Број 3082  четврток, 10 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонската економија поконкурентнa

Женева - Македонија го подобри својот рејтинг и од вкупно 133 земји се најде на 84. место, со индекс 3,95 на компаративната листа на најконкурентни економии за 2009-2010 година, објави вчера Светскиот економски форум.

Меѓу првите поранешни југословенски земји е Словенија, на 37. место, со индекс 4,55. Словенија минатата година беше на 42. место. Црна Гора, исто така, постигна напредок и од 65. место се искачи на 62. место, со индекс од 4,16.

Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина бележат пад. Хрватска од минатогодишното 61. место падна на 72. место, а нејзиниот компаративен индекс изнесува 4,03. Србија забележа пад од осум места и е на 93. место, а Босна и Херцеговина се најде на 109. место и е за две места послабо рангирана во однос на претходната листа. САД, поради слабеењето на финансискиот пазар и макроекономската стабилност, водечката позиција и' ја препуштија на Швајцарија. Сингапур е на трето место, а потоа следуваат Шведска и Данска. Во првите десет земји се најдоа и Финска, Германија... (МИА)


#
Статијата е прочитана 291 пати.

Испрати коментар

Од: Kire USA
Датум: 10.09.2009 04:31:06
Bravos se gleda po profitite i podobruvanje na standardot na graganite samo napred ... Treba medal da im se dodeli na odgovornite funkcioneri ......
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 09:45:09
Се гледа! Конкуренција невидена! Абееее... Крај! Закон! Чудо - невидено! Отсекогаш знаев дека сме Земја на Чудата! Немаше да ме чуди и пред Словенија да сме. Бидејќи нашата блада работи 24 часа, 8 дена во неделата, а не ко другине. Него и ја, будала... Јадам бурек, за џабе...(не к`о Јанко, к`о Ја). Гле`аш дека на сите им е убаво... Не се бунат, се радуваат! Ќути си, Трај си...
Од: kole
Датум: 10.09.2009 11:58:46
Kire!!! Kakvo podobruvanje na standardot bre gledas od Amerika, dojdi da vidis ovde kako ni e, ta ne od USA, da ne zavrsis vo Bardovci??? Ili mu veruvas na lagite na Gebels, pardon Gruevski???

Најди! во Утрински
Економија
Македонија топ-реформатор - ама без инвестиции
Владата сака да стави рака врз синдикатите
Трговскиот дефицит расте, размената паѓа
Преработувачите бараат репрограмирање на кредитите
Платата ја покрива храната
Груевски во Кина
Гринспен
Институциите обучени за полесно ловење на перачите
„ЕВН Македонија“ воведува правобранител