Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника
Судењето за претепаниот снимател одложено по петти пат

ТЕТОВО - По петти пат вчера беше одложено судењето на тројца обвинети полицајци што го претепаа снимателот на ТВ Алсат Игор Љубовчевски. Овој пат не беше дојден бранител на второобвинетиот. Судијката Верка Костовска го одложи претресот за десет дена.

Овој случај на јавноста и' е познат кога на 26 септември минатата година кај наплатната рампа Желино тројца полицајци физички го нападнале и малтретирале снимателот на ТВ Алсат Игор Љубовчевски, кому насилно сакале да му го одземат снимениот материјал. Со тупаници го удирале по телото, предизвикувајќи му фрактура на ребрата и нагмеченици по телото и главата. Обвинети се Бесим Несими (46) од Тетово и Рамадан Имери (30) и Весел Дељали (26) од тетовско Боговиње. Тројцата полицајци на местото на настанот го сопреле и сакале да го приведат Садула Дураку, функционер на ДУИ, под сомнение дека во возилото со кое патувал за Тетово имал оружје. (Г.Е.)

Статијата е прочитана 220 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Гладните затвореници од „Идризово“ на инфузија
Дирекцијата за заштита без документи за имотот
Пукање во Чегране, се трага по напаѓачот и по повредениот
Тетовката Ѓулер Сулејмани пуштена од притвор
Затвор од 15 години за педофил од Штип
Црн викенд на патиштата во Хрватска

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.