Број 3461  понеделник, 20 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
3461

Обичен текст за обични луѓе!

Иванчо Стефановски-Горјанин

Уморен сум, мои пријатели, обични луѓе. Уморен сум од слушањето на непродуктивни идеи, од расправањето во нашиот законодавен дом на високо дипломатски пцости, на обвинувањата кој е Македонец, а кој канаринец. Уште поуморен сум од бејбиситингот на нашите политичари. Се прашувам, сме избрале возрасни или деца?! Зарем овие луѓе забораваат што значи да си родител или таа обврска ни ја оставиле нам. Ако е така, тогаш добро, затоа што верувам дека знаеме како треба со деца. Уморен сум од сослушување која партија е вистинската, која партија е патриотска, кои политичари ми се наклонети, а кои треба да ги гребам за подобро утре. Овие луѓе не знаат да бидат и нема да бидат ништо повеќе од она што веќе се, политичари. Тоа е нивниот магичен круг и оставете ги таму, не осудувајте ги и не негирајте ги, затоа што се таму по наша вина, ние сме ги избрале.

Да, уморен сум, мои пријатели, обични луѓе, но овој текст не е за никого од нив, освен за вас, драги мои. Не гребете се и не паѓајте во искушение и празни ветувања дека некој политичар или некоја партија ќе ве вработи и со тоа ќе ве обезбеди. Разбудете се и верувајте во својата сила, во својата моќ на создавање. Зарем досега во животот сте промениле сами барем една сијалица или слика во својот дом или сте чекале некоја партија да го стори тоа?! Сакам да верувам дека сте го направиле тоа сами, зарем не гледате колку е едноставно, само верувајте си! Не заспивајте пред празните ветувања и не штедете си ја својата создавачка енергија, но немојте да се штедите и за критика, се' зависи од нас самите. Не бегајте, застанете смело и соочете се.

На нас е бремето на создавање, толку тешка, а толку убава задача. Ние сме ѕидарите на нивниот темел, на нас е се'! Не сте сами, сите вие што мислите вака, никогаш не сте сами, а овој текст е сведоштво за тоа. Кој сум јас?! Ме прашавте кој сум јас? Јас?! Јас сум само еден обичен човек. Човек којшто сака да си го живее својот живот тука каде што постои. Додека сите бегаат и размислуваат како во странство, своите стекнати дипломи и знаења да си ги раситнат или заменат со работничка кецела во некој синџир на брза храна, јас останувам да бидам тој еден обичен човек што цврсто сака да стои на својата земја и уште поцврсто сака да креира и да создава, тука, дома. Еј квалитетен си, што правиш уште тука, бегај Словенија, оди Америка, замини некаде, само не тука. Таму со твојот занает пари „љупат”! – ова е само дел од коментарите упатени на моја адреса, како комплимент најверојатно, но дали?! Мојот одговор е смирен, исполнет со мир и спокојство, мојот одговор е НЕ! Ако сите заминеме, кој ќе остане тука? Мојот пријател Борче вели дека за човек како мене треба да плаче секоја земја, му благодарам, но јас велам дека секоја земја веќе плаче за луѓето како нас, а оваа земја веќе не' доби нас. Кој ќе остане тука да го одржи овој мал простор жив, за кога „печалбарите“ ќе си дојдат на гости, ќе се осетат уште поживо и погордо што се Македонци. Кој ќе остане тука да сведочи за созревањето на една моќна нација?! Кој?! Ќе останам јас, ќе останеме ние, сите ние мали и обични луѓе што ја сакаат својата земја. Сите ние мали креативни запчаници, кои тивко сме се заколнале дека оваа земја е поголема од сите нас, од сите наши расправии и изговори, а сигурно е поголем од политиката и политичарите. Доаѓа денот кога ќе стоиме пред заблесокот на своето знаме, горди, исправени и мудри и гласно ќе се насмееме кога светот ќе покаже на нас. Тогаш ќе знаеме зошто сме останале.


#
Статијата е прочитана 872 пати.

Испрати коментар

Од: обичен човек
Датум: 16.12.2010 12:24:59
Конечно некоја искрена порака во ова лажна стварност...Браво за човекот.Претоставувам е млад интелектуалец кој сам се бори за егзистенција и на кој му е „преку“ политичарите. Ова Парламент ли е или Пародија? Ние обичните немаме книшки и врски.Немаме „боја“.Ние за жал сме само граѓани. Трпението ни е единствено нешто шо го имаме. Само почнав да се сомневам дали можеби сме на граница на лудоста?Знам ова е Божји план , за сите да станеме религиозни, оти јас почнав редовно да се прекрстувам гледајќи ги нашите политичари , спасители и луѓето околу нив шо без диплома, знаење и труд преку ноќ заминаа во европски живот додека ние обичните само чекаме...Господе Спаси нас.Шчо напрајвме?
Од: od tivkoto mnozinstvo
Датум: 16.12.2010 14:45:14
Nie sme tivkoto mnozinstvo koe ne go interesiraat marsevi i partiski arlaukanja. Nie mnogu dobro znaeme deka se vo zivotot zavisi od nas samite ideka sudbinata e vo nasi race. I nie ostanuvame vo Makedonija, nasata sveta zemja. I navistina sme umorni odlazni vetuvanjai lazni spasiteli. Nie obicnite sme gospodari na postoenjeto.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 16.12.2010 15:23:03
Ех,да беше толку едноставно како што напиша.Има луѓе кои немаат леб да јадат.Има луѓе магистри,доктори на науки,кои со години чекаат во завод за вработување.Таа надеж,тоа уште малку па ќе биде подобро,за нив веќе одамна заврши.Уште малку и животот им помина.

Најди! во Утрински
Македонска верзија

Поглед
Димитар Чулев
МЕРИДИЈАНИ
Паоло Меса
Мислења
Ивор Мицковски
Европа во фрижидер

Концерт
Шербеџија и Тадиќ со врвна екипа во Скопје
„Кралица на светот 2010“
Ива Михајловска меѓу петте најубави девојки

 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu