Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Полска и Франција се борат да го ослободат Полански

Полскиот режисер е уапсен при влегување во Швајцарија за обвинение старо 32 години

Тина Иванова

Апсењето на врвниот полски режисер Роман Полански за обвинение старо 32 години, ја разбранува светската филмската јавност, но и јавноста и властите во Швајцарија. Контроверзниот филмски уметник кој ги направи култните „Розмариното бебе“, „Кинески кварт“, „Станар“, „Балот на вампирите“, „Пијанист“..., завчера беше уапсен при обид да влезе во Швајцарија каде што требаше на реномираниот Филмски фестивал во Цирих да ја прими наградата за животно дело. Во Цирих се прикажува ретроспектива на целокупното творештво на Полански, односно 26-те негови филмови од кои повеќето се веќе запишани како класика во историјата на светскиот филм и за кои овој извонреден режисер е награден со значајни признанија.

Роман Полански (76) е задржан во полиција врз основа на налог за апсење даден од САД. Во 1978 година, американските власти издале налог за негово апсење поради давање на опијати и алкохол на 13-годишната Саманта Гимер, како и противзаконски сексуални односи со неа кои се одвивале во куќата на актерот Џек Николсон. Поради тоа, во 1977 година Полански е уапсен во Лос Анџелес каде што 42 дена бил под психијатриско надгледување. Избегал од САД пред да му биде изречена судска казна и оттогаш живее во Европа избегнувајќи ги државите кои би можеле да го екстрадираат во САД. Американското правосудство оттогаш го смета за бегалец. Во Европа ќе продолжи да режира, вклучувајќи ги и извонредните филмски остварувања „Лудило“, „Битер Мун“, „Девојка и смрт“, „Деветтата порта“, „Оливер Твист“.

Во моментов, властите на Швајцарија чекаат официјално соопштение од САД за негово екстрадирање. Францускиот адвокат на Полански, Жорж Кијман, изјави дека е се уште рано да се зборува за тоа дали Полански ќе биде екстрадиран и ќе настојува потерницата во Цирих да биде поништена.

Инаку, швајцарските уметници веднаш го осудија апсењето на полско-францускиот режисер. Здружението на сценаристи и режисери на Швајцарија, оцени дека е тоа правен скандал кој ќе го наруши угледот на Швајцарија и бара од швајцарското правосудство „да не го користи давањето на културни почести на светски признатиот синеаст за судска фарса“. „Ова бара меѓународна реакција. Начинот на кој големиот режисер е уапсен е навредлив“, рече полскиот министер за култура, Богдан Здројевски. Шефот на француската дипломатија пак, Бернар Кушнер, побара од швајцарската министерка за надворешни работи, Мишелин Калми-Реј, да бидат почитувани правата на режисерот и случајот брзо и позитивно да се реши. Додека францускиот министер за култура, Фредерик Митеран, изјави дека е запрепастен од апсењето на Полански кој последните 30 години живее во Франција и има француско државјанство. Министерството за култура веќе побара од полската дипломатија да интервенира во случајот Полански, па дури и претседателот на Полска, Лех Качински, ветил дека ќе посредува во оваа афера.

Полански во 1978 година ја признал вината дека имал сексуални односи со малолетничка. Според изјавите на тогаш 13-годишната Гимер, Полански ја прашал нејзината мајка дали ќе дозволи приватно снимање за француското издание на „Вог“, на што таа се согласила. „Се одеше добро. Тогаш ми рече да се соблечам, пред него. Не беше во ред, но не сакав да се вратам за второ снимање“, ќе рече тогаш Гимер. Но, таа потоа ќе се согласи и на второ снимање кое ќе се одвива во куќата на Џек Николсон за што ќе изјави: „Пиевме шампањ. На крајот се стана по малку застрашувачко па сфатив дека тој има и други намери, но едноставно не знаев како да избегам од таму...“ Во својата автобиографија пак, „Roman by Polanski“, Полански тврди дека мајката на Гимер ја искористила својата ќерка само за да го уцени. Сепак, во подоцнежните изјави Гимер ќе каже дека нема повеќе 13 години и дека е време да се стави крај на аферата со Полански.

