Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции

Земјава е рангирана на 32. место и оствари скок од 37 места во однос на лани, стои во најновиот извештај на Дуинг бизнис 2010

Соња Маџовска

Македонија е топ-реформатор според Дуинг бизнис на Светска банка, ама и натаму останува на дното по влез на странски инвестиции во споредба само со земјите од регионот, а за подалеку не ни станува збор.

Во најновиот извештај на Дуинг бизнис 2010, Македонија е рангирана на 32. место меѓу 183 држави и оствари скок од 37 места во однос на лани, кога беше на 69. позиција. Истовремено, Македонија е трета меѓу топ-реформаторите во светот на листата што ја објавува Светска банка секоја година, заедно со извештајот Дуинг бизнис.

Секоја година Светска банка не' качува се' погоре и погоре на своите листи, според кои се гледа колку земјава напреднала во подобрувањето на условите за водење бизнис. Тоа е во делот на регулативата, но очигледно нема напредок во промената на перцепцијата на инвеститорите за земјава.

Според постојаниот претставникот на СБ во земјава, Маркус Репник, Македонија регистрирала голем напредок во делот на регулативата, но тоа е само еден сегмент. Тој смета дека за да се зголеми нивото на инвестиции, постојат и други бизнис-фактори, како што се макроекономската стабилност, перцепцијата на инвеститорите за земјава, но и инфраструктурата.

„Не треба да се смета дека високо рангирање автоматски значи и зголемување на странските инвестиции. Истражувањето на Дуинг бизнис е базирано на факти, а не на впечатоци. Станува збор за бројки за законски измени, регулаторни реформи, како што е, на пример, потребното време за започнување бизнис. Странските инвестиции се од исклучително значење за мала земја без излез на море. Дуинг бизнис го разгледува деловното опкружување преку очите на домашна, локална фирма. Имајќи предвид дека Македонија беше на 92. место пред три години, а сега е на 32. место, тоа значи дека има напредок во делот на регулаторните реформи. Има временско задоцнување меѓу реформите и инвестициите“, изјави вчера Репник во Скопје, пред директната презентација од седиштето на СБ во Вашингтон, на анализата на Дуинг бизнис 2010.

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, извештајот на Дуинг бизнис е најобјективната потврда за квалитетот на економските политики и за спроведените реформи што ги прави Владата, бидејќи потврдата доаѓа однадвор. За него 110-те милиони евра СДИ за првите шест месеци од годинава е солиден резултат, со оглед на кризата.

„Не би се согласил дека немаме странски инвестиции. Минатата година имавме 403 милиони евра, што е три-четири пати повеќе од просекот во изминатите години и тоа е одличен резултат, имајќи предвид дека последниот квартал од 2008 година, поради светската економска криза, компаниите помалку се решаваа да инвестираат. Оваа година за првите шест месеци имаме 110 милиони евра инвестиции, што со оглед на интензитетот на светската криза е солиден резултат, посебно ако го споредиме со 2005, 2004 и 2003 година и назад во добри години, кога светот одеше напред, кога имаше експанзија на економската активност, Македонија имаше по 100 милиони евра инвестиции годишно“, истакна вчера Ставрески.

СДСМ, пак, го поздрави напредокот и новото рангирање на земјава според Дуинг бизнис, но ја повика Владата да објасни зошто и покрај ваквото рангирање, не доаѓаат нови странски инвеститори во Македонија. „Дополнително, граѓаните сакаат да знаат зошто земјите од регионот за кои министерот за финансии, Зоран Ставрески, еуфорично вели дека се зад нас, имаат, условно, полоша бизнис-клима, ама многу повеќе странски директни инвестиции од Македонија? Во што е проблемот?“, прашуваат од СДСМ.

Инаку, Македонија со тоа што го зазема 32. место на листата Дуинг бизнис 2010 е рангирана најдобро во регионот, пред Бугарија, која се наоѓа на 44. место, Словенија на 53., Романија на 55., Црна Гора е 71., Турција 73., Албанија - 82., Србија - 88., Хрватска најмногу отишла надолу и се наоѓа на 103. место, и Грција е далеку зад нас на 109. место, Косово - 113. и Босна и Херцеговина од земјите во регионот најлошо стои, заземајќи го 116. место.

И тука се отвора дилемата зошто, на пример, Албанија е 50 места подолу од нас, ама таму влегуваат милијарди евра.

„Албанија беше еден од топ-реформаторите минатата година, презеде големи чекори за да ја подобри регулативата. Постојат и други бизнис-фактори што влијаат на одлуките на инвеститорите“, истакна постојаниот претставник на СБ во земјава.

Земјите на листата Дуинг бизнис се рангирани според десет категории.

Земјава најлошо стои во категориите „регистрирање имот“ и „затворање на бизнисот“. На 137. место Македонија е рангирана според критериумот за одобрување дозвола за градење. Според Светска банка, за да се добие дозвола за градба во земјава, потребни се 146 дена.

