Хрватите ќе пушат најскапи цигари
Загреб - Хрватите ќе пушат најскапи цигари во Европа, бидејќи од Нова година нивната цена ќе биде повисока за 40-90 отсто и една кутија ќе чини и до 29 куни (четири евра). Според „Вечерњи лист“, најмногу ќе поскапат евтините цигари, кои од 11 куни ќе чинат 20 (околу три евра), оние од 15 куни - на 24 куни, додека „марлборо“ ќе чини 29 куни наместо досегашните 20.
Во зголемените цени, по предлог на министерот за здравство, Дарко Млиновиќ, би била вклучена и такса од пет куни за реформи во здравството. (Ек.Р.) |