Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Арсов до професорите: Мрзливите да си одат

Никој не е казнет досега затоа што не употребувал компјутер

Жаклина Ѓорѓевиќ


„Да си одат мрзливите наставници и директори“, им порача директорот на Државниот просветен инспекторат, Џорџе Арсов, на професорите, кои, според него, одбиваат да користат компјутери во наставата. „Компјутери има, Интернет исто така, а има и софтвер“, тврди Арсов, кој вели дека наставниците лажат кога кажуваат дека проектот „Компјутер за секое дете“ не функционира.

Од вчера почнаа контролите во средните и во основните училишта дали компјутерите се користат во наставата. Досега ниту еден директор или професор на училиште не е казнет затоа што не употребувал компјутер. А, казните се навистина „сочни“, и тоа 3.000 евра за директор и 1.000 евра за наставник што нема да користи компјутер додека предава.

Инспекциски тимови од двете министерства, за образование и за информатичко општество, во претходниот период прошетаа по средните училишта скенирајќи дали во нив се инсталирани компјутери. Во наредниот период, пак, ќе се проверува дали компјутерите се користат во наставата, бидејќи според новата законска регулатива, 30 отсто од наставата мора да биде преку компјутери. Директорот на просветниот инспекторат, Арсов, најави дека целта им е целосно да ги оспособат компјутерите најдоцна до идната учебна година, а можеби и порано.

„Ако не ги користат компјутерите, ќе ги казниме наставниците и директорите, еднаш, двапати, но на крајот ќе мора да си одат“, ни изјави Арсов. Тој вели дека досега не се правени контроли за употреба на компјутерите, иако тие се користат веќе трета учебна година.

„Не може да се казнува за нешто што не постои“, вели директорот на едно скопско средно училиште, мислејќи притоа на софтверот што треба да се користи за компјутерите. Тој тврди дека досега никој не им предал софтвер за компјутерите. „Нашата борба не е да ги користиме компјутерите, туку да ги заштитиме од оштетувања“, додава тој. Според директорот, досега наставниците поминале само една обука и тоа за „едубунту“, која траела неколку дена. Дополнително, проблем им е тоа што компјутерите не се осигурени, така што одговорноста паѓа на грбот на училиштето.

Директор на друго училиште вели дека не може да се вклучат сите компјутери наеднаш, бидејќи ќе им изгори инсталацијата, па ги користат повремено во текот на наставата.

Опозицијата тврди дека наставниците никогаш не биле попонижени отколку што се сега, бидејќи само за 40 минути наставник може да биде казнет со 12.000 евра по три основи, кои тешко се докажуваат - 1.000 евра ако не ја користи информатичката опрема, 1.000 ако не применува интерактивна настава и од 5.000 до 10.000 евра ако не им укаже на учениците да не чкртаат во учебниците.


#
Статијата е прочитана 1076 пати.

Испрати коментар

Од: pero
Датум: 03.11.2010 14:21:58
mnogu navredlivo od covek koj sigurno ne znae da pisuva na kompjuter,a ne da raboti nesto drugo.Samo 20 ina % od kompjuterite rabotat,imaat celishodna primena vo 30 ina % predmeti i vo niv mozat da ja podobrat nastavata 20ina % pod uslov drugi 100 preduslovi da se ispolneti.So sila se saka promaseniot proekt da se odrzi vo zivot.
Од: Професорка
Датум: 03.11.2010 20:15:27
Да го потсетам Министерот, но и Ѓорќе нека научи нешто. “Лошата настава не може да се подобри со компјутери, а добрата може да се подобри“. Ова е позната реченица од еден американски педагог. Тие се направија наопаку. Лоши учебници, партиски директори, најголем број на петки по глава на жител, а сега, оп нешто што нема ни Америка: компјутер за секое дете, наместо лабораторија во секое училиште. Но, вака многу пари отидоа...но каде?
Од: Трпе
Датум: 03.11.2010 23:22:52
Џелатот,се извинувам Џорџ,овој со сменетото име ја кажува вистината.Треба да си одат мрзливите а на нивно место да дојдат нашите со портокаловите очила.Партиската книшка не е важна,важна е послушноста.А и способноста не е важна,важно е проектот да биде успешен.Тоа убаво се гледа со приучени кадри,кои знат да типкат по тастатурата се во сите институци.Земја на информатичари,зарем не.А наставниците нека наведнат глава,ако сакат да земат плата.А иако закаснат да не се бунат.

Најди! во Утрински
Политика
МПЦ избира светци
Во катастар мора да се плати секоја промена во имотот
За исти пари помалку ќе не' лечат?
Гаврил Светогорец си ја предвидел смртта
Пензиите не се намалени
Нераспаднатото тело на Јоаникиј Ракотински
И спикерот почна да бара инвеститори
Продолжуваат редовните операции
ЗНМ ќе избира ново раководство
Продолжуваат редовните операции






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis