Специјалната болница „Филип Втори“, покрај ургентни случаи, од вчера за операции на срце прима и редовни пациенти. Болницата попушти и го потпиша договорот со Фондот за здравствено осигурување со што прифати да работи по пониски цени од сегашните за кардиохируршки операции. Со новиот договор, на болницата и' се одобрени дополнителни околу еден милион евра за до крај на годинава. Договорот е потпишан во интерес на пациентите, велат во „Филип Втори“, иако сметаат дека поле за договарање има за посложените операции. Со продолжување на соработката со „Филип Втори“, како и договорот со „Систина“, повеќе ќе нема листи на чекање за болните. (Ј.Ј.)
А со понискиве цени, нешто Жан Митрев ќе осиромаши, па нема да го докупи рестото од Штип. И нема да ја доврши ни античката тврдина која си ја гради таму од ќеф (поголема од Скопското Кале). Па нешто као се натегаат јавно со Фондот, кој му прави со години најексклузивни договори за енормно богатење. Не ми е криво за друго, но што мислите дека ви веруваме и ништо не знаеме.