Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Трговскиот дефицит расте, размената паѓа

Трговскиот дефицити и натаму расте, а размената со странство паѓа. За седум месеци, трговскиот дефицит достигна 1,31 милијарди долари, а споредено со јуни, дефицитот пораснал за 123 милиони долари.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика за периодот јануари-јули, обемот на стоковната размена на земјава со странство е за 37,4 отсто помал во споредба со истиот период од минатата година.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесува 1,454 милијарди американски долари, а на увозот 2,769 милијарди американски долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 52,5 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, односно таканаречени валани производи, облеката, фероникелот и преработките од нафта.

Во увозот најмногу е застапена суровата нафта, електричната енергија и моторните возила за превоз на лица. Во извозот на стоки најголемо е учеството на земјите-членки на ЕУ со 56,5 проценти и земјите од Западен Балкан со 36,8 проценти.

Во увозот, исто така, најголемо учество имаат земјите од ЕУ со 52,3 отсто и земјите во развој со 26,5 проценти. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 242 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Македонската економија поконкурентнa
Преработувачите бараат репрограмирање на кредитите
Платата ја покрива храната
Груевски во Кина
Гринспен
Институциите обучени за полесно ловење на перачите
„ЕВН Македонија“ воведува правобранител