МАНУ и останатите кои ја водат пошироката „официјална“ политика за македонскиот идентитет се демистифицирани како дувло на неспособност, некомпетентност и антипатриотска политизација
Малечката Асемблеја на Наводно Учените (МАНУ), односно нашата автохтона „мала група“, деновиве целосно не' разголе. Таа врхушка на објективни научници посветени на потрага по вистината низ факти, таа колепка на прогресивното мислење и вистински вредности, со последниот енцикопедиски гаф и со последователната дебата го тргна килимот над неколку аспекти на македонскиот општествен дискурс. И нормално, од под килимот засмрде.
Прво, овие случувања покажаа дека меѓуетничките односи никако не се заздравени. Особено не кај етничките Македонци. Овој обид да се подметне едно вакво етноксенофобично толкување на македонската историја, дефинитивно, демистифицира дека етничкиот националистички комплекс е се' уште и тоа како присутен. Нервозните реакции на албанските центри на моќ само го засилуваат тој впечаток, кој збирно говори дека оставени самите на себеси, поверојатно е да се здавиме одошто да се здружиме.
Понатаму, целата рашомонијада доловува уште еден важен заклучок, а тоа е дека се' уште постои рецидив од национализмот кој пламна во 2001 година, вгнезден во некои официјални академски и државотворни кругови, кој смета дека суштински соживот со Албанците е невозможен. По тезата за размена на население и територии во 2001, МАНУ, со последниов дебакл дополнително го зацврснува овој заклучок. Исклучувањето на албанските научници од процесот на пишување, поставените тези, како и начинот на кој се промовираат, говорат дека оваа политика не е ставена ад акта, туку, напротив, се' уште витално се дебатира и се разгледува на највисоко ниво. Дополнително, евидентно е дека оваа појава е нормална последица на ширењето агресивен и ксенофобичен национализам, кој е спакуван во амбалажа на патриотски популизам, а се промовира низ медиумскиот и официјален дискурс веќе подолго време. Агресијата кон процесот за решавање на проблемот со името, самоуништувачките лапсуси од видот именување стадиони, аеродроми, автопати, заедно со една цела линија античко-бодречки реклами и новопроцесуирана историја, не можат, а да не се реперкуираат и на научниот дискурс поврзан со овие теми. Нормално, нашата „мала група елитни научници за широке народне масе“, побрзаа да застанат на чело на ваквиот долен, и во основа антипатриотски популизам. Кога можат сите, зошто не и тие?
Целиот галима��ијас околу енциклопедијата покажува уште некои, подлабоки и посуштински проблеми. Првиот е очигледен: македонскиот национален идентитет губи со секој изминат ден. Напорите на владејачката елита да наметне ново толкување на нашите корени, проследено со интензивно препишување и антиквизација на нашето потекло, се во директна корелација со актуелната дебата „антички или словенски“. Како резултат на оваа дисонантна расправија, на македонскиот идентитет ’рбетот му е веќе скршен. Како аморфен мозаик, нашата национална свест се обидува да ги прими и процесуира сите тврдења за нашето потекло, без можност да ги одбие. Ова резултира со баналната констатација, која, за чудо, е блиску до актуелната дефиниција: ние сме античко-словенски, Гоцево-АСНОМ-ски Македонци, кои настанале приближно двесте милиони години пред да се појави првата амеба на Земјата. Само едно нешто е сигурно: ние сме помалку сигурни во сопствениот идентитет одошто пред да почнеме да го штитиме. Не знам како ќе најдеме заеднички јазик со Грција кога не можеме да најдеме заеднички јазик самите со себеси. Значи: „аман, немојте да не' браните“!
