Број 3097  вторник, 29 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Европа - Балкан

Рамнотежа на злосторствата

Иван Торов

Зошто посетата на загрепскиот надбискуп Јосип Божаниќ на Јасеновац, Стара Градишка и на Петриња ги зголеми несогласувањата околу вистинските мотиви и намери на Католичката црква во Хрватска?

БЕЛГРАД - Историски настан или уште еден политикантски маневар на врвот на Католичката црква во Хрватска? Оваа дилема, и покрај големите очекувања, сепак, не доби уверлив одговор ниту неколку дена по посетата на загрепскиот надбискуп, кардиналот Јосип Божаниќ, на некогашниот усташки концентрационен логор во Јасеновац, место на страдања, пред се', на Срби, Евреи и Роми. Неизвесноста ја зголеми и престојот на кардиналот во Стара Градишка, односно некогашниот затвор за католички свештеници од времето на социјализмот, како и на Петриња, каде што Србите во последната војна до темел ја урнаа католичката црква.

Иако речиси сите се согласуваат дека, сепак, е корисно (и покрај повеќедецениското задоцнување) што првпат од 1945 година, еден висок функционер на Католичката црква во Хрватска престојува во Јасеновац, многумина во тој потег, сепак, препознаваат само уште еден, нешто помодифициран облик на спорен однос на црквата кон едно од најмонструозните злосторства во Втората светска војна. Не е спорно само тоа што кардиналот Божаниќ во Јасеновац „објасни“ дека „не е тука со некого да полемизира или некому да му се извинува“, туку впечаток е дека со не баш претерано суптилен обид се прави рамнотежа меѓу злосторствата на Павелиќевата усташка творба, повоениот комунистички режим на Јосип Броз Тито и агресијата на Милошевиќ на Хрватска во текот на 90-тите години на минатиот век.

Загрепскиот аналитичар Жарко Пуховски смета дека причината за посетата се некои, најблаго речено, спорни акции на Католичката црква од 1941 до 1945 година, но и подоцна, да се стават во таков контекст за да можат полесно да се оправдаат. За социологот и жупник Иван Грубишиќ, меѓутоа, нема никакви дилеми дека мисијата на Божаниќ во Јасеновац, Стара Градишка и во Петриња е политика и политикантство, иако, како што вели, подобро некогаш отколку никогаш. „Ние се обидуваме повеќе да живееме од мртвите отколку за мртвите. А тоа е голем проблем. И како верник верувам дека жртвите, од кој било терор, не се виновни и дека го нашле својот мир во Господ. Секако, можеме да се молиме и ништо повеќе од тоа. Се' друго е политикантство, наддавање со жртвите, а не некаква грижа за самите жртви, затоа што ним таа грижа повеќе не им е потребна“, истакнува жупникот Грубишиќ.

Меѓу Србите, пред се', во Хрватска, владее уверување дека позитивниот аспект од посетата на загрепскиот надбискуп на Јасеновац е намален со неговото настојување, говорејќи за жртвите од комунизмот и од војните во 90-тите години, да ја релативизира важноста и големината на јасеновачкото злосторство. Уште кога на тоа ќе се додадат најновите тврдења од редовите на Католичката црква дека таа отсекогаш била против злосторствата кон која било нација или вероисповед, па дури и дека кардиналот Степинац го осудувал усташкиот терор во Јасеновац, всушност, како сето тоа да е пресметано и со толкаво временско задоцнување Католичката црква да се исчисти од се', а, пред се', од историското молчење за она што се случувало во Јасеновац, што го наметнал папата Пие XII.

Оттука можеби и процената дека ниту посетата на Божаниќ на Јасеновац, иако на прв поглед е охрабрувачка само поради фактот дека конечно е остварена, нема да го спречи континуираното оддалечување меѓу Србите и Хрватска барем кога станува збор за преовладување на историското наследство од Втората светска војна и она од последните децении на минатиот век, неговото интерпретирање и димензионирање. Како што е сигурно дека нема да го поттурне и решавањето на меѓудржавните проблеми, како што се враќањето на бегалците, воените злосторства и обновувањето на изгубената доверба.

Од друга страна, пак, тешко е да се одбегне впечатокот дека посетата на Божаниќ на местата на злосторствата од разни периоди на историјата се мотивирани и од актуелната политичка, односно предизборна ситуација во Хрватска, кога Католичката црква вложува големи напори нејзиното влијание во изборот на идниот претседател на државата биде пресуден. Би можело да се толкува и како одговор на Стјепан Месиќ на неговите обвинувања дека Католичката црква во Хрватска до денеска не се дистанцирала од злосторствата на усташката држава.