Во делот на престанување со работа, СБ пресметала дека на одредена компанија во земјава и' треба време од речиси три години да ја заврши ова процедура. Според овој критериум, се наоѓаме на 115. место, и во однос на лани сме напреднале за 16 места. Како лошо рангирани се сметаат и критериумите за „добивање кредити“ и „присилно спроведување на договорите“.

Голем скок од дури 68 места во однос на минатогодишната листа, Македонија бележи во заштитата на инвеститорите. Како придобивка за инвеститорите се сметаат донесените измени на Законот за трговски друштва со кои се зголемува транспарентноста на трансакциите меѓу акционерските друштва со поврзани лица. Исто така, во позитивната оценка влегува и обврската на акционерските друштва кои котираат на Берзата неодложно да ги објавуваат информациите за сите трансакции до Комисијата за хартии од вредност. Скок од 64 места, пак, има во делот на вработувањата. СБ оценува дека земјава направила важни реформи со измените на Законот за работни односи од август 2008 година, насочени кон зголемување на флексибилноста на пазарот на труд.

Македонија е најдобро рангирана во категоријата „започнување бизнис“ и се нагласува дека фирма во земјава се регистрира со четири процедури за четири денови, без минимален капитал. Добри резултати Македонија има и во областите „плаќање даноци“ и „прекугранично тргување“, според кои земјава се наоѓа на 26. место, односно 62. место.

Најдобри на светот за водење бизнис, според оваа листа, се Сингапур, Нов Зеланд, Хонг Конг, САД, Велика Британија, Данска, Исланд, Канада, Австралија и Норвешка, а на дното на листата се Централноафриканската Република, Конго, Демократска Република Гвинеја - Бисао, Сао Томе и Принципе, како и Република Конго.

Светска банка, секоја година, заедно со извештајот Дуинг бизнис, ја објавува и листата на топ-реформатори на светот, на која и годинава се најде Македонија, на високото трето место. Прв пат годинава топ-реформатор е земја од Супсахарска Африка и тоа Руанда, а по неа следуваат Киргистан, Македонија, Белорусија, Обединетите Арапски Емирати, Молдавија, Колумбија, Таџикистан, Египет и Либерија.