Можеби е најжално да се гледа анестетизирана реакција на овој гаф од страна на официјалниот социополитички дискурс. Со исклучок на неколку интелектуалци, општиот впечаток е дека оние кои се најповикани да ги бранат нашите демократски и научни вредности, односно политичките актери и научните установи, се огласија или грешно или немушто. Ова е уште пострашно ако имаме предвид дека капацитетот на нашето општество за развивање мултикултурна демократија не се огледа во спречувањето инциденти - будали имало и ќе има; туку во апсорпционата моќ на нашиот меѓуетнички дијалог тие инциденти да ги прими, да ги процесуира и од искуството да излезе посилен. Тука нашето граѓанско општество испитот го паѓа монументално. Од една страна, „официјалната“ политичка линија игра „ништо не знам“ сценарио: истите оние кои јавно ја промовираа енциклопедијата и ја фалеа како темелно дело на науката, сега или признаваат дека не го прочитале она што го пофалиле, или бегаат од прозивање и одговорност. Ова јасно покажува дека не се подготвени од дебаклот да научат. Од друга страна, многубројните научни институции, кокетирајќи со своите колеги од МАНУ, громогласно молчат. Најпоразителни се, сепак, реакциите на партиите, односно на оние кои претендираат да бидат гуруа на нашава мулти-култи, тути-фрути, државичка. Предвидливо и провидно, наместо да се фокусираат на проблемот, тие се настрвија еден на друг, односно наместо да понудат излез и решение, тие се занимаваат со тоа кој е виновен. Власта покажува со ова дека во основа е на иста линија со МАНУ, а опозицијата, наместо да понуди „решенија“, со однесувањето навестува дека, сепак, не е имуна на примитивниот популизам, кој се загна да го победува.
Ова е еден од најсуштинските проблеми на македонскиот политички дискурс, воопшто: партиите комуницираат самите со себе, а не со граѓаните. Граѓаните гледаат пинг-понг. Си мислам дека да не е ИРИ со нивните редовни анкети, поголемиот дел од партиите нема ни да знаат какво е мислењето на мнозинството граѓани за клучните национални приоритети, а за некоја посуштинска реформа на дискурсот не може сега да стане ни збор.
Сепак, на крајот, не можам да не помислам дека оваа „распаљотка“ делумно е добра, зашто ако ништо друго, дефинитивно, ќе ги демистифицира и МАНУ и останатите кои во моментот ја водат пошироката „официјална“ политика за македонскиот идентитет како дувло на неспособност, некомпетентност и антипатриотска политизација, сето засладено со енормна доза самобендисаност: „соба им је мала, ал је куќа велика!“
Minatata nedela germanskiot predsedatel mu rekol na nasiot deka germancite sakaat od nas da ucat kako se resavaat meguetnickite odnosi. Kaj nas sekoj zboruva sto ce mu tekne, sekoj pisuva sto ce mu tekne.
Од: mkd17
Датум: 24.09.2009 03:59:56
Makedonskiot identitet ne e izgubem naprotiv konecno pocnuva da se gleda zajaknuvanje na toj identitet...Manu treba da ja korektira Enciklopedijata i toa samo vo delot kade se pisuva za "slovenskoto" poteklo i konecno ja ja ispravi ovaa greska konecno da kaze deka Makedoncite se avtohtoni na ovie prostori i deka Makedonecot e na svoe....Problemot kaj nas e sto imame mnogu MAGISTRI kako tipov sto go napisa ovoj tekst koj uste ne znaat koj se i sto se i to sve blagodarejki na komunjarcinjata koj za 45 godini ne delea na Vardarci Egejci Pirinci.....Problemot e kaj Albancite koj ne sakaat da prifatam deka ova e Makedonija i deka tie treba da ja pocituvaat...Zaboravete sto veli Ahmeti Taci ili Selmani...tie ke se slusaat koga ke zboruvaat Makedonski istaknuvaat Makedonski Znaminja Intoniraat Makedonska Himna koristat Makedonski Jazik......Makedonija bila i ke bide taa ne e problem problem se neosvesteni Magistri Inzinjeri (Elekrto) i slicnite mu na niv
Од: Trpe original
Датум: 24.09.2009 06:42:28
Prijatele,ne ti treba bistrenje na politika,tuku pomogni i na levicata da napravi kadarna ekonomska programa ako i samiot si kadaren a ako ne,togas ne ne zamaraj so vakov politicki otpad!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 24.09.2009 07:55:01
Од написов гледам дека не сте имале прилика да ја прочитате енциклопедијата што ве става на исто равниште со премиерот,тој ја фали не прочитал вие критикувате а не сте прочитале.Вие сте комуниколог по професија а немате додирни точки со историјата,оставете други да опсервираат постручни.Ги опсервирате последиците вие и некој други од приземни причини,но од други написи гледам дека се покажува воља за ревидирање на научна основа. Дегутантна вие корелацијата на хитот со академијата кој рефрен завршува со машка сексулна ориентација.
