Виена - Австриската енергетска корпорација ЕВН и бугарската Национална електрична компанија во Виена потпишаа договор со кој Австријците добиваат мнозински дел од бугарскиот хидроенергетски проект „Горна Арда“. Во согласност со договорот, потпишан од првите луѓе на двете компании, Бургхард Хофер и Красимир Парванов, ЕВН ќе има 70 отсто сопственост во акционерското друштво што ќе стопанисува со хидроенергетскиот систем „Горна Арда“, додека НЕК ќе ги добие останатите 30 проценти.
Со проектот, вреден 500 милиони евра, се предвидува изградба на три хидроцентрали и обновување на постојната брана по каскадата на реката Горна Арда. Проектот треба да обезбеди редовно снабдување со струја на околу 100.000 домаќинства. Хофер рече дека станува збор за проект што е од големо значење за двете страни, додавајќи дека со изградбата на хидроцентралите во Бугарија ќе се отворат 3.000 нови работни места. На церемонијата на потпишувањето на договорот присуствуваше и бугарскиот премиер Бојко Борисов. (МИА)
Voopsto ne mi e jasno kako vo 20 godini samostojnost ne uspeavme da gi pocneme proektite Cebren i Galiste?! Zarem ni edna Vlada do sega ne stana svesna deka PREKU POTREBNO ni e pogolemo pr-vo na El energija. Ke gi pokrieme sopstvenite potrebi i ke izvezuvame. Stasa Alb. da izvezuva struja!! Tesko nas. Na budzet od 2,5 mlrd evra da ne mozes da izdvois pari za javno-privatno zdruzuvanje za gradba na elektrana.
Од: Goce Misirkov
Датум: 21.07.2010 07:23:18
Което си е право, право си е - днес сте намерили сили и за добри новини от майка България:) Поздравления на "Утрински"!
Од: Aaron
Датум: 21.07.2010 11:30:14
Za 10 god. turskiot "Djeilan Holding" ne postroi nishto od proektot i gi prinudi bugarite da go ukinat kontraktot i da se dogovorat so avstrijcite. Ovo e za svedenie na tea sto mnogu veruvat na nashite odnosi so vekovniot ne porobitel, a ne so Bugarija!
Од: Sekogas tuka za vas
Датум: 21.07.2010 12:04:08
Pa da, nekade i ke platat, a vo Mkd za 200 milioni evra si kupija kompletna distributivna dejnost, so se infrastruktura do 110 kv nivo, site potrosuvaci, nasledeni pobaruvanja, 11 mali hidroelektrani, 28 upravni delovni zgradi, magacini, vozni parkovi...I mrezata e celosno nivna, pa za liberalizacija nema sansi - so eden zbor zacimentiran, vecen monopol!