Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика
Општините ќе имале полза од помалиот ДДВ за становите

Заедницата на единиците на локалната самоуправа ја поздравува одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на пет проценти за становите, сметајќи дека тоа ќе има повеќекратни позитивни импликации и ќе биде од голема полза за општините.

Од ЗЕЛС сметаат дека намалувањето на ДДВ ќе придонесе за намалување на цената на становите за 11 проценти, од што полза ќе имаат и граѓаните и локалната власт.

„Директниот ефект од намалената даночна стапка се очекува да доведе до намалување на вкупната цена на продажба на становите, а со тоа ќе заживее пазарот на недвижен имот. Данокот на додадена вредност на изградба на станови, пак, претставува еден од изворите на приход на општините. Со зголемен промет на недвижен имот, општините ќе соберат многу повеќе средства при наплатата на овој данок во своите каси, како резултат на зголемен прилив на средства собрани од данокот на промет со недвижен имот“, се вели во соопштението испратено од ЗЕЛС. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 11.09.2009 09:23:14
Тотално непознавање на законите и на економскататсостојба во државата. Господине кој што сте го изјавиле ова прочитајте го Законот за даноци на имот член 25 став 6 кој вели на првиот промет на стамбени згради и станови продадени првите 5 год. по изградбата, на кој е пресметан ДДВ се ослободени од плаќање на данок на промет. Ако пак мислите дека цената на становите толку многу ќе се намали па сите ќе купуваат станови, првин треба да се намалат каматите на кредитите кои благодарение на оваа реформаторска влада се во постојан пораст.
Од: jovo
Датум: 11.09.2009 13:35:34
zakonot vece se cuvstvuva cenite na stanovite vo ohrid,bitola,prilep vece padjat.

Најди! во Утрински
Политика
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
АРМ реагираше на обвинувањата на „Тајмс“ за македонските мировници
Клириншкиот долг на Албанија кон СФРЈ - 20,7 млн. долари
Се одолжува извлекувањето на „Илинден“
МНР потрошило милионски суми на невселени амбасади
Јовановски не реагирал за случајот „Детергент“