Оваа криза не настана во Македонија, како што тврдеа критичарите на почетокот, без да ги согледаат реалните состојби кои и' ги оставија на Македонија во 2006 година
Во овој период, кога светот прогласува победа над најголемата светска економска криза и кога најголемите економии (Јапонија, Франција, Германија, САД, Велика Британија) прогласија завршување на периодот на рецесија, Република Македонија се соочува со огромни економски, стопански и фискални последици, чија причина не е продуцирана во нашата економија. Сепак, помина доволно време да имаме можност да го анализираме и дебатираме нашето прво посериозно искуство на ангажираност за справување со последиците од оваа светска криза. Многу теоретичари и практичари се вклучени во дебатите на оваа најкрупна и најзначајна тема за нашата држава во оваа тековна 2009 година. Дел (оние стручните) со анализи како треба да се постапува, дел (оние критичарите) со анализи како не треба да се постапува и дел (оние заинтересираните) со анализи какви се ефектите од сите мерки што Владата на Република Македонија ги презеде во овој веќе едногодишен период на справување со последиците од кризата. Без намера да внесувам непотребен степен на политичка нота, ќе се обидам низ бројки и факти (кои, патем, јавно се достапни на Интернет-страниците на многу домашни и странски независни финансиски институции) да дадам реален приказ на тоа што можеше да се случи и во позитивна, но и во негативна смисла.
Најголемите критики што беа насочени кон Владата беа на тема поврзана со реалниот раст на македонската економија. Македонија, иако до 2006 година имаше симболичен раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу 0,5 отсто и три отсто, сега првпат се соочи со негативен раст од 0,9 отсто во првиот квартал на 2009 година. Впечатокот беше дотолку повеќе драматизиран со фактот дека претходните две години Македонија доживеа раст од близу шест отсто од БДП. Апсолутен е фактот дека негативниот раст е лош момент за македонската економија, но компарирано со податоците за движењата во другите европски економии ние можеме да бидеме среќни што успеавме да го задржиме ударот на толку ниско ниво. На пример, во истиот прв квартал падот на бруто-домашниот производ во Бугарија е 3,5 отсто; во Германија е 6,4; во Естонија е 15,1; во Шпанија е 3,3; во Италија е 6,5; во Латвија е 18; а во Литванија е 13,3; падот во Унгарија е 6,7; во Холандија е 4,5; во Австрија е 4,7; во Словенија е 8,5; во Шведска е 6,6; во Велика Британија е 4,9; во Хрватска е 6,7; во Турција 13,8 отсто и така натаму. Се' на се', Македонија има негативен раст од 0,9 отсто, но само една држава во Европа има подобар резултат за првиот квартал. Податоците и за вториот квартал се многу слични на овие.
Вториот корпус критики е насочен кон податоците за падови на индустриското производство. Но, и овде бројките се немилосрдни со критичарите. Во првата половина на 2009 година индустриското производство во Македонија доживеа пад од 12,1 отсто, во споредба со истиот период од минатата година. Тоа беше податок, кој е лош за македонската економија, но компарирано со податоците од другите европски економии е резултат кој е меѓу подобрите во Европа. Полошо од нас поминаа Шведска, Финска, Словачка, Словенија, Австрија, Унгарија, Латвија, Литванија, Естонија, Италија, Франција, Шпанија, Германија, Чешка, Бугарија итн.
Третиот корпус критики е насочен кон бројката на невработени во Република Македонија. За да бидам јасен, движењето на бројката на невработени во Република Македонија во последните петнаесетина години е доста лоша во споредба со другите европски земји (на пример, од почетокот на деведесетите години на минатиот век, кога беше под дваесетина проценти, до 1998 година се покачи на близу четириесет проценти). Но, движењето на бројките во екот на кризата за Македонија не се толку лоши. Во Македонија бројот на невработени во 2008 година бил 33,8 отсто, а во првиот квартал на 2009 година изнесувал 32,7 проценти. За разлика од нас, каде движењето на бројките е позитивно, во Турција се движи од 11 на 15,8 отсто; во Хрватска од 8,4 на 9,8; во Литванија од 5,8 на 11,9; во Унгарија од 7,8 на 9,7; Естонија од 5,5 на 11,4; Бугарија од 5,4 на 6,5 отсто итн. Овие бројки јасно укажуваат дека ние како држава не дозволивме економската криза да се одрази на апсолутниот број работни места. Тоа е за почит.
