Перо Антиќ: Критиките на интернет ни помогнаа
„Пресреќен сум што успеавме да го реализираме она за што и дојдовме тука во Полска. По тешкиот пораз од Грција бевме навистина скршени. Благодарејќи на интернет, бевме запознаени со негативните критики на македонските навивачи. Тоа некако не' крена психолошки, бидејќи сакавме да докажеме дека оваа генерација не е создадена за такви катастрофални порази. Вреди многу повеќе и се надевам дека и во наредната фаза може да победиме некого. Свесни бевме дека ги разочаравме навивачите, ќе пробаме сега да се извадиме“, посочи првиот наш стрелец против Израел со 19 коша, Перо Антиќ. |