Стечајците ќе го блокираат Куманово
Куманово - Стечајните работници в четврток ќе го блокираат излезот и влезот на Куманово. Тие најавуваат двочасовни мирни протести низ центарот на Куманово, како и во другите градови. „Секоја недела одиме на протести во Скопје пред Собранието, но поради недоволни финансиски средства, овој пат ќе правиме протести во нашите градови. Апеплираме до полицијата да реагира совесно и навремено за време на протестите, како и до возачите да имаат трпение и разбирање за нашиот проблем“, вели Лилјана Георгиевска од УНИТ. (МИА) |