Број 2853  среда, 03 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Темни облаци над девизниот курс на Македонија

Дефицитот во тековната сметка и експанзивната фискална политика вршат голем притисок врз девизниот курс

Агенцијата за рејтинг „Стандард и Пур“ го направи првиот чекор кон можно деградирање на девизниот рејтинг на Македонија, истакнувајќи дека влошената ликвидност ќе влијае на оваа источноевропска земја додека надворешното финансирање се исцрпува, а извозот ослабува. Агенцијата за рејтинг истакна дека зголемените цени за увезена енергија, брзорастечкиот увоз на капитални стоки и паѓањето на цените на металите и надворешната побарувачка за извозни метали ќе доведат до „брзо влошување на македонскиот дефицит на тековна сметка, од 7,1 отсто во 2007 година до околу 15 отсто од бруто-домашниот производ во 2008 година“.

Таа неурамнотеженост и намалената достапност на надворешно финансирање би можеле да доведат до послаб развој и притисок врз девизниот курс на Македонија, кој е врзан за еврото. „Стандард и Пур“ забележува дека сценариото е слично на неодамнешните искуства во другите земји од Централна и Источна Европа.

Надежта на Македонија дека ќе започне разговори за членство во Европската унија претрпе неуспех по нерегуларностите и насилството што ги засенија изборите во јуни. Европската унија даде негативна процена во својот извештај за напредокот во ноември, нагласувајќи дека Македонија не ги исполнува политичките критериуми.

„Индикаторите за влошување на надворешната ликвидност и опаднатите нивоа на меѓународни резерви, потенцијално водени од прекумерно експанзивна фискална политика би можеле конечно да доведат до намалување на рејтингот“, вели кредитниот аналитичар на „Стандард и Пур“, Каи Стукенброк.

Претходно, Македонија најави серија мерки во вредност од 330 милиони евра во обид да се справи со глобалната економска криза, вклучувајќи чекори за олеснување на товарот на кризата врз локалните компании, како и намалувањата на даноците и царинските давачки за увоз на сурови материјали. „Стандард и Пур“ ги потврди долгорочниот и краткорочниот девизен рејтинг како ББ+ и Б, а локалниот девизен рејтинг како БББ- и А-3.

Во почетокот на месецот ривалската агенција за рејтинг „Фич рејтингс“ ги опиша изгледите за Македонија од позитивни во стабилни. (Дауџонс бизнис њуз)


Статијата е прочитана 1605 пати.

Испрати коментар

Од: sedo
Датум: 03.12.2008 04:58:43
Ajde Gsev ke ja oprajt. Dobar e toj znajt isto ko za mestata so gi imat "kupeno". Taka sega ke ja sredit .
Од: andrej
Датум: 03.12.2008 10:10:22
Se prasuvam zosto sega grujo ne vikne kolektivna press i ne napravi reklami!!Dole za diktatorskata vlast!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Само добрите фирми до кредит
Инвестиции во развој на мрежата на „Македонски телеком“
ВИП ги намали цените до 45 отсто за межународните повици
Камата на депозити во денари во Алфа банка од 11 отсто
„Сведмилк“ до крајот на неделава ќе го исплати млекото
ИМБ престана со откуп во некои региони
Италија ќе вложи 2,5 млрд. евра во Албанија
Во Грција попусти и до 70 отсто
Над 150 текстилци отпуштени од работа
Хрватите ќе пушат најскапи цигари
За железницата 4 милиони евра