Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter

Поглед

Mрзливите стој!

Жаклина Ѓорѓевиќ

Како ќе проверува главниот просветен инспектор, Џорџе Арсов, кој е мрзлив, а кој работлив во училиштата? Ќе бара ли секојдневни извештаи од директорите кој го вклучил денес компјутерот, а кој не?

Директорот на Државниот просветен инспекторат решил да расчисти со сите оние што имаат отпор кон компјутери, порачувајќи им на мрзливите да си дадат отказ. И тоа донекаде е можеби оправдано, бидејќи наставниците секогаш треба да се обучуваат и да се во тек со сите трендови во образованието, а не да останат „замрзнати“ во времето. Но, од каде главниот инспектор заклучи дека наставниците се мрзливи, па не сакале да ги користат компјутерите?

Во училиштата се жалат дека се доцни со инсталацијата на компјутерите, а и кога ќе ги инсталираат не се во функција бидејќи, како што велат, немаат софтвер за нивна употреба. Така што тврдат дека повеќе ги користат за сурфање на интернет отколку што навистина ги употребуваат во наставата. Но, Арсов и за ова има одговор и вели дека наставниците лажат кога велат дека во школите нема Интернет, ниту, пак, софтвери, па затоа не ги употребуваат компјутерите. Напротив, тој ги опиша наставниците како мрзливи, бидејќи не ги користат.

И претходно тој се обиде да воспостави ред, најавувајќи казни за директорите на школите каде што се бараа пари од учениците за да се надоместат штетите на компјутерите. Дури имаше и 40-ина пријави за директори каде што имало најголеми оштетувања.

Арсов е познат меѓу колегите новинари како еден од ретките во Министерството кој е слободен во изјавите, сакајќи да остави впечаток дека сака да воведе ред во образованието. Но, ќе успее ли во тоа?


#
Статијата е прочитана 1572 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 04.11.2010 13:34:01
Државата од ден да ден ни станува се повеќе не еднопартиска туку полуумна.И ова било демократија,каде секој повисок функционер работи застрашувачки.Полициска држава нема што.Секој инспектор е поголем полицаец.Им земат мера на овие кои не размислуват како бладата.Ке ги истерат од работа овие кои не се наши а на столчето ке ги донесат нашите без разлика со какви способности располагат.Образованието го уништија до темел со нивните непромислени проекти.Каско што слушам во училиштата има се пообучени наставници а се понеписмени ученици.Учениците иматѕ поголема сила и моќ од наставниците.Од ова понижување поголемо здравје.Кои се мрзеливи наставници само на власта им е познато.
Од: од редовен читател
Датум: 04.11.2010 13:47:14
А баш по сите ли предмети можат и треба да се користат компјутерите, или учениците ќе мораат и да си одиграат по некоја игричка, само да се задоволи ќефот на некој си инспектор или директор. Нашиот образовен систем требаше да се доградува и усовршува согласно современите текови, а не да се разгради до корен, па сега кобаја��и се прават реформи и се унапредува знаењето. А колку знаат нашите ученици?
Од: Сергеј
Датум: 04.11.2010 16:29:56
Даскалите се се’ пописмени, а учениците се се’ понеписмени! Сега му е мајката на просветните власти да извршат чистка и по школоте. Молчете, интелектуалци, сладок ви е лебот! Со вашето молчење, набргу ќе ви стане горчлив! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Виктор
Датум: 04.11.2010 19:14:06
Ќе успее сигурно, како што успеа да воведе ред во урбанизмот во Кисела Вода, па затоа беше награден со ова работно место.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.11.2010 21:58:07
Поседувањето компјутер не продуцира знаење.Целата работа со компјутериве е поставена наопаку.Некој замислува дека е доволно да се купат,друг дека е доволно тие да се постават,за да се прогласи успешноста на реформата!Всушност,каква реформа се Празни компјутери,без основен оперативен систем?Каква реформа на образование правиме,ако наставникот нема знаење по предметот што го предава,а сме го компјутеризирале?Каква реформа и какви генерации ќе создадеме,ако знаат да работат на компјутер,а им недостасуваат основната писменост и знаењето?Каква наука ќе имаме,ако во знаењето имаме празнини?Заблудата што ја пласираат недокваканите е дека е доволно да имате компјутер,или интернет,и да знаете да работите на него,за да кажете дека сте дизајнер,книжевник,научник...Невозможно е да се стекне знаење без познавање на научните теории,без книгите,без надградба на духот преку осознавањето на уметноста!

Најди! во Утрински
Насловна
Исчезнати милионски договори за „Скопје 2014“?!
Тиквешански
Тендер по тендер, инвеститори аш
Македонско-бугарски историски контроверзии (22)
Драстична диета на вода и лимон
Калеников им објави војна на Азески и на Гошев
Петровски
Обожава да биде вљубена
Лустрација со политичка дерегулација
Отишол по мајонез и не се вратил
Интернет-билети за крш возови
Карикатура
Стил
Скопски средношколци избодени со нож
Во Норвешка најубаво се живее
Динамо Загреб се прошета низ Белгија
Авион падна во Куба - 68 мртви






Confusion over Hungarian private pension funds
Romania and Moldova sign historic border treaty
Albania is refused EU candidate status