Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Кина најголем потрошувач на енергенси, Пекинг демантира

Париз - Кина минатата година стана најголем светски потрошувач на енергенси, со што прв пат во историјата од првата позиција ги потисна САД, кои подолго од еден век беа главен енергетски потрошувач во глобални рамки. Ова го покажуваат најновите податоци од меѓународната агенција за енергетика.

Според процените на ИЕА, чии податоци, генерално, се сметаат за најмеродавни индикатори во енергетскиот сектор, Кина минатата година потрошила 2,252 милијарди тони еквиваленти на нафта, што е за четири отсто повеќе во однос на САД, каде што се потрошени 2,170 милијарди тони еквивалентни на нафта. Но, кинеската влада ги отфрли како неточни тврдењата изнесени во извештајот на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека минатата година Кина станала најголем светски потрошувач на енергенси, надминувајќи ги САД. (МИА)


#
Статијата е прочитана 191 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Монако со најскапи станови, Будва пред Дубаи
ЕВН во Бугарија со проект од 500 милиони евра
Ни ветените државни пари не ги задржаа Корејците
Грција штеди - ништо веќе не е како порано
Стечајците ќе го блокираат Куманово
Пуштени обврзници од 1,5 милијарди евра