Бугарија кон Македонците се однесува како во времето кога им ги менуваше имињата на Турците, вели Красимир К'нев од Хелсиншкиот комитет
Виктор Цветаноски
ООМО „Илинден – ПИРИН“ е голем залак што тешко може да го проголта официјална Софија и прави се' да не и' даде легитимност на партијата на Македонците. Сите настојувања омовци да се вратат на политичката сцена ги спречува, измислувајќи разни формални причини и вршејќи пресија врз нив. Бугарските власти ги поставуваат таквите блокади не поради опасноста ОМО „Илинден“ – ПИРИН да стане моќен политички фактор, туку поради тоа што тие се Македонци и се борат за правата на македонското национално малцинство што Софија не го признава.
Партијата беше регистрирана на 12 декември 1999 година со решение на Софискиот градски суд. Таа учествуваше дури и на локални избори и победи во три населени места, а нејзини кандидати станаа кметови. Меѓутоа, набрзо потоа по барање на пратениците на БСП, партијата на актуелниот претседател Георги Прванов, Уставниот суд ја забрани ОМО „Илинден“ – ПИРИН, а таа поведе судски спор во Стразбур, кој ја осуди бугарската држава. Меѓутоа, Софија и ден денес не сака да го слушне гласот на демократска Европа и натаму си тера по старо.
„Бугарија во односот кон Македонците нема излезено од ’преродбенскиот процес’ од времето на насилничкото менување на имињата на Турците. Концепцијата на тогашната комунистичка власт беше дека такви луѓе нема. Штом има некакви што се сметаат за такви треба да бидат преименувани и да бидат асимилирани. Истото мислење е присутно денес во однос на Македонците во Бугарија. Пропагандата против ОМО ’Илинден‘ – ПИРИН што беше спроведена од речиси сите медиуми, пред се', од државните, посебно од Националната телевизија, потсетува на пропагандата што се водеше за време на ’преродбенскиот процес’ на Турците“, ни изјави по забраната на партијата претседателот на Бугарскиот хелсиншки комитет, Красимир К’нев, кој ја застапува пред Судот во Стразбур.
Тој смета дека ОМО „Илинден“ – ПИРИН, како и секоја друга партија, има право на свое постоење и нема никаква основа да биде прогласена за противуставна. Според него, тоа што го прифати Уставниот суд, всушност, било многу опасно.
„Самите мотиви на Уставниот суд за поништување на регистрацијата звучат како статија на овдешниот весник ’Македонија‘ на бугарската ВМРО, а не како на вистинско решение на врховен судски орган на држава. Решавачко влијание за таквото решение изигра токму фактот што тие луѓе се сметаат за Македонци. За жал, бугарската држава не признава постоење на такви луѓе. Не само во Бугарија, туку и во Република Македонија. Нема никакво сомнение дека во 1990-1991 година просторот за демократски ��деи во Бугарија беше поширок отколку што е сега. Јас мислам дека од 1990 година досега настапија негативни тенденции во бугарското општество, специјално во однос на правата на малцинствата. Воопшто во врска со човековите права имаше прогрес поради силен надворешен притисок, но во однос на правата на малцинствата има многу негативни тенденции“, вели К’нев.
По забраната на ОМО „Илинден“ – ПИРИН, реагираше и Клаус Шрамајер, поранешен германски амбасадор во Скопје. Од 1990 до 1996 година тој беше втор човек на германската амбасада во Софија и добро ги познаваше состојбите во Бугарија. Според него, прогласувањето на партијата на Македонците за противуставна било само една потврда на фактот дека на Балканот се' уште постоеле непријателства и недоверба, дека односите меѓу државите биле под влијание на чувствата и емоциите. „Тоа ќе биде долг процес што бара и промени во менталитетот, но тоа е единствениот вистински пат“, изјави Шрамајер .
Од членовите на Уставниот суд само судијката Маргарита Златарева беше против забраната на ОМО „Илинден“ – ПИРИН. Во образложението зошто се оградува од решението на судот, таа подвлекува дека идејата што ја поддржувала партијата дека во Бугарија живеат луѓе со македонско самосознание не и' се заканувала на територијалната целокупност.