Четвртиот корпус критики е за буџетскиот дефицит, кој, според анализите на меѓународните институции, во Македонија ќе се движи околу -3 отсто. Но, и овде нашата држава се наоѓа меѓу првите пет земји по позитивна процена. Движењата на процените за буџетските дефицити во европските држави се движи од -3,9 отсто во Германија до фрапантни -12 проценти во Ирска.
Македонија презема низа мерки за справување со последиците од економската криза. Како, на пример, отпис на камати на достасани обврски по основ на даноци и придонеси, мерка која само во првите четири месеци ја искористиле 758 фирми, при што е отпишан долг близу 11 милиони евра, пари кои останале во македонската економија. Втор пример е отпишувањето на обврски по основ на задолжително здравствено осигурување. Оваа мерка ја искористиле 1.435 фирми, 582 трговци-поединци и 1.058 земјоделци. И со оваа мерка значителни суми останаа во промет во економијата. Трета мерка е воведувањето на естонскиот модел на оданочување на данокот на добивка за 2009 година. Мерка што ја разбираат само менаџерите на фирмите, но мерка која има исклучително значење за справувањето со последиците од кризата. Само со оваа мерка, во текот на оваа фискална година, во македонската економија останаа во тек околу 2,3 милијарди денари. Понатаму, се почна со засилени инвестиции во инфраструктурата како начин за директно помагање на развојот на економијата. Владата обезбеди 100 милиони евра како средства за малите и за средните претпријатија по исклучително добри услови, како стимул за задржување на бројот на вработените. Државата направи еден ребаланс на буџетот, а во тек е донесување и на втор ребаланс, со што драстично се скратија во овој момент не толку неопходните трошења на државата. Се преземаа и низа други мерки, кои со ништо не им го влошија економскиот стандард на граѓаните, што веројатно беше и главна мисла- водилка при одлучувањето со какви мерки треба да се бориме со последиците од оваа економска криза.
За разлика од Македонија, други држави преземаа сосема различни мерки. На пример, во Србија се зголеми данокот на имот и се зголеми персоналниот данок од доход, забранети се нови вработувања во администрацијата и отпуштен е значителен број вработени. Во Унгарија се зголемени стапките на ДДВ и данокот на профит, но во исто време е намалена вредноста на социјалната помош, која ја добиваат граѓаните. Во Латвија е зголемена стапката на ДДВ, но драстично се намалени платите на вработените во државната администрација. Во Полска е зголемена стапката на ДДВ, но отпуштен е голем број вработени во државната администрација. Во Романија се намалени дотациите за породилно отсуство. Во Чешка е намален износот за социјална помош.
Секогаш ќе се поставува прашањето д��ли можеше да поминеме подобро. Доколку прашањето е од добронамерник, одговорот ќе биде да, секогаш може да биде подобро, но ако прашањето е од човек со отсуство на добра мисла, тогаш одговорот (со мала доза на ироничност) е дека оваа криза не настана во Македонија, како што тврдеа критичарите на почетокот, без да ги согледаат реалните состојби, кои и' ги оставија на Македонија во 2006 година и без да ги согледаат успешните движења на економијата во 2007 и 2008 година.
Пред скоро година дена изјавувавте дека кризата воопшто НЕМА да не погоди. Сите оние кои ви велеа со време да се свестите, ги нарекувавте со најпогрдни зборови. Пред неколку месеци вашиот министер Ставрески изјави дека кризата не одминала! Е па како сега се справувате што нешто што не не‘ ПОГОДИЛО и не ОДМИНАЛО? Или заради вашето инаетење и касно палење треба да плаќаме поголем цех?
Од: Itar pejo
Датум: 29.09.2009 00:31:51
Koga Bush, tri meseci posle invazijata na Irak, objavi deka vojnata e zavrsena avtorot poveruval. Taka i sega misli deka krizata zavrsi. Inaku site i veruvame na tezata sto ja plasira vladata deka vo cel svet e poloso od kolku vo Makedonija; Blaze si ni. Site ni zaviduvaat.
