijalkov mora da lapne 30 mil.evra...Gledav na I-net eden super turisticki avtobus od istata firma vo Velika Britanija se prodava po 80.000 funti.Neka lapnat 2-3 milioni,ama ovie se bez isav.Kako prvo, takvi avtobusi na Skopje ne mu trebaat, vtoro premnogu se i povtorno ke nema red zasto uste nama zakon so uslovi i standardi za gradski soobrakaj, treto, obrazlozenieto za ponistuvanje na tenderot e mnogu bedno, a uslovite vo tenderskata dokumentacija namesteni za firmite na gorenavedenite fraeri!Edno se prasuvam za vas gospoda nenasitni?!?Sto ke im pravite na tolku pari koga za brzo vreme ke gnijate po zatvori.
Од: pinokio
Датум: 13.07.2009 09:14:31
Ta bas i ne gi mnogu zasega ovie koi odlucuvaat za tenderot.Ta tie ne veruvam deka se vozat so vozila od javen prevoz.Najverovatno se vozat vo djipcinja ili nekoj dobar avtomobilski brend.Ta niv gi interesira samo nivnata "provizija" (so na tatko im i majka im parite raspolagaat) i moznata "mahinacija" koja mozat da ja napravat.A za toa imame neskrieni talenti i vizija (primer Swedmilk).Izgleda deka ovoj pat se digna mnogu "prasina", pa ke mora igrata povtorno da se igra od pocetok.Ja znaete onaa narodnata" "Vuk dlaku menja, ali cud ne".
Од: Трпе
Датум: 13.07.2009 09:25:18
Овој случај на набавка автобуси за градски собракај и тоа двокатни е копија како продажбата на ТЕЦ Неготино.Со тендерот се беше во ред се додека не се разоткрија матните зделки.Жалам но во моментот некои остана со празна уста, со планираниот криминал кој требаше да се оствари.А каква е таа кинеска фирма која за една година неможе да испорача 100 автобуси.Од коментар повеќе нема потереба.
Од: TheCrow
Датум: 13.07.2009 09:26:35
"На распишаниот тендер кинеската понуда беше избрана за најповолна. За 302 автобуса Кинезите понудија основна цена од 51 милион евра, додека бугарската компанија „Кинг лонг“ понуди 45 милион евра."
Од: tomo
Датум: 13.07.2009 09:40:01
Ako toa bile uslovi na tender, procedurata nalaga firmata sto ne gi ispolnuva uslovite na tenderot voopsto da ne i se primi tenderskata dokumentacija ili da se eliminira vo procesot na ocenuvanje, a ne da se proglasi za pobednik pa otposle da se odbiva bidejki se videlo deka ne ispolnuva uslovi. Vo kulturni zemji ova e kriminal i ministerstvoto se kaznuva za krsenje zakon, a Kinezite treba da ja tuzat vladata.
Од: zapad
Датум: 13.07.2009 09:49:52
Значи г-динот Ден Дончев беше во право. Основот за поништување е смешен.
Од: andrej
Датум: 13.07.2009 10:18:50
Gi fatija na kradenje ej!!!A se pravat angeli po reklamite a polosi se od site!
Од: Saso
Датум: 13.07.2009 10:21:28
Medot na prstite na ministerot za transport Mile Janakievski ostava leplivi tragi. Ovaa peralnica ne gi ispra parite od planiranata nabavka na avtobusite, pa zatoa i najlesno e da propadne tenderot. Ni prv ni posleden obid za alas-veris, veke videno, ovie kleptomanive se procitani i veke nemaat sto da ponudat.
Од: perica
Датум: 13.07.2009 10:38:17
Ovoj put apla gi provalivme , bravo za Den Doncev,. I pokraj toa sto sum svesen deka na edena provalena zdelka , pominuvaa10 nit cueni nit videni ,narocito vo oblasta na finansiite i energetikata.Dobo e za pocetok, vo sekoj slucaj ludje otvorete 4 oci ne dozvoluvajte da ve kradat.
Од: bobi
Датум: 13.07.2009 10:44:17
Koga gi prtitisnaa deka se spremaat da kradat na golemo oni prebegnaa na ponistuvanje na tenderot.kriminalcive koj se na vlast ukradoa mnogu poveke pari od ovie bedni pari za avtobus koj gi stopiraa.Ovaa vlada e najkriminalna vlada koja ja vodela R.Makedonija.Budzetot e za 1 miljarda pogolem a efekti nema.Znaci kradat na golemo.
Од: Nema da im fali ni vlakno
Датум: 13.07.2009 11:16:40
Do Millky Way: Ne se sekirajte za taa nasata poznata lopovsko- mafijasko- politicka kamarila. Nema da gnijaat vo zatvor.. So taa misla samo se tesime nie naivnite. Kazete mi od ovie dosegasni ogromni kriminali, koj gniel vo zatvor? Naprotiv , dokazani kriminalci so sudski presiudi i lezani po zatvori za kriminal se na golem sram na nacijata pratenici( Amdi)Sto stana so presudite na Paunovski, Nenovski, Buckovski , Vojo Mihajlovski svercot na armisko oruzje, otkrieniot namesten tender na TE Negotino, rasprodadenoto zemjiste na plostad i za Ramstor za smesni sum i mnogu dr.? Zatoa Gospodine ne se sekirajte za niv .Nema da im fali ni vlakno od glavata. Vo site drzavi ima mafija, a kaj nas MAFIJATA SI IMA DRZAVA. Al Kapone moze voda da im nosi na nasite mafiozo -kriminalci.A nas obicniot narod ce ne zamajuvaat so lazni patriotizmi, antiki , odbrana na ime i nacionalna gordost, za da mozat na raat da plackaat. Navistina poprost ,poneuk i ponaiven narod tesko se sretnuva vo Evropa !
Од: ilija
Датум: 13.07.2009 14:01:55
Vo ovaa drzava pozadi bilbordite,crkvata,verata,homofobijata,policiskata opresija,mediumite,se krie edna banda nepismeni drchni lopovi...
Од: trevor
Датум: 13.07.2009 14:32:32
Конецно се свестија, ама штета што треба да ги фатат во криминал па да се поправат, колку ли само поминаа неприметени. Да имаш домашна фабрика за автобуси и да купуваш кинески е пародија поголема од Монти Пајтон.

Најди! во Утрински
Политика
Македонија не е најстара библиска земја
За случајот „Сопот“ ќе се бараат нови докази