Еврото паѓа веќе три дена едноподруго
Еврото вчера падна во однос на доларот и јенот трет ден едноподруго поради загриженоста дека должничката криза во Европа ќе го забави економскиот раст и ќе ја ослаби побарувачката за капитал во регионот. Заедничката валута се намали пред извештајот кој предвидува пад на потрошувачката во Франција. Јужнокорејскиот вон претходно отскокна од 10-месечниот минимум откако официјален претставник изјави дека нацијата ќе преземе чекори за стабилизирање на валутата откако падна по ескалацијата на тензиите со Северна Кореја. И австралискиот и новозеландскиот долар се лизнаа, со оглед што цените на берзанските стоки и акции паднаа во текот на април.
Инаку, еврото вчера падна на 1,227 долари во 7 часот во Лондон од 1,2345 долари колку што изнесуваше во Њујорк завчера. Европската валута опадна на 110,65 јени, од 111,39 јени. (Ек.Р.) |