Од: Flaster city
Датум: 29.09.2009 00:47:40
Кој рекол дека кризата настанала кај нас? Тебе пријателче некој од твоите во партискиот центар за информирање (или како веќе ви се вика малото друштво опкружено со опрема за прислушување на неистомисленици)? Твојот Пастир се колнеше дека кризата ќе не’ одмине и јавно ги исмејуваше прогласувајќи ги за “душмани на царштината“ сите кои го тврдеа обратното. Или ти беше во WC кога “големиот мислител“ ја даде малоумната изјава?
Од: Kuku-lele
Датум: 29.09.2009 00:54:03
Sto se napisa ovakj "univerzalen" kolumnist za sekakva problematika. Pisuvase za zemjodelieto pa za strategija vo demokratijata pa i za drugi oblasti, a eve sega se fatil so "ekspertska " analiza na ekon. kriza vo Mk. Pa iznese niza nebulozni fakti koi teraat da se cudis i da se krstis.Pa g-dine Ilija, dodeka krizata vo esenta 2008 g.gi turkase ekonomiite na kolena Vasiot finansiski dvoec Trajko i Stavreski predviduvaa rast za na BDP za 5,5%. Pokasno vo pocetok na 2009 predv. rast od 1,1% , a doziva recesija.Ama nie sme imal pomal pad od Slovenija, a zaboravate deka istata deset godini imase rast od 8-0.%do 10% Pa Burundi nemase voopsto pad naBDP ?! Pa i sme imale pomal pad i na ind. proizv.od drugte zemji Pa po koj arsin vrsite sporedbaso ind. proizv. na Germanija i Mk. I na kraj videte radosni ste sto imame samo 32,7% nervrabotenost . Abe covece znaes ti sto pisuvas ili imas se "nadrinkano" Daj tamu od stabot neka te trgnat da ne treskas vakvi zeleni da ne ti se smeat ludjeto
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 29.09.2009 01:00:03
Problemot so enciklopedijata pokazhuva samo kolku Makedonija e nestabilna kako drzhava. Na krajot kje izleze deka Ljupcho Georgievski imal najdobro reshenie. Podelba so albancite i konfederacija so bratjata bugari, pa neka puknat srbite.
Од: mitko za raritetite
Датум: 29.09.2009 01:19:35
Si razmisluvam i se cudam zarem ima uste idioti koi veruvaat vo vakvite baljezgarii na VMRO-ovcite? Ima, inaku koj bi glasal za niv? Rabotite se sosema sprotivni. Makedoncite vo prava smisla skapuvaat. Moraat vo sopstvenata drzava da se pisuvaat Bugari za da zemat pasos za da kidnat od ovaa drzzava. Zosto toa bi go pravele ako e tolku fino? Zarem Ircite, Ungarcite, Hrvatite i drugite "popropadnati" narodi ke se sleat vo Makedonija? Ne ceka begalska kriza? Ne momce so somnitelno steknat mercedes. Prvo i prvo gi falsifikuvate podatocite. Jas da te prasam edno logicno prasanje, kako moze edno stopanstvo bez svezi investicii da raste sest posto godisno? Ne moze , ne sme site Bukefalci. Povtorno ne objasni od kade ti e mercedesot.
Од: gargi
Датум: 29.09.2009 02:00:02
Ice ovaa kolumna nemalo potreba da ja pisuvas, od ednostavna pricina:sto ni e gajle kako e vo Estonija, Latvija,Finska.Mene me interesira vo MKD kako ziveeme.Znam deka udobnite sedista vo meckata ti go pomatuvaat umot i percepcijata na realnosta (covecki e), no loso e da znaes.Mesas babi i zabi.Kako mozes da sporeduvas pad na edna ekonomija kako germanskata ili francuskata, so nasata, koga ovie prethodnite dve se svetlosni godini pred nas.Pa kaj nasata ekonomija nema veke sto da paga.Moze li postrasno da bide?Kolo Diamantot mozes da go lazes kolku sakas i sirotiot da ekstazira od brojkite koi si gi navel, no Gargi i drugite kako nego, za tvoja zal ne. Zatoa so site sili ke gi osvestuvame tie kako Kole Diamantot, (pa i nego zosto da ne),da se uverat deka vasite brojki ne znacat nisto,realnosta e surova za ogromen broj gragani.Se raduvas oti nevrabotenosta stoela na isto nivo.Toa li li go vetuvavte 2006?Pa neli sega trebase da pocneme da gi custvuvame blagodetite od prerodbata.Tesko Ile
Од: petko
Датум: 29.09.2009 06:45:49
Gospodine sam bendisan i nie znaeme da citame brojki , 2006 vi bea ostaveni preku 400 milioni evra vo vladinata kasa i 1,9 milijardi evra devizni rezervi , gi pofukavte i sega na znaete sto da pravite pa udrivte po narodov so kazni . A ako tolku vi se dopagjaat Latvija , Estonija i na nim slicni so koi ne sporeduvate odete si tamu zaedno so site ovci da ne kurtulite od vasite prerodbi.