„Вистина е дека идејата не е од тие што се пријатни за слушање, дури и дразни. Но тоа е слободата - да се кажуваат и мисли што ги мразиме. Уставно заштитеното право означува дека државата, односно судот не може да забранува изразување на една идеја само затоа што општеството ја смета за неприфатлива или навредлива или историски невистинита. Многу подраматични ќе се последиците од една забранета партија отколку од можностите таа отворено да ја извршува својата дејност“, образложи Златарева, која од некои медиуми беше обвинета дека не мисли како нејзините колеги поради тоа што имала македонски корени.
„И по влегувањето во ЕУ негаторскиот однос кон Македонците продолжува и натаму. За разлика од порано кога против нас имаше силна кампања во медиумите, таа сега е тивка. Мислам дека сфатија оти отворената кампања против нас им прави многу лоша услуга и го урива имиџот на Бугарија пред ЕУ. А нас ни дојде преку глава од постојаните напади врз партијата и Македонците и применивме друга тактика и за се' ги информираме сите институции на ЕУ. Кампањата во медиумите одеднаш стивна. За нас повеќе не се пишува ниту лошо ниту добро. Сега немаме случај да биде одбиено некое барање ако сакаме да се собереме по повод годишнината од убиството на Јане Сандански или од смртта на Гоце Делчев и Илинденското востание. На такви собирања повеќе не присуствуваат националистите на Красимир Каракачанов, кои ги извршуваат валканите работи на државата. Нивните луѓе што работеа за бугарските служби за безбедност одеднаш исчезнаа“, вели Стојко Стојков еден од копретседателите на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
Според него, нема никакви шанси Софија под притисок на Европа во догледно време да го признае македонското малцинство. „Сегашната власт се обидува да им објасни на европските структури дека нема потреба од признавање на македонско малцинство. Според нив, доволно било што Македонците биле регистрирани со пописот и дека тоа, всушност, било еден вид нивно признавање. Ние го оспоруваме тоа мошне успешно пред комисиите со кои имаме разговори и им објаснуваме дека тоа не е никакво признавање, дека ние сакаме да бидеме регистрирани во документите поврзани со Рамковната конвенција за правата на малцинствата за да можеме како бугарските државјани со македонска свест, да ги уживаме сите права што произлегуваат од тој документ кој го има верифицирано Бугарија. Засега Конвенцијата е мртво слово на хартија и таа воопшто не важи за нас Македонците. Ние сме бугарски граѓани и нашата иднина ја гледаме во бугарската држава, но сакаме да ги имаме сите права како национално малцинство. Сакаме нашите деца да учат и на македонски јазик за да можат да се запознаат со културата што се создава во Република Македонија. Сега тие се изолирани од развојот на македонската култура, а во бугарските училишта ги учат дека се Бугари и се' што е македонско е бугарско“, додава Стојков.
Тој посебно нагласува дека бројката од 5.000 Македонци регистрирани на последниот попис не е реална бидејќи притисокот врз нив да се определат како Бугари се' уште е голем. Како поткрепа на тоа го посочува примерот со кметот од едно село, кој според законот бил именуван од општината. Поради тоа што се определил како Македонец го повикале неговите претпоставени и му поставиле услов – или да го земе пописниот картон и таму да се запише како Бугарин или да го напушти кметското место. За и натаму да остане кмет морал да си ја смени националноста.
„Голем е бројот на Македонци кои се' уште се плашат јавно да кажат шт�� се по националност. Бугарската власт го знае тоа и нивниот страв постојано го потхранува. Тоа најдобро го илустрира акцијата што ја спроведе кога сите членови на ОМО „Илинден“ – ПИРИН ги викаше во полиција за да провери дали навистина се потпишале на пријавите за зачленување во нашата партија. Беа повикани 5.000 луѓе за наводно да им ги проверат потписите, а всушност за да ги исплашат“, објаснува Стојков.
