Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Едиторијал

Војна и мир во Владата

Соња Крамарска

Енциклопедија „македоника“ би можеле да се наречат најновите политички одгласи на првата македонска енциклопедија која се уште ја бранува јавноста. Очекувано, полемиките се пренесоа во Владата каде што, по се' изгледа, се' почнува и завршува на овие простори. Главниот полемичар е водечката партија на Албанците ДУИ, но како и досега, одлучи радикалните ставови да ги соопшти од Тирана, а помеките да му ги шепка на увце на премиерот Никола Груевски.

Така, Ахмети за домашниот политички пазар (интервју за Радио Слободна Европа) тврди дека не располагаат со сознанија дали енциклопедијата е по нарачка и оттука не можат да осудат некого без факти. И не само тоа туку

изјавува и дека како политичка партија не смеат да долеваат бензин на запалениот оган. Како круна на се' е неговата оцена, дека државата (Македонија) добро реагира кога се во прашање меѓуетничките односи а оцените дека ДУИ е „пасивен учесник во Владата“ Ахмети ги нарекува „инсинуации“.

Несомнено дека таквите оцени и пораки на лидерот на ДУИ внесуваат спокојство кај премиерот и шеф на Владата, Груевски, кој многу пати досега ја има тестирано лојалноста на албанскиот коалициски партнер. ДУИ секогаш успешно го поминуваше тестот.

Но, најсилната албанска партија во Македонија очигледно има и други клиенти, кои не се дома туку се надвор од државата. За нив песната што ја пее ДУИ е со малку повисоки тонови и со значително изменет текст. Дури и повеќе отколку што се искривени фактите за Албанците во првата македонска енциклопедија. За поширокиот политички пазар (интервју за Топ чанел) чиј центар е Тирана, Али Ахмети вели оти не сака да верува дека зад енциклопедијата стојат владини и државни институции. Енциклопедијата тој ја нарече и „акт што повикува на војна“ и „ниска провокација од Македонците на кои им припаѓа и Груевски“.

Политичката атмосфера во Владата очигледно е во стилот на војна и мир. Некои сметаат дека гневот на Албанците кон енциклопедијата (ќе) ја стави коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на најголемо досега искушение. Но во однесувањето на Али Ахмети нема индиции дека ДУИ ќе ја разниша владината коалиција. Неуверливо звучат и тврдењата на неговата десна рака Теута Арифи во нејзината вчерашна колумна дека енциклопедијата е плод на погрешната политика во последните три години. Само оваа реченица е доволна за да се сфати дека ДУИ како партнер во Владата што ја води таа политика, се чувствува маргинализирано и запоставено. Но, Али Ахмети таквите, нели, оцени ги нарекува инсинуации.

Како што е вообичаено, политичкиот менаџмент на ситуации како онаа што се создаде со ��нциклопедијата-потфрли. По многубројните прозивки премиерот Никола Груевски најпосле се огласи со коментар но во стилот на Али Ахмети. Неговиот настап е -„сакам да кажам но не знам како да го сторам тоа“. Случувањата околу енциклопедијата тој ги нарече продукт на „сили што сакаат да ја нарушат атмосферата во земјата“.

Со таквата изјава Груевски ниту ја смири ниту пак ја вжешти атмосферата. Всушност, тој покажа дека е рамнодушен кон овој случај и дека не го засегаат воинствените повици од Албанија за палење на македонското државно знаме или барањата јавно да се огради од наводите во енциклопедијата. Груевски мирно ја гледа разврската на овој најнов меѓуетнички судир и се однесува како да не го засегаат интересите на земјата.

Но, ќе биде опасно ако барањето до претседателот и премиерот да се оградат од енциклопедијата ги мобилизира и обедини сите политички партии на Албанците во Македонија. ДУИ засега не излегува на демонстрации против енциклопедијата но и не крие дека стои зад протестот на вонпарламентарните албански партии. ДУИ одлучи да дејствува во ракавици.

Јасно е дека ДУИ е гневна а премиерот е спокоен. Дали се работи за привидно спокојство или можеби за привиден гнев. Моќта на политиката ги надминува границите на човечкото разбирање. Или пак во прашање е моќта на власта.