Од: m
Датум: 29.09.2009 07:09:20
Go molam pratenikot da ne potseti sto ostavija tie vo 2002 a sto nasledija 2006.Dimovski bidejki miluvas da gi potsetuvas citatelite za minatoto ne go zaboravaj periodot koj bese naj mracen i najtezok za R.M koga na vlast bevte vie a tvojot Grujo bese minister i so brojki napravi sporedba jas znam edno deka za 4 g. ja vrativte zemjata nazad istoto se slucuva i sega.Potemkinovite sela seuste dobar del od narodot gi gleda samo odnapred ama kako gledam ima dosta koi sto sakaat da zirnat sto se krie zad ubavite fasadi pa koga ke vidat na razocaruvanjeto ke mu nema kraj.
Од: Od narodot
Датум: 29.09.2009 07:35:40
ne dr\at voda ovie podatoci zosto sporeduvas nesporedlivi raboti,ne e isto 32% i 8% nevrabotenost zosto kaj 32% zboruvame za gola siromastija ,deckoooooo,raprasaj se....
Од: Совреме...
Датум: 29.09.2009 07:39:51
В��КВА РЕЧЕНИЦА ДА СЕ КАЖЕ “Оваа криза не настана во Македонија, како што тврдеа критичарите на почетокот, без да ги согледаат реалните состојби кои и' ги оставија на Македонија во 2006 година“ нетреба да се има ни голем ни мал мозок, туку, р,бетен.
Од: Стечаец
Датум: 29.09.2009 07:57:37
Нема што, анализа за респект, само има една фалинка. Никако да се научиме да ги даваме точни податоци за невработеност. ДЗЗС , УЈП Агенција за вработување и фонд за ПИОМ имаат сосема други податоци. ДЗЗС - 32,7% Агенција за вработување, - 37% додека најрелевантна институција фонд за ПИОМ -49 %. Каде се кријат околу 170 илјада вработени за кои не се плаќат придонеси. Кај тајкуните кои сега бараат ефтини кредити, не плаќат ништо па уште и ефтини кредити. Тоа е Македонија.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 29.09.2009 08:43:25
Да бидам искрен, уште кога го прочитав насловот, слатко се изнасмеав! Следуваше - валкање по земја и тоа до Солзи! Благодарам, одамна се немав вака Слатко Изнасмеано! Како и со војната 2001, повторно живееме во заблудата дека глупостите што ни се случуваат во МК се увезени од некаде, а не дека се производ на Домашен Идиотизам! Нешто слично пропагираше и еден претседател на Зоолошката Градина, познат по своите камелеонски прилагодувања на историските настани: Домашните Орли не биле со истата идеја на оние северните! Натрупување на „работници“ во Јавни претпријатија, Државни институции и администрација, може да биде Просперитетно решение на Вработеноста, само за Плиткиот ум! Последиците од ваквиот наплив на „вработеност“ ќе следуваат како кинењето на сајлата на бродот „Илинден“! Негативен Раст е (мало)умен израз на луѓе кои се прават мутави поради степенот на стекнатото образование. Не се секирајте, не сте единствени! Сличен е и Регресивниот Прогрес, што го прогласи „нашиот“ Шериф!
Од: Donald Duck
Датум: 29.09.2009 09:17:16
Koga srednoskolec ni popuva za ekonomija, crno ni se pisuva. Gi procitav komentarite, i gore-dolu, gospodine Pratenik, ti kazaa lugjeto sto mislat.
Samo nekolku gakti za potsetuvanje:
1. 2006 godina, nasledivte 1.8 Mrd devizni rezervi koi gi trosite kako da se tugji-za 8 mececi "izedovte i ispivte 600 milioni evra;
2. Za godina dena, kamatite porasnaa i do 20%, samo zatoa sto ste zbesnati, trosite bez usul, pa mora da izdavate Drzavni zapisi, so sto gi iscicavte parite, neophodni za stopanstvoto i gragjanite(prasajte gi poobrazuvanite vo vasata partija, sigurno nekoj kje znae da vi objasni).
