Четири ученици од „Коле Неделковски“ затруени со храна
Храната во училиштето ја подготвува „Младост", фирма која го предизвика и труењето кај децата во Драчево
Снежана Калабакова
Ново труење со храна на четири ученици во целодневна настава во основното училиште „Коле Неделковски“ се случило во саботата, по што децата биле примени на Инфективната клиника во Скопје. Откако им била укажана лекарска помош тие биле испратени на домашно лекување. И во овој случај станува збор за деца на возраст меѓу шест и десет години, кои се хранеле во училиштето. Храната за „Коле Неделковски“ ја подготвува фирмата „Младост“, фирмата која само пред две седмици го предизвика труењето со храна на четиринаесет ученици од ОУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Државниот санитарен инспекторат ги затвори училишните кујни во осмолетките „Коле Неделковски“ и „Песталоци“.
Како што дознаваме од одговорните во „Коле Неделковски“, санитарните инспектори зеле брисеви од кујната и сега се очекуваат официјалните резултати. Од Министерството за здравство информираа дека брисеви се земени и од кујната во Чичино село, каде што претходно беше подготвувана храната за ОУ „Рајко Жинзифов“. Откако директорот на „Младост“ ја информирал инспекцијата дека храната не била подготвувана таму, надлежните од Центарот за јавно здравје вчера зеле нови брисеви од кујните во селото Љубанци, каде што „Младост“ подготвува храна за бездомниците, како и од кујните во „Јохан Хајнрих Песталоци“ и во „Коле Неделковски“.
Кујните во двете училишта ќе останат затворени се' додека не бидат исполнети противепидемиските мерки. Тоа значи дека ќе треба да се направи генерално механичко чистење на просторот, опремата и приборот, како и дезинфекција од овластена здравствена установа. Исто така, ќе треба да се направат и вонредни здравствени прегледи на вработените, да се обезбедат доволни количества средства за одржување лична хигиена и средства за дезинфекција во текот на работата. Кујните ќе бидат отворени откако ќе се добијат негативни резултати од земените брисеви за бактериолошки мониторинг.
Санитарната и здравствената инспекција ќе поведат прекршочна пријава против одговорното лице во ПУДО „Младост“- Скопје. Учениците од целодневниот престој во ОУ „Коле Неделковски“ во петокот за појадок добиле варено јајце, зденка, маргарин, сирење и путер. На менито за ручек имале грав со варена виршла и салата од зелка. Како што велат одговорните од ова училиште, се претпоставува дека труењето настанало од виршлите, но тоа ќе се потврди откако ќе пристигнат официјалните резултати. И во ова учили��те, како и во она од Драчево, фирмата „Младост“ била избрана на тендер, како најповолен понудувач. Во случајот со Драчево колиформни бактерии укажаа на недоволно хигиена во училишната кујна, што беше причина за акутното труење со храна. И тогаш Државниот санитарен инспекторат ја забрани работата на кујната каде што се делеше храна во училиштето, се' до исполнувањето на противепидемиските мерки.
I jas ucev vo Kole. Pozdravi i brzo ozdravuvanje do ucenicite.
Од: zagrizen roditel
Датум: 29.09.2009 09:15:27
Go citam tekstov i ne mozam da se iznacudam. Do koga nadleznite institucii ke go toleriraat ovoj g-din da si poigruva so zdravjeto i zivotot na nasite deca??? Ke mu zatvorat edna kujna, toj ke prodolzi da si gotvi vo druga i taka so red. Citam ima odlicna referenca da podgotvuva hrana za ishrana na decata. Pazete, gotvi za bezdomnicite? Ne sakam nikogo da navredam, no sepak se raboti za deca. Vo sekoja normalna drzava na firmata ke i zabranat voopsto da podgotvuva hrana, no vo nasata drzava glavnata referenca e za zal da bides blizok do vlasta i muva da ne te lazi, pa makar i da go zagrozuvas zdravjeto i zivotot na decata! KADE KE VI ODI DUSATA? SRAMOTA!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 29.09.2009 10:25:46
Во Австрија, на оние кои на пазар ќе ви измерат грам повеќе, или помалку, им следува затворање со забрана за Делување во истата дејност која важи за целата територија! Што би му се случило на некој Што Затрул по Втор, Трет... пат ДЕЦА, може само да погодуваме! Кај нас, сè е дозволено! Најмалку се заштитени токму Децата! Наместо Инспекциите да ги проверуваат до детали Училишните Кујни, каде на децата им се сервира јадење со раце, а тие јадат без вилушка и нож (со раце), во страв да не се избодат меѓу себе, најчесто прогледуваат низ прсти, поради присутниот страв од Силата и Моќта на Незнаењето - власта! Партиската Подобност (портокалова,сина, црно-црвена, национална, верска...) на фирми, личности, уметници, најчесто уништува сè пред себе, но никако не ги Поправа состојбите!!
Од: Anandra
Датум: 29.09.2009 10:49:31
Cetiri deca od "Kole Nedelkovski" se hospitalizirani. A kolku doma imaa simptomi na truenje, toa ne se kazuva. Za zal i naseto prvace imase grcevi vo stomakot, nagon za povrakjanje,dijareja i temperatura. Golema sramota ( no i opasnost za nas) od negrizata pri izborot na firmite za dostavuvanje hrana. Direktorkata pomalku neka misli na svojot nesoodveten( za pedagog) stajling, a da se pogrizi da go sredi haosot sto e vo ucili{teto, kade sto, veke eden mesec, sekojdnevno nosejki go i vrakjajki go naseto prvace, ne go slusnav ucilisnoto zvonce ni za pocetok, ni za svrsetok na casovite.
Од: elena
Датум: 29.09.2009 14:10:25
Gospod neka im e napomos na decava!
Nemozam da se nacudam kako se vlozuvaat pari vo fotokopir namesto da investiraat vo renoviranje na toaletite vo O.U Kole Nedelkovski. Decava zaraza ke fatat..A kujnata im e smestena vo podrum ... prosto strav da te fati.
Од: Beti
Датум: 29.09.2009 15:48:11
Mislam deka treba da se proveri higienata vo kujnite na site ucilista. Konkretno sin mi uci vo 11 Oktomvri a hrana dobivaat od Vegera. Ama se zali deka vrabotenite vo kujnata so race im ja stavale hranata vo cinii. Mislam deka za toa sluzi priborot, ama po se izgleda nekoj treba da go koristi.
Од: goce
Датум: 29.09.2009 16:28:02
Испаѓа дека децата од „Коле“ се поотпорно од нивните врсници од „Рајко“. Односот е 4:14 (зборуваме за тешки случаи на труење). Може во билтените на спортските кладилници ќе биде вметнат нов дуел меѓу две училишта. Затварајте ги кујните, казнувајте и забрана на трујачот за работа во таа дејност. Поздрав за заштита на децата!