Ако и погледнеш на вистината во очи тогаш според македонските правила си предавник. Значи ли тоа дека Гoце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров се предавници затоа што се нарекувале пинаку. Само за потсетување, нашите најголеми преродбеници Миладиновци, со својот зборник, печатен во загреб “ Бугарски песни из Македонија“ кажуваат нешто различно од вас. А колку за потсетување македонските партизани имаат убиено десетици илјади Македонци, кои не се согласувале со србоманската политика, еден милион избегале во Таканаречена од вас душманска Бугарија. Вие се обидувате да не и погледнете на вистината во очи, е за ваша жал така не се гради држава. Кога ќе расчистите со минатото, само тогаш ќе се исправите гордо пред иднината. Резиме: Започнете да читате странска литература а не само србоманска
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 04.11.2010 12:18:51
Nezavisno od toa dali BG kje ja legimitira OOMO Ilinden, makedoncite vo BG, za razlika od turcite, koi brojat skoro milion, nema da bidat politichki faktor, od prostata prichina shto so mali iskluchoci makedoncite vo BG se chuvstvuvaat bugari. Za dobroto na MK i BG namesto da barame razliki, treba da bideme svesni deka imame povekje zaednichko. So nashite sogragjani albancite i turcite imame malku zaednichko.
Од: Dimitar Vlahovv
Датум: 04.11.2010 12:29:25
Nee ništp čudno. Fašizoidna vlast vo Bugarija saka da gi izbriše Makedoncite, kade i da e bilo. Toa go javno izrazuval Georgi Prvanov i site členovi na Vladata. Srekjum Makedoncite se otporni na takvo ugnetuvanje.
Од: Cacko
Датум: 04.11.2010 12:30:22
Ajde procitajte sto napisavte g. Cvetanovski.Eve ve citiram.“Партијата беше регистрирана на 12 декември 1999 година со решение на Софискиот градски суд. Таа учествуваше дури и на локални избори и победи во три населени места”Pobedile vo 3 naseleni mesta?!!!!!Nema da kazam deka vo Bugarija demokratijata e na zavidno nivo,no od silnite 2 mil. makedonci uspeaa da dobijat vo 3 izborni edinici i toa na lokalno nivo???!!!Ke navedete deka gi povikuvale na razgovori vo policijata za da gi isplasat.Mora da imaat golemo nacionalno cuvstvo ako ja smenile nacionalnosta poradi faktot sto bile povikani na razgovor.Se dodeka ne se soberat barem stotina iljadi makedonci na nekoj si miting ili demostracii,da go iskazat svoeto makedonsko nacionalno custvo,se dotogas vo makedonskite mediumi ne treba da se spomenuvaat "makedoncite vo Bugarija".Zemete primer mak. albanci.300-400 iljadi ja tresat Makedonija.kako tie ne se isplaseni od policijata?I nikoj ama bas nikoj nemoze da im go smeni identitetot.
Од: pameten
Датум: 04.11.2010 12:45:56
“Dedomi i babami velea " Turskoto go zavarivme od roduvanje i bese tesko za ziveevnje. Fasistite germanci i bugari gi precekavme so vareni jajca i pogaci ama napravija pustoss od Makedonija…”. Tochno e. Istorijata na Makedonskiot narod vo edna rechenica. Tie koi shto pamtele Tursko dobro pamtele i “Prvo Bugarsko” koga 1/3 od Bugarskite generali bile od Makedonija i narodot se identifikuval so niv. Logichno, vo 1941 tie gi precekale Bugarite so pogachi. No se bilo razlichno. Makedonija, Bugarija (pa i Srbija i Grcija…) se tresele od gragjanski vojni. Za zhal ova vo Makedonija prodolzhila i po 1944 protiv “bugarofilite” antifashisti kako Chento. Venko Markovski i t.n. Denes konfliktot za korenjata na Makedonskiot narod ne e so Bugarija (bash i e gajle nea. Vo 1999 Omo Ilinden imashe registracija i dobi doverbata na 3000 glashacha (2% od Prirnci). Sportot e vnatreshen, Makedonski....