3. Ne se falite deka kaj nas padot na BDP e najmal, bidejkji nema sto da pagja....
4. Zaboravivte da kazete (ili namerno ne kazuvate), deka edinstvenata zemja so pozitiven rast e Albanija. E, sega za site so portokalovi naocari - dali toa znaci deka ekonomijate na Albanija e podobra od germanskata i francuskata? Ne!!! Tuku, sto e BDP-to startno ponisko, pomal e padot...
Од: Katastrofa
Датум: 29.09.2009 09:23:15
Патеритчни коментари, и слепо и ќораво на интернет бистри политика а незнаат носот кај им е. Не ви требаат визи за европа, затворени сте во главата
Трагична слика.
Браво на авторот, некој барем се сети ка го каже ова.
Од: gv
Датум: 29.09.2009 09:49:39
Ovoj sigurno e doktor na nauki.Vakvi treba za RM.
Од: Набљудувач
Датум: 29.09.2009 10:11:17
Кога “Катастрофа“ ќе каже оти авторот имал право, тогаш нема дилема дека и авторот и колумната се вистинска КАТАСТРОФА!!!
Од: Valerija
Датум: 29.09.2009 10:15:43
A ti uste tuka si bil?! Pa neli rekovme da se steknes so obrazovanie i posle da se vratis i da se obides da ni solis pamet so nesoleni gluposti?Ostare vekje,a ostana dimplomiran srednoskolec. Vo normalno opstestvo ne bi ti dale ni kurirce da bides vo seriozen vesnik kako ovoj, a ne da uzurpiras prostor bez nikakva zasluga. Tvoine vaka velat : ZNAENJETO E SILA, ZNAENJETO E MOKJ! Kako da im veruvame koga te pustile tebe kako svetol primer?
Од: jas
Датум: 29.09.2009 11:05:47
I od mene bravo za kolumnata! Site kukate se pretstavuvate kako stecajci a imate internet,po nekolku mobilni i sto ti ne drugo a kukate za leb.Sram da vi e!
Од: ljube
Датум: 29.09.2009 11:11:01
Koga Makedonija "dosla"vo situacija da ti objasnuvas za sostojbite vo nea,tesko na toj narod.Kako prvo,odi i doskoluvaj se.A za krizata,vladata rece deka Makedonija samo ke dobie od nea.Gledam tece "med i mleko".Ubavo napisa pogore pometen citatel,"protiv sto se bori vladata [krizata] ako taa e nema.Eden soved,i so onoj na pocetokot,"Neka ovaa vlada pocne da se bori protiv sopstvenite LAGI,korupcija,pa ovoj narod malce od malce da "zastane" na noze .
Од: zapadna ev
Датум: 29.09.2009 11:41:48
ovoj covek zivee vo oblaci kriza ne nastanala vo mak?pa vo mak kriza ima od 1945 sto majka barame nie 1mil makedonci po ev i svet pa krizata nastanala vo germ,sad....pa vo mak abe covek spored tebe neli e vo vecna kriza edna zemja kade od rabotosposobno naselinie od 1,6mil rabotat samo 350000 ili 25% znaci 75% se bez rabota ako toa nee kriza sto e togas kriza???????????????
Од: јас
Датум: 29.09.2009 11:48:57
Значи дечково ама баш од се' се разбира!!!До овој момент , ама ниту еден каментатор не го оправда пишувањето ( тресењето глупости ) на авторот.А нема и зошто , кога е „ зелена до зелена “..ВИ оставија пари во касата 300-400 милиони евра во 2006 и ги растуривте за некој месец, чепнавте и во девизните резерви ( и тоа како 500-600 милиони ), Велевте дека ќе заработиме од кризата ..Па кај се најдовте најпаметни ти , пастирот , Славе и Ставре..Како не ве зедоа во Естонија или Америка , да им ги „опрајте “ економиите??Можи така ќе се куртулевме од вас???За намалувањето на невработените ќе ви кажам еден пример , го видов сабајле кога идев на дуќан! Одат 4 ( четворица ) ѓубреџии по камионот и носат една канта ѓубре !!! Порано беа доволни само 2 за една канта !! Ете кај се невработените , ги напикавте во ЈП , поради партиски заслуги ...
