Во битката за привлекување странски инвеститори се вклучи и спикерот Трајко Вељаноски. Тој пред парламентарците во Канада испратил отворен повик за инвестирање во Македонија. Вељаноски на претставниците на Комисијата за меѓународната трговија на Канада им порачал да ги охрабрат тамошните компании за пријавување на тендерите во Македонија.
Нашиот прв парламентарец очекувал посериозна заинтересираност во енергетската мрежа и учество на канадските компании во изградбата на хидросистемите во нашата држава. Според него, Македонија е мала, но има централна позиција на Балканот и во Европа. Тој смета дека преку слободните економски зони, даночната инвестициска политика и евтината работна сила во Македонија, би можело да имаат корист и државата и бизнисмените.
Првиот парламентарец побарал и олеснување на визниот режим за полесна комуникација со бизнис-заедницата. „Секоја инвестиција на канадски бизнисмени за Македонија е добредојдена“, изјавил Вељаноски.
Канадските парламентарци се интересирале за спогодбата за ослободување од двојното оданочување, по што добиле ветување дека наскоро ќе биде потпишана.
Трговската размена меѓу Македонија и Канада во изминатите три години е во нагорна линија, но дефицитот е на македонска страна. (Д.Р.)
Првин ја направија карикатурална држава ,за цел свет да ни се потсмева,сега барат странски инвеститори.И железни опинци да облечат,ништо нема да направат.Само нека продолжат да си играт детска градинка.Ке влеземе во рубриката Верувале или не!
Од: b
Датум: 03.11.2010 14:57:26
По невидениот успех со носењто на инвеститори, а со тоа и благоостојба во државава на Грујо, Ѓоле и Мизо, тргна и овој по нивни стапки. Но нему ке му е полесно, ке го црпи искуството на својте предходници, кој патем толку се прославија со оваа работа.
Од: kole
Датум: 03.11.2010 17:50:05
им порачал да ги охрабрат тамошните компании за пријавување на тендерите во Македонија ...
Pa na koi tenderi , site se neuspesni !?