Македонската партија Албанија избра потпретседатели
Тирана - Врз основа на одлуката донесена на Првиот партиски конгрес, Централниот комитет на партијата на Македонците во Албанија - Македонска партија, на вчерашната седница во Тирана избра двајца потпретседатели, генерален и организациски секретари на партијата. По изборот на Едмонд Темелко за прв претседател на партијата, како што и беше договорено, Централниот комитет вчера за потпретседатели избра по еден претставник од областите Гора и Голо Брдо, каде што концентрацијата на Македонците е најголема. За потпретседатели едногласно се избрани Аднан Ќејвани од Гора и Кристо Мазнику од Голо Брдо, а за генерален секретар Таќо Гроздани. (МИА)
Edna rabota sto nema vrska so temava, ama e mnogu simbolicna. Makedoncite i pokraj asimilaciite i pritisocite vrz niv vo Albanija, uste gi imaat zacuvano izvornite makedonski preziminja kako sto se Temelko, Kuzman, Grozdan i t n i koi isto taka se srekavaat i kaj nekoi postari ohridski familii.
Од: mene мк
Датум: 12.05.2009 09:53:32
Браво нашинци.Додека Вие се борите за вашите права во Албанија и многу успешно,полека ,но сигурно ,го освојувате теренот ,оваа наша власт полека но сигурно ги губи позициите на мегународен план.Во најскора иднинба очекувајте го најголемото издајство од нашава патриотска власт.