#
Статијата е прочитана 937 пати.

Испрати коментар

Од: stevo bojler
Датум: 10.09.2009 02:43:07
Se e lazenje...Se zboruva za nekakov za napredok pri otvaranje firmi vo MK, za 4 dena itn. A da ve prasam jas, probal nekoj da zatvori firma vo MK, da vidi kolkava procedura e toa?? Pa toj proces trae lugje so meseci. Toa li e reforma?? Duri vladata napravi loso so toa. Zosto? Zatoa sto stimulirase otvaranje firmi. Mnogu lugje se zaletaa deka ke rabotat. Dojde recesija i sega ima ilijadnici firmi sto treba da se zatvorat. Bidejki, sega nema opcija vo zakonot, kako porano da se stavi firmata vo miruvanje, ako na pr. ne ti odi.
Од: Zarko
Датум: 10.09.2009 03:05:38
Ima nekolku pricini zosto Makedonija e posledna vo stranski investicii vo regionot a ima najodra biznis klima- goleminata na pazarot (zad Makedonija e edinstveno Crna Gora, no tie imaat ogromen turisticki potencijal; BG i Srbija se 4x-5x pogolemi od MK), razvienost na trasport-vrskite so golemite svetski ekonomii, stepen na razvienost i ceni na telekomunikaciski uslugi, vnatresna stabilnost (pod ova mislam na meguetnicki odnosi) itn (plus, se razbira faktorite sto gi citira pretstavnikot na SB vo MK). Del od ovie faktori zavisat od nas, del ne. Prasanjeto e zosto tolku dolgo vreme i trebase na nasata drzava da sozdade povolna biznis klima kaj nas, i koj e odovoren za toa.
Од: Kire USA
Датум: 10.09.2009 04:37:56
Se prasuvam kolkav % ima prilivot na devizi od nasite iselenici od stranstvo ??Kako sto mi e poznato sekoja transakcija odi preku svetskata banka.
Од: ??
Датум: 10.09.2009 06:08:26
Зошто Албанија има повеќе инвестиции од нас? А толку ли не е јасно? Затоа што имаат море и затоа што имаат поголема дијаспора и лобисти, ете затоа.
Од: Трпе
Датум: 10.09.2009 06:30:47
Честитки до ЕПП владата,на чело со мистер Рејтинг.Па нели тие ветија дека Македонија и се е можно.На чело си го имаме прилепскиот економист а сега и мр кој реши Македонија да ја прави Швајцарија.Зошто тие странски инвестици и кога сами си можеме.Па и Куба е затворена и опстојува сама.Тоа го покажува и народот ,по него се осека дека убаво си живее.Нормално кога сме на дното,најдобро се осека дека уште мрдаме и дека значи мрдаме ,не се даваме и вртиме во круг.Незнам во економскиот просперитет дали влегува економскиот развој на Сведмилк,високите цени на житото и другите земјоделски производи.Дали е напредок и влегувањето на ТАВ.Можеби место кај нас да инвестират странците ние инвестираме во странство.Се шушка дека ние инвестираме во Чешка.Дека наши граделе хотели во Бугарија на црното море.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 07:57:07
Ваквото рангирање кое доаѓа од светската банка мора да предизвикува бес кај опозиционерите затоа што им ја девалвира критиката во врска со економијата.Во редовите на светската банка мора да се инволвирале вмровци кој влиале на ваквото убаво рангирање.Место радост се ,, прават дупки во водата,, демек не се одразува на странските инвестииции,иако се знае секаде се секнати поради кризата.Зависта е преголем товар за нејакиот грб на опозицијата која треба да ја направи долго очекуваната економска платформа па така да гледаме користен судир на концепти.Се друго се љубоморни патардии.
Од: Gragjanin
Датум: 10.09.2009 09:24:46
Ako ova rangiranje ima nekakva objektivnost i vrska so stvarnosta togash zoshto edna od EU odrednicite (benchmarkovi) e seushte Podobruvanje na Biznis Klimata?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 09:36:03
Секако! Обожувам кога сме на врвот! Посебно кога Друштво ни прават топ земји како Руанда. Соседството на Борат е исто така мнооогу интересно по својот степен на развој! Секоја Чест на бладата! Сега, друштво ни прават Најсилните и Најразвиени земји во светот! А и тие самите ни се Нај! Успесите секојдневно се видливи на земја. Мед и Млеко! Златни Улици. Сè средено, сè наместено, ИзРеформисано! И сегааа... Не сме биле за у Европа! Ете, злобни усти на гркофили, србомани, туркомили.... А ние, Уште малку па ќе почнеме к`о Америка и Енглеска (земја пролетерска): Војска ваму, Војска таму, Војска онде... Да си ги заштитиме интересите, слободата и демократијата, а и слобода на другите да им донесеме, не за другооо...!
Од: Стојан
Датум: 10.09.2009 09:59:07
На хартија се изгледа убаво, но господата од Дуинг бизнис не го знаат секојдневието во Македонија. Некомпетентна и корумпирана бирократија, катастрофална инфраструктура и висок ризик (в. рејтинг агенции) се нашата реалност. Не се доволно само законите, кога нивното исполнување на функционира. Но тоа е вон видикот на Дуинг бизнис.
Од: Hartijata trpe se
Датум: 10.09.2009 10:02:23
Zakoni imalo i porano ima i sega.Na hartija ima se,medjutoa cumu zakoni ako taa ista vlada ne gi pocituva.Vo ovaa drzava e polesno da si stranec posebno naturaliziran Bugarin otkolku Makedonec.Tesko na Makedonecot koj treba na televizija da slusne deka mu bilo super.Dajte bre da pocuvstvuvame deka e dobro i prestanete da ni kazuvate kolku bil medot blag.
Од: pravda
Датум: 10.09.2009 10:59:31
Do FELIKS: mozebi ovaa vest predizvikuva bes kaj opozicionerite ama izgleda kaj tebe predizvikuva nemoc da dades odgovor zosto nema investicii,zosto vrabotenosta e ista kako pred tri godini koga dojdovte na vlast,zosto nema ekonomski prosperitet a go vetivte vo "INVEST MACEDONIA",zosto nema kuli vo vozduh a gi gradite celi tri godini
Од: vmrovec-ljubcovist
Датум: 10.09.2009 11:07:01
nie sme za zalenje.koi investicii koi bakrachi.najniska plata ubedlivo ima vo mkd vo cel region.edna bosna sto e vestacka drzava ima pogolema plata vo procenti.plus bese razurnata od vojnata.srbija znaete li kolku e platata.10 g vojuvaa i bea pod embargo.albanija milijarda ipol investicii.na kogo prodavaat magla.ne gledame site sitel i citame vecer.
Од: bo
Датум: 10.09.2009 12:40:48
do koga so ovie gluposti!dojdovme do pitacki stap a ja kolu sto znam nemame NITU EDNA edinstvena investicija cela godina!dosta prodavate magla
Од: јас
Датум: 10.09.2009 12:43:12
До пастирот : И Македонија прва да биде на листата, џабе е!!! Се' додека твојава детска градинка е на власт и бара „тешки “ провизии од фирмите што сакаат да инвестираат тука НИШТО ОД БИЗНИСОТ!!!Па која странска фирма да влезе во земјава , кога ЕВН ја кочите на секој чекор.Ако македонскиот народ лесно го лажеш со рекламите , странците не „пијат нафта “...Ја направивте Македонија ЦРНА ДУПКА , се' што ќе влезе , не излегува...

Најди! во Утрински
Економија
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Македонската економија поконкурентнa
Трговскиот дефицит расте, размената паѓа
Преработувачите бараат репрограмирање на кредитите
Платата ја покрива храната
Груевски во Кина
Гринспен
Институциите обучени за полесно ловење на перачите
„ЕВН Македонија“ воведува правобранител