Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Преработувачите бараат репрограмирање на кредитите

Дел од средствата што ги одобри Европската инвестициска банка да се наменат за репрограмирање на кредитите, примарното земјоделство да се субвенционира со два денара за предаден килограм во преработувачките капацитети и да се интензивираат контролите при увозот на прехранбените производи, бараат компаниите од конзервната индустрија.

Високите царини на репроматеријалите, недостигот на обртни средства и одложената наплата на извозуваните производи, се нивните клучни проблеми, што вчера ги презентираа пред министерот за економија, Фатмир Бесими.

„Бараме полесен пристап до кредитите, особено за средствата од ЕИБ. Многу е важно да има и наменски кредити преку МБПР, што би се користеле за исплата на земјоделците, кои го предале своето производство во нашата индустрија“, рече Момчило Ивановски, сопственик на „Бонум“.

Ивановски предвидува затворање на дел од капацитетите доколку преработувачите не успеат да ги искористат парите од ЕИБ. Тоа практично значи дека примарното производство ќе остане на поле.

„Постојано слушам од медиумите дека овие 100 милиони евра се наменети за нови проекти. Но, се наоѓаме во криза и многу малку фирми од нашата бранша во овој момент помислуваат да градат нови објекти зашто имаме проблеми со ликвидноста на постојните“, истакна Ивановски.

Според него, иако конзервната индустрија секоја година го зголемува извозот за 20 отсто, постојано се соочува со недостиг на обртни средства. Поради глобалната криза, пак, земјите каде што, главно, се реализира нашиот извоз, ја одложуваат исплатата на откупеното од 90 на 260 дена.

„Обемот на производство во прехранбената индустрија, за разлика од текстилната и од металната, годинава е речиси непроменет. На слично ниво како лани е и бројот на вработените. Но, фирмите се соочуваат со проблеми при наплатата на извезеното. Доколку порано ги добивале парите за три месеци, сега тој период е пролонгиран од 120 до 150 дена, што влијае врз нивната ликвидност и потоа, индиректно, на откупот на земјоделското производство“, изјави Бесими по средбата со стопанствениците.

Владата ќе им помогне на бизнисмените преку намалување на царините за репроматеријалите, а ќе реагира и во ЦЕФТА поради новите заштитни мерки што некои земји-членки на оваа асоцијација ги воведуваат. „Ќе реагираме за да се увериме дека државите-членки на ЦЕФТА го почитуваат договореното, функционирање како заеднички пазар, без бариери“, напомна Бесими. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 176 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Македонската економија поконкурентнa
Трговскиот дефицит расте, размената паѓа
Платата ја покрива храната
Груевски во Кина
Гринспен
Институциите обучени за полесно ловење на перачите
„ЕВН Македонија“ воведува правобранител