Црн викенд на хрватските патишта. Вкупно 17 лица ги загубија животите во десетината тешки сообраќајни несреќи што се случија од петокот до неделата во Хрватска. Според информациите од Хрватска, според бројот на загинати во сообраќајки, ова е најцрниот викенд. Во сообраќајките загинаа возачи, совозачи, мотоциклисти и велосипедисти.
Ваков црн биланс е забележан и на српските патишта, каде што во сообраќајни несреќи изминатиот викенд загинаа 12 лица. (Х.Р.)