За железницата 4 милиони евра
Со кредит од Светска банка, Владата ќе купи нови сто вагони за товарен сообраќај, а ќе се вложат и 4 милиони евра во патничкиот сообраќај за подобрување на квалитетот на превозот, соопшти вчера директорот на МЖ - транспорт АД Скопје, Благоја Крстевски, на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Тој потенцира дека конечно во железницата ќе се вложува, бидејќи прв пат Владата одвојува буџетски средства за покривање на нерентабилниот патнички сообраќај. „Буџетските средства за покривањето на нерентабилните линии во патничкиот сообраќај изнесуваат 4 милиони евра“, рече Крстевски, нагласувајќи дека инфраструктурата на железницата, во која не е вложен ниту денар 25 години, е во катастрофална состојба и ќе бидат потребни многу поголеми вложувања за подобрување на состојбите. Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, рече дека мора да се зголемат јавните инвестиции во железницата, бидејќи таа е основниот крвоток што е потребен за понатамошниот развој на бизнисот во Македонија. (С.Н.) |