Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Најкрвави судири на Тајланд за18 години

БАНГКОК - Засега е познато дека најмалку 20 лица загинаа во судирите меѓу тајландските сили и симпатизерите на опозицијата во Бангкок, а повеќе од 800 се повредени. Најлошото насилство се случи кога во саботата вечерта војската и полицијата имаа неуспешен обид да ја вратат контролата врз областа што ја држат поддржувачите на опозицијата. Тие употребија солзавец и гумени куршуми, додека демонстрантите фрлаа по нив со молотови коктели, во најкрвавото насилство во последниве 18 години. Портпаролот на владата ги негира информациите дека била употребена боева муниција. „Не се стрелаше со боева муниција кон демонстрантите“, изјави Панитан Ватанајагон на националната телевизија“, објави новинската агенција АФП.

Меѓу загинатите во саботата има најмалку четворица војници. Стотици симпатизери на опозицијата облечени во црвени кошули, наводно, со употреба на сила стигнале до владините канцеларии во северните градови Чијанг Маи и Удон Тани во знак на протест против преземените остри мерки во главниот град на Тајланд. И безбедносните служби и владата на премиерот Абхисит Веџаџива ветија дека ќе покажат воздржаност во справувањето со демонстрантите, со цел да се избегне повторување на минатогодишните безредија кога двајца демонстранти ги загубија животите. Во информациите од Бангкок вчера изутрина се наведуваше дека ситуацијата во градот со 15 милиони жители изгледа смирена откако, де факто, стапи во сила примирјето. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 183 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
На Путин му е подрага Роза од лалето
Привремената влада ќе го апси, а Бакиев не се повлекува
Десницата на изборите во Унгарија стартуваше со предност
Суданците излегоа на гласање на првите избори по 25 години
Откриена трета генерација нуклеарни центрифуги
Жртвите ги бараат имињата на свештениците - предатори
Вашингтон не ги почитува правата на жртвите од „катрина“