Гаврил Светогорец си ја предвидел смртта
За епископот Гаврил Светогорец, познат и како Гаврил Лесновски, неоспорно е дека живеел аскетски живот во буквална смисла на зборот, ја предвидел сопствената смрт, а има и неколку чуда за кои сведоштвата од луѓето на кои им се имаат случено ги собира монашкото братство од Лесновскиот манастир. Ако правилата не се изменат, тогаш за негова канонизација ќе треба да минат најмалку уште 40 години. |