Инаку, ова е само еден дел од бурниот живот на Полански. Она што е уште пошокантно врзано за овој луциден режисер, е бруталното убиство на неговата прва сопруга, актерката Шерон Тејт, која режисерот ќе ја запознае непосредно пред снимањето на култниот „Бал на вампирите“ (1968). Тејт е убиена од страна на следбениците на крволочниот сериски убиец Чарлс Менсон. Набргу по снимањето на сатиричниот хорор-трилер „Розмариното бебе“, Полански ќе замине во САД да го промовира овој свој прв холивудски филм, кој ќе го претстави како еден од главните комерцијални режисери. За тоа време, Тејт која ќе биде во осмиот месец од својата бременост и уште четворица гости кои ќе се најдат во нејзиниот дом во Холивуд, ќе бидат убиени од страна на членовите на ’семејството‘ на Менсон. Поранешниот станар го налутил Чарлс Менсон, кој патем, се бавел со пеење и компонирање на песни, зашто одбил да ја пушти неговата музика. Така Менсон им наредил на своите ’да убијат се живо што се наоѓа во куќата‘, не знаејќи дека таму сега живее Полански со својата сопруга. Но, причината за убиството на Тејт многумина ја бараат и во содржината на филмот „Розмариното бебе“, чие дејствие е сместено во Њујорк и зборува за младата невина девојка Розмари (Миа Фароу), која ќе забремени со ѓаволот откако нејзиниот нарцисоиден сопруг Гај (Џон Касаветес) ќе ја понуди нејзината матка на локалните вештерки во замена за успешна кариера... Во својата автобиографија, Полански го опишува кусото време поминато со Тејт како „најдобрите години од својот живот“ и дека „жали што за време на убиството тој не бил со неа“.

Својот следен филм „Тес“ (1979), кој ќе дојде по „Макбет“, „Што?“, „Кинески кварт“ и „Станар“, ќе го посвети на својата почината сопруга Шерон. „Тес“ ќе биде и првиот филм на Полански по неговото апсење во 1977 во Лос Анџелес, а кој ќе биде снимен во Франција. Овој филм се покажа како комерцијален погодок за кој Полански ќе ги освои „Цезар“ за најдобар филм и најдобар режисер, а ќе заработи и четири номинации за „Оскар“.

За време на својата кариера, Полански ќе се закити со голем број престижни награди, меѓу кои и Оскар за најдобра режија за „Пијанистот“ (2002).


#
Статијата е прочитана 752 пати.

Испрати коментар

Од: Читател
Датум: 29.09.2009 09:06:50
Дали авторкава на текстот некогаш го гледала „Розмариното бебе“? Од кога филмов стана сатиричен хорор-трилер? Ајде ве молам кога (пре)пишувате статии (очигледно повеќе преведувате туги статии, одколку што самостојно ги пишувате) добро да проверите што сте (пре/на)пишале пред да го објавите текстот.
Од: mite
Датум: 29.09.2009 10:05:53
Ha, ha, stvarno e satiricen ovoj film. Zavisi kako i od koj aspekt go gledate. Da, hororicen e, ama so mnogu komicni elementi. Vprocem, Polanski e takov i vo Bal na vampirite.
Од: GORO
Датум: 29.09.2009 10:20:11
Ne se spomenuva deka Polanski praktikuval ne normalen seks, bidejki ja sodomiziral 13-godishnata Gimer, a sasto taka deka po kasno vo Francija Polanski imal seksualni odnosi i so 15-godishanat Nastasija Kinski. Polanski e recidivist pedofil.
Од: intelekt
Датум: 29.09.2009 14:21:13
golem reziser i umetnik..a od druga strana...

Најди! во Утрински
Насловна
Владата не може да се меша во НБМ
Ахмети едно зборува во Тирана, друго во Скопје
Мина против соживотот
Зденко
Војна и мир во Владата
Четири ученици од „Коле Неделковски“ затруени со храна
Индустријата во август падна за 10 отсто
Бизнисмените бараат средба со Гошев
Потемкинови села на нашата лексикографија
Рамнотежа на злосторствата
Кризата не настана во Македонија
Жените со месеци чекаат за редовен преглед на дојката