Број 3090  сабота, 19 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура
Благој Нацоски ќе ја отвори сезоната во Токио

В недела Благој Нацоски ќе ја отвори сезоната 2009/2010 на Националниот Театар на Токио, со операта „Отело“ од Џузепе Верди каде ќе го толкува ликот на Касио. Националниот Театар на Токио претставува единствена оперска куќа во Јапонија со редовна целосна сезона на оперски претстави. Истиот е отворен пред 10 години и изобилу��а со најавангвардни сценски можности. По премиерата ќе следат уште 5 репризи се до 6-ти октомври.

Диригентската палка му е доделена на Рикардо Фрица, а режијата е на познатиот филмски режисер Марио Мартоне. Двајцата од Италија како и Лучо Гало во ликот на Јаго. Отело ќе го толкува американскиот тенор Стивен Гулд, познат пред се‘ по Вагнеровите тенорски партии, а Дездемона е Грузијката Тамар Ивери. Останатите улоги им се доделени на јапонските пејачи Кјоко Моријама, Хидеказу Цумаја и други. „Отело“ е претпоследната опера на Џузепе Верди во која може да се увиди целосната уметничка зрелост на италијанскиот гениј. Спојот со Ариго Боито (либретист на истата) придонесува ова Шекспирово дело да биде пренесено во музика на перфектен начин.

По повод честа да ја отвори сезоната, Нацоски изјави: „Ова е втор пат за мене да го пеам овој лик во мојата досегашна кариера и е една од ретките Вердиеви партии во мојот репертоар. Се работи инаку за нова продукција на ’Отело‘, која ја подготвувавме околу еден месец. Концепциски продукцијата е сместена во 19 век, а на сцената преовладува Венецијанската архитектура со Кипарски примеси. Театарот е доста авангарден така што на сцената имаме канали со вода, буквално како во Венеција, како и огномети, оган итн. Ми претставува огромно задоволство да настапавам во овој театар, односно да бидам дел од отворањето на нивната сезона. Хорот и оркестарот се едни од најквалитетните ансамбли со кој сум соработувал досега.“

Ова е четврти настап на Благој во земјата на изгрејсонцето, но прв во овој јапонски театар. По Отело, заминува веднаш за Бари каде ќе го пее ликот на Лисандер во „Сонот на летната ноќ“ од Бенџамин Бритн. (Т.И.)


#
Статијата е прочитана 172 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Претставата „Касандра“ ќе го отвори МОТ
Вапцаров е жива илустрација за поимот дводомен автор
„Дива лига“ на Урошевиќ на словенечки јазик
Промоција на стихозбирка од Видое Видичевски
Графики на Соња Димовска во Монца