Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Од 2014 година со мотори В-6

Светската автомобилистичка федерација формално ги одобри плановите за воведување нов 1,6-литарски турбомотор со шест цилиндри (В-6) од почетокот на сезоната 2014. Комисијата за Формула 1, која ја сочинуваат главните акционери во овој спорт, претходно едногласно се согласи да се префрли од осумцилиндарски на шестцилиндарски мотори со системи за зачувување и повторна употреба на акумулираната енергија.

Првичните планови се однесуваа на 1,6-литарски хибридни турбо мотори со четири цилиндри да бидат воведени во 2013 година, но тоа наиде на отпор кај некои производители. Во соопштението на ФИА нема за тоа колкаво ќе биде ограничувањето на бројот на вртежите кај новите мотори. Шефовите на техничките оддели на тимовите се сретнаа минатата недела за време на Големата награда на Европа во Валенсија и сугерираа лимитот да биде зголемен од сегашните 12.000 вртежи во минута на 15.000.

Мерцедес, Ферари, Рено и Косворт се производителите на мотори во Формула 1 во моментов и секој од нив снабдува по три тима.


#
Статијата е прочитана 414 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Затворена фабриката за милиони
Бангладеш го слави Македонецот Илиевски
Две торти за селекторот
Трајковски дебитира со два гола за Верегем
Цонга со шокантен пресврт против Федерер

"""