И не објасни од кај ти биле парите за мерцедесот ?!
Од: spiro
Датум: 29.09.2009 11:58:23
ekspertov za seenje magla u veter,dali znae kolkav e BDP na zemjite so koi se sporeduva,i so kolku % im ucestvuva administracijata(partiskite vojnici) vo trosenjeto na budzetot...
Од: Од Љубица
Датум: 29.09.2009 12:22:15
Целата вистина за Македонија во врска со рецесијата си ја дал во оваа колумна. Патетичните СДСМ-овци добро ги знаат извештаите од светските и европските експерти каде и на колку повисоко ниво ја класифицираат Македонија во однос на сите сфери. Разликата е во тоа што за време на владеењето на СДСМ-овците истите тие светски и европски експерти Македонија ја рангираа на дното од табелите, па е нормално тие сега така и да се однесуваат, покривајќи го нивното беззаконско и олигархиско владеење.
Од: tebe
Датум: 29.09.2009 14:00:57
vo pravo e pratenikot,imam drugar sto zivee 10 godini vo germanija ,si dojde i veli mizerija e tamu se se raspaga nevraboteni,mali plati ,nema krediti za avtomobili,stanovi,abe ziva mizerija:)))).a tuka ubavini,standard duri sega svakam deka tuka mu e majkata za zivot ama so 2000evra plata:)))),pozdrav i samo taka
Од: ms
Датум: 29.09.2009 16:01:52
Kolumnistot e zrel za clenstvo vo MANU
Од: Трпе
Датум: 29.09.2009 16:16:28
Учи Илија,учи ,времето работи за тебе.Еве вашата ЕПП влада ти пружа услови да завршиш факултет а ако имаш желба и магистратура ке ти поклонат.А докторатот јас ке бидам иницијатор да ти се даде како најнеспособен колумнист,кој колумни пишува како не треба да изгледа една колумна.Секогаш како виновници барате во некој друг.Човек кој се прави дека разбира од сите области е најнеспособен човек.Тоа ти е исто како петлето кога пее на гумниште со затворени очи дека ја знаел песната напамет.Ја доведовте државата до тоа дереџе да и странците незнат како да постапуват со нас.Останавме единствена држава на дното од каде нема понатаму а сега се спремате и да ја запалите.Зарем не гледате дека веке цел свет со нас се мајтапи и тоа една државичка со 2 милиони жители.Едно обично предградие на некоја метропола.Ништо не се разликуват од тебе и овие од владата на чело со мистер Рејтинг,кој се однесува како птица на гранка која се спрема во секој момент да летне.Но каде и да бегате и каде да се криете п
Од: bubica
Датум: 29.09.2009 16:43:03
Vidi pratenice prvo mora barem da ni sepnes dali si mu kazal na Sefot tvoj nekoi od napisanive raboti ili za prv pat gi treses vo vesnikov.?!Ova sto si go iznapisal e plitko bidejki Ti kako reprezent na vlasta logicki ne bi smeel ni da pomislis da priznavas neuspesi,vo drugi "demokratii"od moralni pricini se podnesuva ostavka.Grdo e da te citaat so kukumavki od tipot Krizata ne bese nasa ama nie ja krkame.Abe tokmak nieden pa ako vie(VMRO)ne ste imale nekoi pameten sto ne ste prasale nekoi ekonomist od svetski kalibar sto treba da pravite i namesto toa sega se trudite da gi isperete vo Vardar vasite ispostrani peleni.Da sum Jas na mestoto na Grujo Ti odamna bi izletal od pratenicki klupi i bi te smestil vo skolski klupiiiii.
Од: Brco
Датум: 29.09.2009 16:57:49
More tapan. I toa od onie golemite, od Debar. Komesar politicki????? Za placenje....
Од: mene:
Датум: 29.09.2009 17:47:44
Koga go procitav naslovot si pomisliv: 'eve i ovoj trkna da go poddrzi 'sefot' za toa deka celata rabota okolu Enciklopedijata e 'maslo ne mracni sili' koga ovoj so site sili laze li laze. Ama ako lagata e vprocem najgolemo dostignuvanje na mnogu ludje vo Makedonija. Blaze e nenadminat, ama i ovoj e premnogu talentiran taka da najverojatno mnogu skoro ke stane akademik. nekoj den.