Од: bg
Датум: 04.11.2010 13:12:20
Уставот на Република Бугарија
Член. 6
. (2) Сите граѓани се еднакви пред законот. Не се дозволени никакви ограничувања на правата или привилегии врз основа на расата, народност, етничка припадност, пол, потекло, религија, образование, убедување, политичка припадност, лична и општествена положба или имот состојба
Член. 11.
4) Не може да се појават политички партии на етничка, расна или верска основа, како и партии кои се поставуваат за цел насилно заземањето на државната власт.
Од: ilija
Датум: 04.11.2010 13:27:17
a zosto tie od omo ilinden pirin ne se registriraat po vazeckite zakoni vo r. bugarija kako politicka partija a zabraneti se zatoa sto ne gi sobrale potrebnite 5.000 potpisi sto se neophodni za registracija za partija po novite zakoni vo bugarija prilagodeni so pravoto na evrpska unija inaki omo ilinden porin spored zavod za statistika na r . bugarija uspeale da soberat 54 (pedest i cetiri) potpisi vo cela bugarija navistina golem uspeh
Од: VP
Датум: 04.11.2010 14:02:49
Многу, малку - не знам зошто не се регистрира ООМО, зошто да не се регистрира - што значење има бројот на луѓето кои ги поддржуваат?
Да не стане само залокот сосема на трошки потоа.
Инаку во Пиринска Македонија ДПС / Движење за права и слободи / е втора политичка сила.
Но, во самата Македонија - за жал - мај навистина не знаат колку јагниња се печат за Илинден во Бугарија - ООМО - се разбира - нема никаква врска со тоа.
Од: George
Датум: 04.11.2010 14:35:56
За мене е понизно да сум Бугар или некој така да ме прави или нарекува. Респект и секоја чест на Бугарите и државјаните на Бугарија. Немам ништо против ни тоа што некои земаат бугарско државјанство, тоа си е нивна работа. Но заради тоа некој да им го уништува, забранува потеклото, а со тоа како овој советник што ни вели да с��е прочитале европска литература а не 'србоманска', да ги прави тие лица и сите нас Македонците прости души, лица без корен, зомби, е тоа нема да помине. Тука ако треба ќе се фатиме и в коски.
Вака ли ве учат од Европа како се почитуваат различностите, вака ли се однесува спрема ваши граѓани или соседи? Срамотија.
Од: ЗНАЧИ ЕУ НЕМА ДЕМОКРАТИЈА
Датум: 04.11.2010 14:42:56
Во Македонија ЕУ скокаат за еден човек за затвори за Спаска за кучиња а ЕУ неможела да ја натера Бугарија за макед малциннство за ОМО. А во Македонија апатија. Еве А1 престана за ОМО за Виножито за Преспа ништо не објавува. Има ли тоа врска со името. Дали ЕУ несака Македонци во Грц и Буг. Еве и Албанија ја избриша графата. Има ли врска со Грција . Има. Значи има и предавници. Ова е полошо од 1913. Тогаш лугето не биле свесни. Немале информации. А денес не лажат. Ја фалат ЕУ а таа нема демократија. Има недоквакани кои уште баратаат со гркобугародрпска пропаганда. Не ја научија вистината за Македонија. Уште противречат. Не биле александрови ама И Кирил и Методи не биле со македонски дијалект туку славјански бе. А Бугарија можела да ги присвојува. Па и таа може како Грција да не стопира заради Кирил и Методи . И пак предавници ке има. Не бе луге масовни протести треба против неправедната ЕУ па ке се најде некој демократ таму.
Од: Bogomil
Датум: 04.11.2010 15:35:45
Во средината на триесетите години од минатиот век, Македонските братства и друштва во Бугарија се пребројаа и констатираа дека во таа земја живеат 650.000 Македонци. Во првиот повоен попис како Македонци се декларираа близу 200 илјади и тоа само во Пиринска Македонија. Потоа дојдоа погромите -со ,,единствената социјалистичка нација,, на Тодор Живков, а потоа следеа доктрините за потиснување на правата на Македонците од ,,романтичарот Стојанов и докторот по историја, Прванов, кој посебно се специјализира на планот на антимакедонизмот. Признавале или не, вие што мислите со главите на таквите, Македонците постојат. Независно од вашите фашизоидни теории, фабрикувани во Софија а штедро пласирани еве, од такви заболени глави, и во Македонија.