 


#
Статијата е прочитана 1888 пати.

Испрати коментар

Од: gargi
Датум: 29.09.2009 01:15:53
He,he,he,he..vi velam jas deka Grue ne e od tuka.Covekot nisto ne go zasega.A zosto slucuvanjata koi se produkt neli na mracni sili, ne se slucija pred objavuvanjeto na enciklopedijata.Da ne e slucajno pricinata za tie slucuvanja enciklopedijata kako produkt na mracni sili, i koj gi socinuva tie sili.Za potsetuvanje samo kakvi hvalospevki izrecitira Grue na promocijata na knigata.
Од: goran
Датум: 29.09.2009 02:11:19
i ova maslo na crvenkovski nema da pomine. ziveam za denot koga pod vodstvo na crvenkovski sds ke proknizi 6:0.sto li ke kaze togas,kakvi li opravduvanja ke najde,neznam.a,da,kako buckovski i rada ke ja svitka opaskata i ke zi zamine na buniste.neli treba da snosi odgovornost za porazot?povtoruvam,i ova scenario negovo,nema da pomine.go naucivme i sega mnogu lesno go citame.sa starosta vo cel svet se stanuva pomudar samo toj e poproziren od koga bilo.6:0.:))
Од: nacional-patriot
Датум: 29.09.2009 02:54:53
Koga bese DUI na vlast so SDSM,DUI i Ahmeti bea gazdi vo Makedonija,a SDSM bese poltron i sluga na DUI.Zatoa SDSM sega e na ova derege,olku nisko padnat,ponizen od DUI.VMRO-DPMNE pokaza dostoinstvo,ne gi pravi greskite na komunjarite i pokaza kako se vladee so kicma.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 29.09.2009 04:37:11
Vo nikoja zamja nesum cul dase izvini premier ili predsedatel za napravena greska na akademci po istorijapa i dr. Drzavata finansira vo mnogu oblasti sto se pod kapa na drzavata i sekoj si odgovara za napravenata greska. Sto znaci vo ovoj slucaj niti premierot niti predsedatelot ne smeat dase izvinat. Dokolku se ivinat znaci tie ja poracale takakva da bide.
Од: abe sonja be..
Датум: 29.09.2009 07:11:59
Dzabe palite vatra, so gnevot na Albancite moze samo da dojde do nova vojna i podelba na Makedonija, a ne da se vrati SDSM na vlast. Na vlast moze da dojde sdsm samo posle smena na imeto, dosta se raduva sdsm deka preku Albancite ke dojde do vlast, ne e mozno toa... posle dolgoto vladeenje na Gruevski, Makedoncite se antialbanski i antigrcki (problemot si imeto) nastroeni do koska, vo vakvi okolnosti SDSM nemoze nikogas da dojde do vlast. Pozz
Од: анестезија
Датум: 29.09.2009 07:28:38
Треба сите да имаат можност да ја прочитаат енциклопедијата,можеби ќе увидат дека има и други "грешки".Да не испадне наместо палење,здружување на знамиња против "заедничкиот непријател".Затоа,ум во главата.Дали случајно или не,некој преку Марфи,денес вели;Во животот не постојат победници, само преживеани.
Од: zabegan.
Датум: 29.09.2009 08:24:10
еве повторно се јавуват дежурните да кажат БРАНКО бил виновен.До кога ќе биде БРАНКО виновен или вие човекот ноќна мора??.
Од: ramadan
Датум: 29.09.2009 08:34:20
Kramarska,dosta truenje na narodot.Politicarite i novinarite i ovoj pat kako i dosega,zaradi svoi interesi,go trujat narodot.Vo normalna drzava ova poinaku se resava.Vo MANU i so ludje ramni na niv.Vo kolku postoi greska se se ispravuva.No,ne so uceni.Izvini ama ovoj narod ne e vo moznost da trpi povece vakvi odnesuvanja na galeniceto na SAD i Nivni sateliti.Vcera bev vo Tetovo i tetovsko.Se sretnav so prijateli Albanci.So ludje od narodot,ne so politicki ulizici,so normalni makedonski gradjani.Ni zbor za ovie gluposti.Se vrativ doma vo Skopje i samo sto otvoriv televizorot,me preceka Ali,Rusiti,Grujo i ostanata bratija.Mi propadna sobranata energija od vikendot.Jas razbiram deka i na ednite i na drugite toa Vi e rabota,arno ama nie vece ne mozeme da Ve slusame i gledame.Vo ovie dvaesetina godini ni go ispravte mozokot.Se plasam dane slucajno i nie staneme novinari i politicari. Tek togas "go obravme bostanot".Kako trgnalo ne e cudo i toa da se desi.A za Enciklopedijata,ne se grizite.
Од: Hari
Датум: 29.09.2009 09:45:09
