Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
Гринспен: Светот ќе се соочи со нови кризи

На светот му се закануваат нови финансиски кризи, кои ќе бидат различни од актуелната глобална, изјави поранешниот прв човек на американската управа за федерални резерви (ФЕД), Алан Гринспен, во интервјуто за британската телевизија Би-Би-Си 2.

„Финансиските кризи се разликуваат една од друга, но сите имаат еден заеднички извор, а тоа е нескротливата желба на луѓето за продолжување на долгите периоди на просперитет на што е можно подолг рок“, изјави Гринспен.

Тој во интервјуто наведува дека ја предвидел актуелната глобална криза, која, според него, е последица на подолгиот период на економски просперитет во развиените земји. Актуелната криза е предизвикана од зголеменото тргување со хипотекарни кредити во САД, при што заемите за купување недвижен имот им се одобрувани на лица со лоша кредитна историја, смета Гринспен. (МИА)


#
Статијата е прочитана 565 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Македонската економија поконкурентнa
Трговскиот дефицит расте, размената паѓа
Преработувачите бараат репрограмирање на кредитите
Платата ја покрива храната
Груевски во Кина
Институциите обучени за полесно ловење на перачите
„ЕВН Македонија“ воведува правобранител