Од: Udri, mavaj po Makedonskata akadenija
Датум: 24.09.2009 08:01:27
Кој се замислува дека е овој Арсовски? Како се осмелува така да пишува за нашата МАНУ и нашите академици? Големо прашање е што него му пречи во вистината што е напишана во новата енциклопедија? До кога вакви предавници ќе пишуваат за Утрински Весник?
Од: MANU vo rezija so Gruevski - ponizuvanje na Makedonskata nacija
Датум: 24.09.2009 08:24:59
MANU vo rezija so Vladata i Gruevski ednostavno sakaa da go ponizat Makedonskiot narod i Makedonskata Drzava. Seto ova e dobro smisleno, nisto ne e slucajno a so namera za destasbilizacija na Drzavata i ponizuvanje na Makedonskata nacija. Tie dobro znaeva sto pravat i sto ke isprovociraat a isto taka znaeva deka posle cala taa rasomonijada Makedonija ke mora da padne na kolena pred Albancite i da im bara proska za storenoto. Za kakov "patriot" se smatra Gruevski koga na vakov nacin go ponizuva Makedonskiot narod???? Ne moze nikoj da kaze deka Gruevski ne e mozokot i glavata na ova scenario so MANU zosto jasno govorat i negovite poltroni i televizii kako "Sitel" Latas i "Bumbar" koj se pod negova direktiva. Tie sekojdnevo 'BOMBARDIRAAT" omraza so posledici na vojna i podelba na teritorii isto sto i 2001 godina istite go posakuvaa toa.
Од: anarhist
Датум: 24.09.2009 08:31:54
поздрав македонци.борете се за независна македониjа.
Од: Red Rose: "Gde ja stadoh,ti produzhi..."
Датум: 24.09.2009 09:16:11
Takov kje da e amanetot na primopredavanjeto na pretsedateslkoto mesto vo DPBNE od Lju(B)cho na Grujo.Toa shto prviot javno go predlagashe i promovirashe,vtoriot podlo i predavnichki uspeshno go etablira.Poddrzhuvajkji go MANU da bide vtoriot SANU na Balkanot i da mu ja olesni shemata za podelba i konechno razijduvanje na dvata entiteta vo MKD,ja finansirashe od nashi pari enciklopedijata na razdorot.Normalno,bez da ZNAE nishto za sodrzhinata.Padnat od Mars ,kako i sekogash koga kje ja iskashka rabotata i kje bide razoblichen,ostanuva so lagite vo koi i sam ne si veruva,deka negoviot avtokratski karakter dozvolil bez negovo znaenje da izleze ovakvo delo.Ova e dokazot koj,za kogo i za chii interesi raboti i na kogo treba da mu koristi podelena Makedonija("Dojdi ti,dojdi ti,vo kandzive naostreni...).Sekoe vladeenje na vmrovcite e film na strav i uzhas za samostojnosta i opstojuvanjeto na drzhavava.Site potezi shto gi pravat se samo ochigledno rasturanje na se shto drugi pred niv gradele
Од: Зоран
Датум: 24.09.2009 10:16:59
Добро е што се случи овој срам. Ако ништо друго, барем беше повод за брилијантна анализа. Восхитен сум , браво !