Kolku interesen fenomen e PARANOJATA koja kako kuga se siri pomegju clenovite i ovcite na DPMNE. Se fiksirale za Brane, son ne gi faca, nocna mora im e. Uste 10 godini(ne daj Boze-vo toj slucaj Makedonija nema da postoi) da bide na vlast Grujo, nikakva odgovornost nema da prifati, ke se slika pred sekoja selska cesma, kako premier ce pusta kazance so voda vo Pirava, ce frla lopati za koj namnogu go biva, i za site bljuvotini sto gi pravi ce bide SDSM vinoven. Klasicen primer za paranoja, no Makedonija ja snemuva.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2009 09:45:32
Изјавата на Шерифот McCloud беше: „Ја вала, нисам одавде!“! Сè за својот партнер од рововите! Како и во многу случаи на „самоорганизирани“, „стихијни“ протести, секогаш провејува нивната организација од страна! Посебно е тоа случај кај напливот на патриотизам кај национал-демократските партии (следбеници на NASDAP), кои под закрила на патриотските чувства, ги Продлабочуваат (најмногу) своите џебови, но и јазот помеѓу граѓаните! Воочлива е појавата на Сенилни политичари (некои и со тапија), кои по неколку часови (или денови) ги побиваат своите изјави и ги претвораат во дела на Мрачни Странски сили!! Волшебници, нема што!
Од: Jane
Датум: 29.09.2009 09:58:31
„Анестезија“ е во право.Многу поголема штета му е нанесена на Македонецот отколку на сите други.Енциклопедијата на Блаже Ристовски е „вештачење“ во спорот со Грција дека ние сме словени, па после ова премиса следи заклучокот дека немаме право на Македонија. Здружување на знамињата против марксистите што го повампирија марксизмот.Донесување на закон по примерот на Чешка, со кој што марксистичкиот режим ќе се прогласи за злосторнички, или Груески нека му одстапи место на еден од овие тројца:1.Милошоски;2.Јанкулоска;3.Ставрески.
Од: Вистински Патриот
Датум: 29.09.2009 10:59:45
Почитувани мои Македонци, не е работата само во Енциклопедијата туку во целокупниот ментален склоп на владеачката македонска елита. (Народот како таков си е глуп и само си го следи своите овчари). Ако единствено Македонците се гледаат како сопственици на оваа држава а сите други како дошлаци и „гастарбајтери“, тогаш ќе нема заедничка држава. Ако на МПЦ и се подаруваат хотели и склапоцени плацеви а муслиманите се шиканираат, тогаш ќе нема заедничка држава. Ако историјата се лажира на сметка на другите и со тоа се ствараат пречки за заедничка европска и НАТО-иднина, тогаш ќе нема заедничка држава. Оваа влада не сака заедничка држава, ако сакаше господинот Премиер можеше со една кратка изјава да се извини и за пет минути да ја затвори оваа афера.
Од: Никогаш повеќе
Датум: 29.09.2009 12:44:05
До некои од коментаторите. Што толку сте се оптеретиле со тоа кога и како ќе дојде СДСМ на власт кога тоа никогаш нема да се случи.
Од: Трпе
Датум: 29.09.2009 16:00:10
Ова ЕПП влада се однесуват како палави дечишта кои секогаш се закачат и дома си идат со скршени носеви.По се излегува дека предвидувањата и укажувањата за нивните црни сценарија се остваруват.Не се задоволија со ограбувањето на државата,па решија и да ја уништат.Но каде и да планират да бегат после остварувањата на своите планови,казната сигурно ке ги стигне.
Од: 0d ucitelot
Датум: 29.09.2009 18:37:15
Ah toj Branko sto e kriv za se vo ovaa drzava,pasega gi stavilpodkapaAhmeti i bratot Lube.Kako bi vladeel o DPMNE, da ne se mesa vo politika toj Branko. Zar ima tolku glupavi luge da veruvaat deka za se sto ne mu odi na DPMNE da bide vinoven Branko?

Најди! во Утрински
Насловна
Владата не може да се меша во НБМ
Полска и Франција се борат да го ослободат Полански
Ахмети едно зборува во Тирана, друго во Скопје
Мина против соживотот
Зденко
Четири ученици од „Коле Неделковски“ затруени со храна
Индустријата во август падна за 10 отсто
Бизнисмените бараат средба со Гошев
Потемкинови села на нашата лексикографија
Рамнотежа на злосторствата
Кризата не настана во Македонија
Жените со месеци чекаат за редовен преглед на дојката