Јасеновац, несомнено, повикува на вистина. Сараевскиот жупан фра Марко Оршалиќ предупредува дека, ако црквата, значи, Католичката, сака да биде веродостојна, мора да каже збор за секое злосторство. Државата и политиката имаат други правила. Меѓутоа, жално е ако црквата етичкото прашање го претвора во политичко. Кон злото би требало правилно да се однесува, затоа што, во спротивно, и вас самиот ќе ве зафати.

А вистината за Јасеновац и натаму е под превезот на тајната. Додека во бивша СФРЈ се калкулирало со повеќе од 700.000 жртви, факт е дека досега се утврдени имиња на 76.000 страдалници, по правило, особено во време на експанзијата на хрватскиот национализам, им служеше како потка да се намалат и да се релативизираат усташките злосторства. И денес на сцена се две крајности: едната, која со преувеличување на бројот на жртвите сака да постигне политичка цел, односно хрватскиот народ да се прогласи за геноциден, втората, пак, со минимизирање на димензиите на злосторството во Јасеновац, Павелиќевата фашистичка НДХ да се прикаже во сосема поинакво светло.

Се чини дека ниту престојот на кардиналот во Јасеновац нема баш многу да помогне да се тргне чекор напред од секој облик на претерување. А тоа јасеновачките жртви, колку и да биле, секако не го заслужуваат.


#
Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 29.09.2009 09:25:19
Идиотизмот е секогаш бескраен! За среќа - и многу површен! Ако под формата Анализа треба да влезе некакво препишување на изјави и текстови од други весници, тогаш тоа преоѓа во трагедија на мешање на поими! Загрижуваат неколку намерно изнесени Лаги во текстот! Првата е дека Стара Градишка бил затвор за католички свештеници во „социјализмот“, а не женски Усташки Логор, во кој смртта ја наоѓаат повеќе од 80.000 жени и деца, Евреи и Срби!! Познато е дека Степинац е единствениот суден Усташки помошник кој умира во Куќен Притвор, а подоцна во 90-тите, прогласен за светец!(!?)Не Изненадува ни вашиот гнасен обид за приклонување кон Туѓмановата цифра од 70.000 жртви на Јасеновац,иако таа официјално изнесува преку 600.000(според Израелскиот Јад-Вашем центар) Евреи,претежно Срби,Роми... Анализата подразбира контемплативно навлегување во фактите, но вам тоа ви е Недостижно, поради вашите предубедувања!
Од: Citatel
Датум: 29.09.2009 10:21:42
Da mnogu povrsna analiza. Se raboti za prepisuvawe na izjavi od hrvatskiot pecat. Duri i imeto na kardinalot ne e Божаниќ, tuku Бозаниќ. HRvatsko-srpskite odnosi se mnogu slozeni i suptilni za da tuku taka se pisuva za niv i toa so odnapred pretenciozno narekuvanje analiza. Do redakcijata: sepak za takvi i slicni temi angazirajte dopisnici od Belgrad i Zagreb, i onaka tie imaat vrvni novinari i analiticari so evropsko renome.
Од: девичанецот
Датум: 29.09.2009 12:57:20
Дописникот Торов навистина меша баби и жаби. Ако пишува за Јацсновац и за првата посета на хрватски надбискуп таму, во ред е. Нека не ја меша католичката црква во Петриње, или нека не тврди дека Милошевиќ ја нападнал Хрватска!!!Демек жртвите во Јасеновац, се оправдани, оти Црквата католичка во Петриње била рушена? И тоа 50 години потоа? Што нема никаква врсјка едно со друго. Па Туѓман сам инсценираше напад со свои зракоплови врз Хрватскиот Сабор... Е, господин Торов, како можеш да ги изедначиш злосторствата во Логорот Јасеновац, со војната во Југославија. ...Која е твојата логика на размислување... Во логорот се убивале цивили, голораки, невооружени, се измачувале до смрт... се заради некои болни умови. Во војна, обично двете страни се наоружани, а претпоставувам дека убиваш само за да не бидеш убиен... Навистина уредникот твој сноси вина, ако веќе ти си идеолошки забеган...

Најди! во Утрински
Насловна
Владата не може да се меша во НБМ
Полска и Франција се борат да го ослободат Полански
Ахмети едно зборува во Тирана, друго во Скопје
Мина против соживотот
Зденко
Војна и мир во Владата
Четири ученици од „Коле Неделковски“ затруени со храна
Индустријата во август падна за 10 отсто
Бизнисмените бараат средба со Гошев
Потемкинови села на нашата лексикографија
Кризата не настана во Македонија
Жените со месеци чекаат за редовен преглед на дојката