Од: Petar
Датум: 24.09.2009 10:31:36
Bravo za avtorot odlicna analiza na aktuelnata politicko akademska ako moze voopsto da se narece elita. Ne mozam, da se iznacudam na primitivnite komentari od vladejackata partiska kujna (nemojte da mislite deka lugeto nafta pijat). Ali toa im e nivoto. Ova se zal komentari neobrazovani, polupismeni, i pred se isfrustrirani luge na koi sekogas drug im e vinoven za sopstvenite neuspesi koi se rezultat na nivnata nekompetentnost, nestrucnost, neobrazovanost i nisko nivo na domasno vospituvanje, pa kako rezultat na toa sakaat da go unistat i degradiraat i toa sto vredi pod prevezot na formiranje na novi zdravi i dobri opstestveni i moralni vrednosti za razlika od "starite losi". Sto ke se pravi - nema poloso od toa na prost i isfrustriran covek da mu dades mok. Ali ke pomine i ova pa site ovie ke se stisaat i ke dojdat nekoi novi normalni vrednosti samo sto MKD ke ja plati skapo cenata za se ova sto se slucuva. Narodot moze nekoe vreme da se zamajuva i laze no ne celo beskonecno.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.09.2009 10:46:27
Мала, мала, малааа... група... Секоја чест за Насловот, секако, и за Текстот! Викаат „што ќе смеша една будала, ни сто паметни...“ (секако, не се однесува на авторот на текстот)... Голем пооздрав до Малата група коментатори! :)Р
Од: srebre
Датум: 24.09.2009 12:01:23
avtorot na tekstot e mlad i nekoi raboti ne gi razbira imeni trebalo da viknat albanski naucnite pri pisuvanje istorija vo enc za mak??????pa istoriski fakti i izvori dragi avtore nese menuvat nemoze da se falsifikuva izvor dokument napisan od sovremieto tamu navistina pisuva deka albanski bandi navleguvale vo mak i pljackale a koga videla teritor po karposevo vostanie opustela pocnale i da se naseluvat vi nekoi delovi i nikade vo istoriski izvori nese spomnuvat albanci vo mak do 17 ili 18vek a tie albanski naucnici sto veli avtorot sote se pristina i tirana zavrseni kade se vodi lazna istorija za pravo na albancite za vel al´banija videte samo kosovo kolku lesno go dobijas dali avtorot saka taka i mak da zarvsi?a nivnoto ima i vo samata albanija e siptarija i se narekuvat sebesi siptari sto ima tuka sporno?
Од: Владимир
Датум: 24.09.2009 13:24:36
Одличен коментар! Наместо врвна интелектуална институција и еден вид авангарден и прогресивен столб на општеството, МАНУ продолжува „научно“ да продуцира национализам, шовинизам и примитивизам. За мене, токму чинот на авторот е високо-морален и патриотски чин. Не се согласувам дека требало да ја прочита енциклопедијата (демек, ние што коментираме сме ја прочитале), оти доволни беа цитатите по медиумите (а и кој е тој што „прочитал“ која било енциклопедија!?) за да падне во вода тврдењето за научноста. Второ, од каде С. Шкариќ и Т. Петрушевска историчари, на пример? На кој „научен извор“, на кој доказ, на што воопшто го базираат тврдењето дека американски и британски инструктори (конкретно од САС!?) помагале на ОНА во Арачиново? За бонус, отсега се кладам дека откако ќе слегне прашинава од реакцијата на сограѓаните-Албанци, ние-етничките Македонци очи ќе си извадиме меѓу себе кога ќе видиме, на пример, што пишува кај Михајлов, Александров, В. Марковски, Шарло, Тито...
Од: Ilija Adza
Датум: 24.09.2009 13:41:28
BRAVO AVTORE. Dobar analiz na sve sto se slucuva na ovie prostori. Da da Bog da ima poveke kako tebe.
Од: Vladimir Simonovski, Orlando, Florida
Датум: 24.09.2009 16:12:18
Aman bre Petre, pa ti ocigledno sakas da go zamenis Koljo Mrakot. Samo gi povtoruvas naludnicavite tezi na kvazi-idelogot/intelektualec Frckoski. Pred nekolku meseci te pofaliv za eden tvoj zapis, ama ti povtorno se vturna pod pazuvot na Frcko. Kako eden postdiplomec treba da znaes deka dokolku ne izneses argumenti za tvoite stavovi se pretvoras vo obicen plukac. Pa toa se uci vo vtoro oddelenie, a ne na postidplomski studii. Tesko na Makedonija so takvi intelektualci. Prosto ne mozam da veruvam deka postojat citateli koisto se voshituvaat od vakvi nebulozi. Verojatno toa ja otslikuva vistinskata sostojba na obrazovanieto i kulturata vo Makedonija. Ne sum poddrzuvac na dosegasnata rabota na MANU, i nekolkupati sum ja kritikuval neaktivnosta na ovaa naucna institucija, no sepak smetam deka nacinot na kojsto mediumite polemiziraat, ako vooppsto polemiziraat so MANU, e vo najmala raka neprofesionalen, pa bi rekol i mizeren. Ednostavno, ne moze so ulicni muabeti da se debatira.