Платата ја покрива храната
Просечната плата во април, мај и во јуни ја покриваше потрошувачката кошница за храна и пијалаци, соопшти Државниот завод за статистика. Едно четиричлено семејство, во периодот април-јуни годинава, со просечната нето- плата, можело да ја наполни месечната кошница за храна и пијалаци. Според податоците, просечната нето-плата за тие месеци ја покривала потрошувачката кошница за храна и пијалаци, а најголем остаток од 40,3 отсто е забележан во јуни. Просечната нето-плата за април изнесувала 20.167 денари, при што трошоците за храна и пијалаци биле пониски од просечната плата за 7.437 денари, односно за 36,9 отсто. (МИА) |