Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Министерството за здравство плаќало поскапи услуги

Министерството за здравство на здравствените установи им плаќало поскапи услуги од цените утврдени со државните здравствени програми, со што државниот буџет е оштетен за околу 2,3 милиони евра. Ова го констатирале државните ревизори од направените контроли во Министерството за здравство за 2009 година.

Бројни неправилности се утврдени во реализирањето на овие програми, но и во севкупното работење во Министерството, од водење евиденција за работното време, несоодветно чување фактури (во кутии), како и нивна несоодветна евиденција и контрола, до премногу набавени вакцини поради што на некои пратки им изминал рокот на употреба...

Државните ревизори откриле и бројни пропусти и недоследности во постапката за изградба на дијагностички центар во Клиничката болница во Тетово, при што утврдиле дека првичната вредност на договорот била надмината за триесетина проценти поради дополнително утврдени трошоци. Ревизорот не се уверил во причината за поскапување на изведбата.

Недоследности се утврдени и во проектот за амбуланти во руралните подрачја, односно во предвидениот рок не е изграден ниту еден објект.

„Констатираните недоследности се резултат на пропустите во административната постапка, а не на свесна намера со што би се оштетил буџетот на РМ“, велат од Министерството за здравство. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 11.11.2010 12:36:10
Во овој случај нема корупција.Затоа партиската антикорупциска комисија спие во длабок зимски сон.На пастирот му се допаѓа нивниот сон.Тој ке ги разбуди само ако сака да прикрије некоја сопствена афера.
Од: Тоше
Датум: 11.11.2010 16:08:29
Каде е сега Антикорупциска? Овде има утврдени факти од стручна државна институција (ревизорите)

Најди! во Утрински
Политика
Ќе остарат чекајќи бебе од епрувета
Антикорупциска се раскара за гонењето на Црвенковски
Судиите не даваат да им се чепне во платите
Тачи и Ахмети ќе се судрат на суд
Со куси ракави во доцна есен






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'