Број 3255  понеделник, 12 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

На Путин му е подрага Роза од лалето

Банди - крадци и натаму ноќе крадат и палат продавници во главниот град Бишкек

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Неколку дена по крвопролевањето, во Киргистан официјално и натаму е двовластие. Лидерите на опозициските партии што го организираа пучот во оваа поранешна советска република, се обидуваат да ги запрат бандите - крадци, кои и натаму ги ограбуваат и ги палат продавниците на периферијата од Бишкек. Момчиња од северните провинции во групи од педесетина лица крадат и носат работи, а потоа ги палат продавниците. Полицијата доби наредба да пука во крадците.

На вратите на Белиот дом во Бишкек некој залепил натпис „За валканите Евреи и за таквите како Максим, нема место во Киргистан“. Максим е синот на претседателот Бакиев, кој раководеше со Агенцијата за развој и се сметаше за еден од побогатите луѓе, а неговиот советник, Евгениј Гуревич, по националност е Евреин.

Во земјата и натаму владее безвластие, бидејќи Курманбек Бакиев се огласи од своето родно село Маркај, десетина километри од Џелалабад на југ од Киргистан, дека не се откажал од власта и дека е подготвен на преговори со опозицијата. На друга страна, делегација на пучисти на чело со Алмазбек Атамбаев, заменик-раководител на привременото раководство на Киргистан, престојуваше во Москва. Атамбаев дојде на преговори околу добивање помош, која веќе им ја вети рускиот премиер Путин.

Иако претседателот Медведев и премиерот Путин рекоа дека безредијата во Кргистан се „внатрешен проблем на таа земја“, Москва веќе сега е подготвена да ја признае новата власт, додека раководството во Вашингтон ги повикува Киргизите „да ја почитуваат демократијата“.

Навистина смешно звучи кога раководителите на Киргистан се фалат дека во Централна Азија нивната земја има најмногу демократски слободи, а истовремено на секои пет години се пали парламентот. Сите поранешни советски републики во Централна Азија, всушност, се феудални држави, кои имаат малубројна богата елита и голем број сиромашни граѓани кои ништо друго не знаат да работат, освен да прават деца и да го зголемуваат бројот на сиромашните. Авторот на овие редови две години живееше и работеше во тој регион и добро го познава. Групи млади невработени лица повторно за неколку години ќе тргнат во ограбување и симнување на новата власт што ќе дојде, бидејќи презадолжениот Киргистан не може да отвори толку работни места колку што е висок наталитетот.

Претседателот Бакиев пред руските новинари изјави дека побегнал од Бишкек кога почнале да пукаат кон неговите прозорци. Тој вели дека пучот е организиран со благослов од странство, но нема да каже за која држава станува збор.

Роза Отунбаева, искусен дипломат и поранешен амбасадор на Киргистан во САД, го презеде привременото раководство на земјата и го замоли Путин за економска помош. Путин понуди хуманитарна помош, а дали ќе им даде кредити, тешко е да се каже. Да потсетиме, рускиот министер за финансии, Алексеј Кудрин, минатата година го запре давањето кредити на Белорусија, бидејќи не беа уверени дека Минск може подоцна да ги врати. Интересно е што сега за Киргистан ќе каже Кудрин.

Во Киргистан веќе пристигнаа 150 припадници на десантните единици во руската воздухопловна база Кант, што ги испрати рускиот Генералштаб за да ги чуваат авионите, но и семејствата на руските пилоти и механичари. Во таа база некогаш се обучуваа странските пилоти, кои летаа на „мигови“.

Бакиев ги налути Русите, бидејќи се обиде „да си игра“ и со Москва и со Вашингтон. Прво, Бакиев им соопшти на Американците дека мора по истекот на договорот да ја напуштат базата Манас, а по неколку месеци почна да преговара, сепак, Јенките да останат. На претседателот Бакиев му беше важно да добие пари од Америка, а што мислат за тоа сојузниците Руси, не му беше толку важно. Аеродромот „Манас“ во Бишкек Американците и нивните сојузници го користат за логистика, бидејќи оттаму летаат за Авганистан. Во Москва не го кријат сомнежот дека Американците имаат намера да останат во Манас многу долго.

Инаку, Киргистан е земја во која живеат 5,5 милиони жители. Од нив, 71 отсто се Киргизи, 14 отсто Узбеци, осум отсто Руси,


#
Статијата е прочитана 774 пати.

Испрати коментар

Од: AA
Датум: 12.04.2010 07:37:37
Сменете го известувачот.

Најди! во Утрински
Свет
Привремената влада ќе го апси, а Бакиев не се повлекува
Десницата на изборите во Унгарија стартуваше со предност
Суданците излегоа на гласање на првите избори по 25 години
Откриена трета генерација нуклеарни центрифуги
Жртвите ги бараат имињата на свештениците - предатори
Најкрвави судири на Тајланд за18 години
Вашингтон не ги почитува правата на жртвите од „катрина“