Од: goran
Датум: 04.11.2010 16:19:06
abe sefe ako se custvuvas ti bugar site ne sme gledaj si ja rabotata i ne ni soli pamet tuka pradedo mi ne bil, dedo mi isto ,pa od kade ja da se custvuvam glej si rabota i ne zamaraj po forumive
Од: OD CRNO MORE DO OHRID
Датум: 04.11.2010 17:25:23
Po onaa pametniji popusta bi sakal da gi ubedam
brakjata Bugari, Makedonija(RM) i Bugarija da se
obedinat pod znameto na makedonizmot. Kako se smetame nie so anticki koreni, taka se i Bugarite oti
se naseleni vrz pocvata na anticka Trakija, a antickite Trakijci bile nogu srodni so antickite Makedonci. Znaci i vo antikata sme blizu do Bugarite. Dene sekoj cesen Bugarin se poklonuva pred oltarot na Makedonija. Samo ova durio i kako
Makedonci ne ke go sakat srbomanite.
Од: ivan
Датум: 04.11.2010 20:39:42
Vo Bugarija nemoze da se regirtrira politicka partija so po-malo ot 5000 luge poshto drzavata dava pari na sekoja partija koja je redovno registrirana i ne go krshi zakonot!
Imalo je biznesmeni koji vo minatoto registriraa partija so mal broj luge i parite gi koristea za sebe u djep!
Zatoa beshe promenen zakon za minimalen brij luge osnivaci na 5000. Niko go ne briga za OMO i slichni ...
Soberete 5000 luge, registrirajte partija za sekoj grgjanin pa i jas ke ve pridruzam!!!
Од: Darko
Датум: 05.11.2010 01:02:04
Запамтете
Никој никого неможе да створи, ниту да натера да се почуствува поинаку. Во Бугарија има онолку Mакедонци колку и се чувствуаат така, исто како и Бугари во Македонија.
Македонија е стврена и безусловно треба да се сака, а власта е моментален лидер на државната политика. Власт и држава се сосема различни работи.
Сакај и брани ја државата без разлика на се. Не очекувај некој да ти се заблагодари или таа љубов да е возвратена. Љубовта кон нацијата и државата мора да е безусловна. Само така може да одиме напред.
Од: Aussie
Датум: 05.11.2010 02:16:55
Jas sum roden vo Australia
odam vo Makedonija sekoj 2 godini..
Vo 2008 bef Bulgraria and odmor
-Isto jazik
-Isto mentalitet
-Isto Verva
-Isto Kultura
-isto fizichki
Sve isto kako da bef uste vo Makedonija?? ne znam sto je problemot??
Duri fatef Taxi na Ulica Makedonia, i bef na vecer vo makedonska narodna kujka. vo Sofija i kaj do odef befme nachekan so pozitivni ljuge..
A koga odam vo Tetovo/Skopje se chustuvam kako da sum vo bliznniot istok..
Од: nacional-patriot
Датум: 05.11.2010 02:58:56
Nezavisnata stranska literatura da,no ne onaa sto ne e nezavisna i sto e pod vlijanie na sofiskata,atinskata i srpskata istoriografija i propaganda.
Од: Chernodrinski
Датум: 05.11.2010 10:13:06
Odlicen feljton, koj mi razjasni mnogu nesta. Ne mi se samo jasni raznite komentatori koi od den na den naogjaat sekakvi opravduvanja za zlostorstvata koi se pravele i za zal se uste se pravat nad makedonskiot narod. So toa postignuvaat samo kontra-efekt - poradi nivnite komentari osekjam od den na den se pogolema odbojnost i kon niv i kon nivnata 'rodina'.